трендафил |
quote: Регистрирана првата партија на Македонците во Албанија
МИА
08.06.2005
Во Албанија денеска е регистрирана првата партија на Македонците под името „Македонска алијанса за европска интеграција“.
Ефтим Митревски, претседател на заедницата на Македонците во Република Албанија во интервју за Македонската радиотелевизија изјави дека регистрацијата во албанскиот суд поминала без никакви проблеми и во најдобар ред.
„Иницијативниот одбор со сведоците, како што се бараше и процедурално од судијата, беа присутни во судот. Без никаков проблем судијата реши дека ги исполнуваме условите и дефинитивно призна и рече 'се прифаќа Вашето барање и Вие ќе имате Ваша политичка партија под името 'Македонска алијанса за европска интеграција'“, изјави претседателот на заедницата на Македонците во Албанија.
Првите чекори на партијата, според него, се организациско зајакнување, рамноправно во сите три подрачја каде што претежно живеат Македонците во Албанија - Голо Брдо, Гора и Преспа, и најсуштинските проблеми да се предочат пред институциите на државата.
„Сега ни се отвора и втора шанса, со оглед на тоа што кампањата во Албанија е започната и ние не мислиме дека се е завршено. Ќе одиме на преговори и со другите политички партии, иако друштвото 'Преспа' ја започна својата кампања со Партијата за човекови права. Ние ја поддржуваме таа иницијатива, меѓутоа најважно ни беше регистрирањето на оваа наша политичка партија за да имаме поотворени можности, пореални можности за нашите барања: враќање на идентитетот на Македонците во Албанија, отворање на училишта на мајчин македонски јазик и други проблеми“, рече Митрески, во интервјуто за МРТВ.
Тој додаде дека во наредниот период партијата ќе работи за да го добие она што им припаѓа на Македонците според сите конвенции на европските и светските институции.
Митрески изјави дека партијата денеска ќе настојува преку електронските медиуми во Албанија да им ја соопшти веста за регистрацијата на партијата на сите Македонци во државата.
Нека се множат и во другите земји.
|