ќе се монтира покривот на †Света Богородица"
ќе се монтира покривот на †Света Богородица"
dejan

Активностите за изградба на црквата †Света Богородицааи, заштитничката на Скопје и на скопјани, се во завршна фаза. До крајот на идниот месец треба да почне монтирањето на покривната конструкција, а дотогаш и да се одбере изведувачот на занаетчиските работи, по чија изведба ќе почне малтерисувањето на објектот. Најдоцна за десетина дена треба да се заврши ѕидањето со камен на ѕидот од источниот дел од фасадната апсида. Паралелно ќе се изведуваат и венците на страничните бродови, кои се од обработен травертин набавен од Велмеј, Охридско.
Ките Илчески, раководител на изградбата на црквата на која работат екипи од ГП †Артингги, се надева дека сите преостанати градежни активности ќе се завршат до терминот предвиден со договорот, според кој црквата треба да биде готова до средината на јули.
†Очекувавме дека работите ќе ги завршиме до крајот на идниот месец, но настанаа непредвидени проблеми во однос на изведбата на занаетчиските работи. Доколку наскоро тие не се договорат, може да се случи да дојде до пролонгирање на малтерисувањето и уредувањето на подовите. Од тие причини црквата може да се пушти во употреба подоцна од предвиденотоои, појаснува Илчески и напоменува дека, сепак, во завршна фаза е договорот со изведувачот на електриката и греењето, кои со согласност на инвеститорот Трифун Костовски неодамна му се доверени на †Артингги. Илчески објаснува дека темелите на храмот се поставени на некогашните темели, задржувајќи ги старите димензии, односно корисната површина од 977 квадратни метри.
Проектот по кој се гради црквата е изработен од Заводот за заштита на споменици на град Скопје, а проектанти се Тодор Паскали и Константин Димитриевски. Храмот ќе биде висок 8,85 метри, а оборните ѕидови се дебели 116 сантиметри. Тие се веќе изѕидани со комбинација од бетон, тула и камен од рудникот †Бањаниии, каков што имала фасадата на старата црква. Централниот дел на црквата ќе има површина од 495 квадратни метри, припратата на приземјето 211 квадрати, галеријата со двата параклиса ќе биде со површина од 270 квадрати, а камбанаријата без крстот ќе биде висока 28 метри. Во припратата на црквата ќе може да се влегува низ пет дрвени врати, а во наосот, внатрешноста на црквата, влезот ќе биде овозможен од две странични врати и еден главен влез. На објектот ќе има и два бочни влеза наменети за свештените лица.



>†Порталот на сите влезови ќе биде изработен од мермер. На изведбата на конечниот лик на влезовите ќе се вклучи и Градскиот завод за заштита на споменици. По завршувањето на сите овие работи, ќе продолжи надворешното уредување на црквата, нејзиниот ентериер и камбанаријата, за што според договорот, е задолжена МПЦЦи, вели Илчески. Подигањето пак, на старо-новиот храм го обезбеди Труфун Костовски, со негова донација од 1.000.000 евра.
Возобновената црква ќе биде дел од комплексот на кој е предвидена изградба на манастирски конаци, на Богословски факултет, музеј и објект во кој ќе биде седиштето на Скопската епархија. Некогашната соборна црква †Света Богородицааи била изградена во 1835 година, нејзината изградба прв ја почнал Дамјан Ремзовски, а потоа по неговата смрт, црквата ја довршиле неговите синови Ѓорѓи, Андреја, Коста и Никола. Во 1944 година црквата била опожарена и надвор од употреба, а остатоците ги разурнал земјотресот во 1963 година.

citav lani za ova, togas imase slika kako treba da izgleda.....ama isto gledajte, duri togas trifun pravel nesto za gradot!