ДПА тврди;војната ја договориле ОНА и СДСМ
ДПА тврди;војната ја договориле ОНА и СДСМ
трендафил
quote:
РАСЧИСТУВАЊЕ НА МИНАТОТО
ДПА тврди дека војната ја договориле ОНА и СДСМ


За да дојде на власт, Али Ахмети ја почнал војната во 2001 година, во договор и со помош на високи функционери на СДСМ, тврди Демократската партија на Албанците, и најави дека наскоро ќе објави документи со кои ќе го докаже тоа. Увод во обидот на ДПА да ги разјасни причините за конфликтот било интервјуто на лидерот Арбен Џафери за косовската телевизија и неговата завчерашна изјава во Тетово: "Војната беше продуцирана во други кујни. Имаме конкретни податоци за тоа кој со кого се сретнал во Цирих и во Брисел и какви разговори се воделе".

За него е симптоматично тоа што досега никој не се заинтересирал за тоа кој на Ахмети му понудил поделба на Македонија, а тој ја одбил.

Во ДУИ велат дека нема да ги коментираат обвинувањата.

- Се што зборуваше Џафери изминатава недела е крајно контрадикторно и нема врска со логиката. Целта е јасна, ДПА сака да создаде дополнителна конфузија во јавноста. Тоа се пораки без содржина - оцени портпаролката Ермира Мехмети.

Сепак, висок функционер на ДУИ тврди дека на Ахмети му била понудена поделба на Македонија. Таа не била во писмена форма, туку ДПА во договор со својот тогашен коалициски партнер, ВМРО-ДПМНЕ, му испратила усни пораки за таа идеја.

Партијата на Џафери имала сведоци, аудиозаписи и други документи од средби помеѓу челници на ДУИ и на СДСМ. На средбите присуствувале Али Ахмети, Муса Џафери и Агрон Буџаку. ДПА како доказ за фингираната војна ќе се повика на коминикеата на ОНА, на изјавата на претседателот на Демократската партија на Албанците на Косово, Хашим Тачи, кој неодамна во Скопје рекол дека војната во Македонија се водела за смена на власта, и на други докази.

Во ДПА велат дека не случајно Џафери на прес-конференцијата го истакнал нападот на полициската станица во Теарце, на 21 јануари 2001 година.

- Тогаш ОНА прв пат се огласи со соопштение дека ја прифаќа одговорноста за нападот, дека се бори за ослободување на албанските територии од Славомакедонците, ги повика сите Албанци да дезертираат од полицијата и да се приклучат во нивните редови. Но, по шестото соопштение Ахмети ги отвори картите и призна дека ОНА се бори за да дојде на власт. Веќе не повикуваа на ослободување територии и почнаа да се огласуваат како АНА. Со тоа ги изманипулираа Албанците, кои наместо за слободни територии се бореа за Ахмети да дојде на власт - објаснува висок функционер на ДПА.

Тој вели дека Ахмети со помош на Косовците, а играјќи на картата ослободување територии од Славомакедонците, направил пуч за да дојде на власт.

Според ДПА, целата работа била помогната од СДСМ, но и од меѓународната заедница, која по извесно време откако почна војната припадниците на ОНА престана да ги нарекува криминалци, убијци и терористи, туку борци за човекови права.

ДНЕВНИК
Не знам дали погоре напишаното е точно, но се надевам дека обвинителот ќе почне да собира докази, како по изјавата на Џафери за разговорите со Георгиевски за поделба на Македонија и ќе го потврди или отфрли ова обвинение. Се работи за многу посериозно дело од разговори (вербален деликт). Изворот на информации е ист (Џафери), а обвинителот имаше доверба во него.


toni_a ke go kopiram postot sto go staviv pred malku na drugo mesto.mislam odgovara i tuka: dzabe...makedonsko-makedonska koalicija (da nema "kalimerovci") moze da bide polosa opcija no licno jas bi bil za takvata. se e popusto dodeka "nashite" ne razberat i svatat...(ne se ogranicuvam samo na edna partija!) "nasive" samo meko,toplo i vlazno sakaat...e nema nisto za bezpari.se plaka ili predtoa ili otposle. mi se gadi od nasive papuchari sto se pravat na "macho".nenasitna kurva za nevesta zele i po nejzin pamet trgnale...
dejan koj go znae toj dzaferi, iskomplektsiran majmun.......a ova so SDSM i DUI, ne me cudi!!
ProMKD
quote:
Originally posted by dejan
koj go znae toj dzaferi, iskomplektsiran majmun.
Баш така дејан, никогаш нема за сигурно да знаеме. Ама јас мислам дека ова е обид само за дестабилизација преку контроверзија.
трендафил Токму однесувањето на новинарите, во случајов спрема изјавата на Џафери, кај што се пука од сите оружја во однос на тоа дали тој и Георгиевски направиле вербален деликт (кој не се казнува по македонските закони), односно разговарале за размена, а веќе има тотален молк (не ми е познато дека некој друг сем „Дневник“ го објави ова) кон обвинението за договорено извршено насилно променување на уставниот поредок од страна на ДУИ и СДСМ и ме натера пред неколку години да почнам да учествувам на форуми. Едноставно ми се скина филм од гебелсовата пропаганда што ја трпам одкако сум жив, а за која мислев дека со транзицијата ќе се намалува. Напротив, со одењето на СДСМ во опозиција во 1998, благодарејќи на парите собрани до 1998 пред се благодарејќи на криминалната приватизација на 90% од порано општествените фирми, потоа од кршењето на ембаргото кон Југославија (сега СиЦГ), па од утаениот данок и слично, оваа пропаганда се засили и уште трае. Јас лично се сомневам дека војната во 2001 беше фамозниот план Б што го спомнуваше Бучковски по неуспехот за преврат во парламентот со купување на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во ноември 2000. Да потсетам, 2000 година беше најуспешната македонска транзициона година и да не почнеше војната ќе останевме лидери во Југоисточна Европа, далеку пред Романија и Бугарија. За Хрватска и да не зборувам. Но Али Ахмети не врати на почеток. Џафери обвинува дека тоа го направил во соработка со СДСМ, а никој не го интересира дали е тоа вистина или не. Тотално лудило. Не тврдам (како што некои тоа го тврдат во однос на делот за Георгиевски) дека изјавата е точна. Но МОРА да се води истрага за да се утврди тоа. П.С.: Во јавноста ништо не се зборува и за обвинението дека Фрчковски му оставил милион марки на Глигоров во кабинетот (без негово знаење и кои тој не ги земал) пред да се продаде името.
Jakov
quote:
Originally posted by трендафил
П.С.: Во јавноста ништо не се зборува и за обвинението дека Фрчковски му оставил милион марки на Глигоров во кабинетот (без негово знаење и кои тој не ги земал) пред да се продаде името.
Neli imase vo vtornikot za toa komentar. Muabetot e deka nema vrska si izmisluvaat novinarive u momentov po naracka, za da go svrtat vnimanieto. I ne bilo potkup od miljon dolari, nego toj Grkot dosol so tolku pati, koi potoa gi dobila MVR, za odredeni operacii na DBK. Toa Kiro so prodava pufki, od sto nema druga rabota, a saka uste da mu bide golem...procentot vo anketi na IRI..[:(]