Трамвај покрај Вардар | |
dejan | mislam deka ova e mnogu dobra idea! solun, vo staro vreme, imase tramvaj pokraj moreto. inace, jas mislam, toa sto trifun prvo treba da napravi, i urbanski plan za gradot, pa da se pocne so izgradbata na stariot teatar pa tramvajot! АРХИТЕКТОТ ДУШАН СТОЈКОВСКИ ДОСТАВИ ИНТЕРЕСЕН ПРОЕКТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРИФУН КОСТОВСКИ Трамвај покрај Вардар Идејата на архитектот Стојковски, за која кабинетот на градоначалникот ќе се изјасни по ребалансот на буџетот, е трамвајски линии да се постават на двете страни од кејот на Вардар, а како станици на трамвајот да с Проектот "Шнелбан" од архитектот Душан Стојковски за воведување трамвај во Скопје, неодамна стигнал до кабинетот на градоначалникот Трифун Костовски, кој треба да го разгледа и да оцени дали со него ќе се надминат проблемите со сообраќајниот хаос. Со проектот е предвидено трамвајски линии да се постават на двете страни од кејот на Вардар. По нив трамвајот ќе поминува долж Скопје и ќе го опфаќа скоро целиот град, и строгиот центар на Скопје. Бидејќи ќе минува покрај самата река, улиците ќе бидат целосно растоварени од трамвајот и паралелно со него ќе може да функционира и автобускиот сообраќај. Како станици на трамвајот ќе се адаптираат скалите кои сега се користат за слегување покрај реката. Таму каде што имало потреба ќе се правеле и нови приоди до кејот. Од кабинетот на градоначалникот Трифун Костовски велат дека секое решение за надминување на сообраќајниот хаос во Скопје е добредојдено и дека една од приоритетните работи на градската власт е да го реши сообраќајот. Според Маја Мухиќ, портпарол на градоначалникот Костовски, проектот Градот ќе го разгледува за еден до два месеца кога ќе се заврши ребалансот на буџетот. Тогаш, според Мухиќ, ќе се знаело со колку пари располага Градот и кои средства за што ќе се наменат. "Ветено е и решавање на постојниот јавен сообраќај и негова фискализација, но ако има доволно пари не е исклучена и можноста проектот за трамвајот да се прифати", ни рече Мухиќ. http://www.vest.com.mk/default.asp?id=98320&idg=5&idb=1482&rubrika=Skopje |
toni_a | duri sega li? eee,na vremeto koga se sobiraa pari za ova... moze pak ke pocnat[:)] znae li nekoj sto stana so togasniot proekt i sobranite finansiski sredstva? |
ozonce | Pa na Skopje kako "metropola" mu treba tramvaj... aman od metezot so avtobusite i taksistite.. |
ProMKD | Abe sto znam, oni ako pravat, ke stavat nekoj skapanici tamu r'gosani do kejot i na sto ke lici? Ako go pravat, neka bide kako sto treba, i negde kade sto nema da smeta vo drugiot soobrakaj |