silijeski |
Група од десетина жители на скопското село Арачиново вчеравечер на влезот од селото нападнала полициска патрола, која сопрела камион поради сомневања дека превезува дрога, дознава „Време“ од полициски извори.
Нашите извори велат дека во инцидентот, кој се случил околу 20 часот, три лица од камионот извадиле пиштоли, а полицајците по радиоврска веднаш побарале засилување. Додека траела расправијата на местото за кратко време пристигнала група од мобилните полициски единици. Тие се обиделе да интервенираат, но во мешаницата со десетината арачиновци, трите лица од камионот незабележливо успеале да влезат во своето возило и да побегнат кон селото. Полицајците кога виделе дека камионот избегал испукале неколку предупредувачки куршуми во воздухот, надевајќи се дека камионот ќе сопре.
Но тројцата вооружени не го сториле тоа, туку продолжиле да возат кон селото. Полицајците не тргнале по нив ниту пак привеле некого од групата што ја направиле мешаницата на влезот од селото. Откако камионот побегнал групата си заминала, а полицајците останале на влезот од Арачиново, кај бензинската пумпа „Давос“.
МВР вчера го потврди инцидентот и додаде дека интензивно работи на пронаоѓање на вооружените. Од таму велат дека тие биле идентификувани.
Во информацијата на полицијата се вели дека патролата на МВР се обидела да направи рутинска сообраќајна контрола. Двајцата полицајци се посомневале дека во камионот има дрога, па го сопреле возилото и од возачот побарале да се легитимира. Поофицијалното полициско соопштение вели дека наместо да ги покаже документите, возачот почнал да се расправа со полицајците. Во расправата се вклучиле и неколку минувачи, а мешаницата возачот ја искористил за да се качи во камионот и да избега во селото Арачиново. Полицајците како предупредување испукале неколку куршуми во воздухот
Веста е првземена од "Време"
|