Книга врз која Македонија го темели своето постоењ
Книга врз која Македонија го темели своето постоењ
dejan баш ме чуди ова....ама добро е http://217.16.70.245/?pBroj=1786&stID=36713&pR=5 Книга врз која Македонија го темели своето постоење Во последните десетина години во соседна Грција, во областа на историската наука, што се однесува до „македонското прашање° започнаа да се појавуваат дела кои, со својата содржина, повеќе или помалку не кореспондираат со строго контролираната официјална историографија. Меѓу тие дела посебно внимание и интерес предизвикува публикацијата под наслов „И апогоревмени глоса° (((„Забранетиот јазик°) од Тасос Костопулос, во издание на „Маври листа° (((„Црна листа°), Атина, 2000, стр. 405, која до 2002 година доживеа уште две изданија. Речено само со една реченица тоа е една извонредно аргументирана публикација која не запознава со статусот на Македонците во Грција по Првата светска војна и со обидите на државата, со небирани средства нив да ги погрчи. Минатата година се појави исто така извонредното дело (за грчки услови) на Ана Ангелопулу под наслов „К.П. Мисирков и движењето на македонистите° издадено од солунскиот Университѕ студио пресс. Пред изевсно време ја добивме веста дека во Грција била објавена на грчки јазик книгата на Крсте Мисирков „За македонцките работи°. Брзо по тоа рекламата објавена во ревијата на „Виножито°, „Лоза°, не увери дека веста е точна. Веста и книгата ги добивме 15-16 месеци по нејзиното објавување. (Веројатно поради оддалеченоста на двете земји?!) Книгата е објавена под наслов „Македоникес Ипотесис° (((„Македонцките работи°) во издание на Пецивас, Атина, 2003, стр. 224. Георгиос Пецивас има издадено неколку публикации од областа на македонската историја меѓу кои и „Та тетрадја ту Илинден° од Ион Драгумис, секретар на грчкиот конзул во Битола во време на илинденските настани. Подготвува за печат и неколку други книги меѓу кои и познатите спомени на Алберт Сониксен пред некоај година обајвени и кај нас од „Култура°. Изданијата на Пецивас се проследени со мошне солидни воведи (кои претставуваат прави студии) и прилози кои содржат бројни, главно непознати и многу интересни документи за македонската историја. Пецивас е неуморен истражувач на недалечното македонско минато иако по професија не е историчар. Книгата на Мисирков на грчки јазик е преведена од Димитрис Караѓанис, а воведот и редакцијата се на Пецивас. Во краткиот Пролог, Пецивас ги информира грчките читатели дека 2003 (книгата е веројатно излезеан во декември 2003) завршуваат сто години од кревањето на Илинденското востание, „но и од објавувањето на еден труд кој го докажува различниот идентитет на Словените во Македонија од Бугарите, Србите и Грците под наслов „За македонцките работи°. Овој труд е напишан од професорот Крсте Мисирков и е делото врз кое соседната новосоздадена Република го темели совето постоење°. Сега, продолжува Пецивас, кога се развиени добрососетските односи меѓу двете земји сметаме дека е погоден момент да го информираме од прва рака грчкиот народ за тоа кој всушност е нашиот сосед. „К. Мисирков за соседната Република Македонија е тоа што е Ригас од Велестина (Фереос) за грчката нација° (Фереос 1757-1798, родољубец, борец со перо, предвесник на грчкото востание и ослободување). Мисирков е човекот кој го проучи јазикот, историјата, фолклорот на неговите сонародници „и откри дека Македонците се разликуваат од своите балкански соседи...°. Во релативно поопширниот вовед (озаглавен со „Македонското прашање°) Пецивас дава краток преглед на, според него, најкрупните настани што му давале белег на времето по формирањето на Егзархијата 1870 година, па до задушувањето на Илинденското востание. Притоа малку поопширно се задржува на појавата на Македонската револуционерна организација 1893 година, но и на Врховниот македонски комитет во Софија. „По формирањето на Комитетот во Солун, со програмата за создавање Македонска држава, Бугарите сфатија дека сонот за голема Бугарија, создадена со Санстефанскиот договор, но не остварена, постоеше опасност да пропадне. Значи го создаде во 1895 година Врховниот комитет... со цел да ја координира дејноста... на бугарските комитети во Турција°. Авторот ги согледува разликите и целите на двата комитети толку колку што му дозволува литературата што ја цитира. А таа е исклучиво грчка. Тој знае дека Солунскиот комитет се бори за автономна Македонија што не беше случај со Софискиот комитет. Тој ќе констатира дека „во почетокот антагонизмот на комитетите (централисти - врховисти) беше уочлив, во продолжение стануваше поостар, за да следните години стигне дури до судири на (нивни) чети°. И посочува повеќе примери на такви судири. Под наслов „Неколку збора за животот и делото на Крсте Мисирков° Пецивас ги дава сосема на кратко, речиси сите најважни податоци од неговата биографија. Јазикот, пишува тој, кој е употребен во пишувањето „За македонцките работи° е „македонскиот, најмногу (најчесто) македонските дијалекти од Прилеп и Битола. Мисирков со својата книга ги постави основите на современиот македонски литературен јазик°. Брзо по појавата на книгата, додава тој, доаѓа и реакцијата на бугарската влада. Книгата е запленета и уништена додека истиот е истеран и се враќа во Русија. По преводот „За македонцките работи° (стр. 181) и следат неколку прилози. Бидејќи Мисирков е роден во Воденско (Пела - Постол) приложува еден патеписен текст од Т. Странски, австриски државјанин, прв пат објавен во виенското списание „Географско друштво°, во 1903 година. Странски во текот на востанието се нашол во Воден и посетил неколку села. Ги опишува перипетиите што притоа ги доживеал како и ужасната атмосфера која владеела во крајот поради Илинденското востание. Во прилог 2 два девет члена од Мирштецките реформи, а во прилог 3 поместува повеќе народни песни од Постол (Пела) во препев на грчки јазик од Јанис Томас. Книгата завршува со библиографијата и регистар на имиња. Пецивас е убеден дека меѓусебното запознавање и разбирање меѓу соседите води кон вклучување на сите балански народи во обединета Европа, во мир и во просперитет. Со издавањето на „За македонцките работи° на грчки јазик Пецивас дава извонреден придонес за подобро запознавање и разбирање на македонското прашање во Грција.
ProMKD Добро е секако!