Планинарење, Титов Врв 28 мај
Планинарење, Титов Врв 28 мај
јузер Оваа сабота-недела (28-29 мај) Планинарското Друштво Трансверзалец организира искачување на Титов Врв, Шар Планина. Сабота се пристигнува во хотелот Смрека на Попова Шапка, се преспива таму, а утредента се оди на Титов Врв. Поаѓање сабота во 8.00 пред Дрво Декор (спроти хотелот Holyday Inn). Цената е 550 денари (превоз со автобус и спиење). Утре најверојатно ќе оставам телефон од Трансверзалец, за пријавување. Од лично искуство, Титов Врв е еден од најубавите врвови во Македонија, со прекрасна природа околу тебе додека се искачуваш, зелени ливади и потоци.
DonVito prekrasno
јузер Тешко дека ќе дојде некој, ама ај ќе оставам телефон од Претседателот на Трансверзалец, Зоки Москито (070 641 998). Москито му е надимак. Пријавување до петок, зашто во петок можеби ќе нема место. За организацијата да не праиме муабет, Трансверзалец е со традиција меѓу најдобрите планинарски друштва. Значи потребно ќе ви биде да си донесете јадење и пиење за два дена. Од облека шушкавец вентијага за дожд, тренерки и патики. Последната временска прогноза што ја слушнав на А1, рекоа дека времето од петок ќе се стабилизира, значи не би требало да врне дожд.
OooOo Seushte ima sneg na shara, pa neka ponesat i skii :)
јузер Ова Титов Врв имаше ли смисла да дува толку ветер и се магла да биде. Па на враќање и дожд да не заплиска.[}:)] Али ипак беше интересно.[;)] А денеска пука сонце шо да ти кажам, мирно тивко жешко.. [:)] А како што дознав и на Faithless на Саем имало силен дожд и имало голема пауза пред да почнат, дури опремата на Thievery Corporation им се зафркнала и не свиреле воопшто.[B)]