dejan |
[V][V] ova e zhalno, i sram da im e na tie medecinski sestri!
Новороденче старо три дена починало на Клиниката за гинекологија во Скопје, оти медицинските сестри го оставиле да плаче 24 часа. Машкото бебе, тешко 2.260 г, долго 47 см, кое на свет дошло во четвртокот вечерта, иако немало никакви знаци на нарушено здравје, доцна во неделата умрело.
"Се се случи, бидејќи се реагираше доцна", низ солзи младиот брачен пар од Крива Паланка ја почнува потресната приказна.
Минатиот викенд за младата мајка, на која починатото и било прво дете, бил пеколен.
" Породувањето одеше нормално, откако увидоа дека детето е наместено карлично, па потоа странично се одлучија да ми направат царски рез. Се породив и бебенцето беше оценето со деветка, што е највисока оценка во медицината. Во петокот се беше во ред. Се до саботата кога малиот почна многу да плаче. Постојано, бидејќи децата по новиот систем се со нас во соба, ги молев сестрите да дојдат и да видат што му е. Раната од операцијата многу ме болеше, не можев да станам да појдам сама. На секој мој крик за помош, тие ми одговараа: 'Заќути мори ти, доста таму, не си ти една тука'. Не знаете колку е ова болно, посебно што ова ми е прво дете, не знам што да правам", вознемирено ни раскажува мајката.
Додека молела за помош , по телцето на бебето почнале да се јавуваат модринки.
"Помогнете ми", викала родилката.
"Дојде сестрата набрзина и рече дека модрилото е оти многу сум го стискала детето додека го држам. Го зема и го вратија за пет минути со објаснување дека ништо не му е. Не поминаа неколку минути тој продолжуваше да плаче, па пак побарав помош. Ништо. Штама. Никој ни да те чуе, ни да те види. Едвај чекав да се раздени", вели мајката.
За да си го спаси чедото, кое ни минута не престанувало да плаче, таа, иако примала инфузија, успеала да се извлече од креветот и да стигне до сестринската соба.
" Кога и утрото не влезе сестра да не погледне, ја искорнав инфузијата од себе, почна да шприца крв на сите страни, го земав бебето во другата рака и стигнав до лекарите. Веднаш го вклучија на кислород и педијатарките ми рекоа дека ќе остане во инкубатор. По некое време откако му направија ехо на белите дробови и преглед на срцето ми кажаа дека се е во најдобар ред. Објаснувањето беше дека доаѓа до размена на кислород и затоа мора да остане во инкубатор. По неколку часа не информираа дека бебето ни починало. Ох, колку е тешко, не можам со зборови да ви ја искажам болката што ја чувствувам. Од здраво право дете, дома да се вратите сам", плаче и ни вели мајката.
"И покрај се, не можам да се пожалам на односот на лекарите на Гинекологија. Породувањето беше во најдобар ред и нивната грижа подоцна. Педијатарката и другата лекарка направија се, но беше доцна. Немам замерка за нив, но сестрите и нивната неодговорност, тоа е ужас. Денес сум јас, утре може на некоја друга мајка да и се случи", додава таа.
На Клиниката за гинекологија потврдуваат дека дежурните тимови направиле се што било неопходно.
" Според хистопатолошкиот наод, новороденчето починало од интраодуларно или внатрешно крвавење. Кај него имало незрелост на белите дробови и ваквиот исход не е исклучен. Компликациите се случени по раѓањето. Лекарите сториле се, но новороденчето сепак починало", вели д-р Марјан Стојовски, директор на Клиниката за гинекологија во Скопје.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=98575&idg=5&idb=1485&rubrika=Makedonija |