15 ГОДИНИ ВМРО-ДПМНЕ
15 ГОДИНИ ВМРО-ДПМНЕ
intel
Груевски ќе промовира книга за Александров

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утре и задутре со промоција на книгата „Тодор Александров - се за Македонија“ и со прием во „Св. Пантелејмон“ ќе ја одбележи 15-годишнината од своето формирање. Во партијата велат дека подготвиле покана и за поранешниот лидер, сега неформален претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, и за неговите сопартијци. Од ВМРО-НП не соопштуваат дали ќе присуствуваат на чествувањето на јубилејот на својата доскорашна партија.

- Ќе решиме дали ќе одиме откако ќе ги добиеме поканите - велат во ВМРО-НП.

Наспроти неизвесноста во врска со присуство на Георгиевски, во ВМРО-ДПМНЕ велат дека на чествувањето ќе присуствуваат повеќето основачи на партијата, меѓу кои Владимир и Дијана Транталовски, Мане Јаковлевски, Борис Змејковски и Владимир Голубовски.

ВМРО-ДПМНЕ, освен доскорашните сопартијци, на чествувањето ќе ги кани и сите други политички партии и целиот државен врв.

Чествувањето ќе почне со промоцијата на книгата за контроверзниот Тодор Александров, в четврток. Станува збор за зборник на досега необјавени документи, главно лична кореспонденција на Александров, која ја подготвил поранешниот директор на Државниот архив, историчарот Зоран Тодоровски. Издавачот е „Аналитико-аи“, а промотори ќе бидат академикот Гане Тодоровски и професорот Владо Поповски.

- Книгата нема никаква врска со актуелните случувања, како што некои сакаат да прикажат. Таа е плод на мојата три и полгодишна работа, а целата е да се расветлат ликот и делото на Александров - вели Тодоровски

трендафил За Тодор Александров можеби ќе коментирам доколку ја прочитам книгата. Во моментов немам мислење за него, а не им верувам на историчарите кои велеа дека Ченто е предавник на пример. Да се вратам на ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека тоа е најдобрата партија што била водечка во власта, со напомена дека голема предност и е што единствена конкуренција и е СДСМ. А морам да признаам дека да бидеш подобар од СДСМ е многу лесно. Тешко дека ќе имаме можност да видиме полош од државотворците, а да не го тргнеме веднаш. СДСМ и македонците веројатно ќе бидат предмет на многу научни испитувања. Пред се мислам на психијатри кои ќе се обидуваат да објаснат зошто народот толку долго време бил толерантен кон нив.
Jakov Tekstot e postiran na Istorija, za site zainteresirani eve go i linkot. http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=10129&whichpage=2 Улогата на Тодор Александров во македонската историја сеуште не е потполно јасно определена. Ставовите и погледите се измешани иако преовладуваат негативните мислења пред се како резултат на неговите активност во рамки на автономистичката вмро. Тие негови постапки, пред се организирањето на атентатите врз сите видни лидери на левите сили на ВМРО го сместуваат во крајно негативните македонски историски појави. Александров е одговорен и за т.н “магарешки атентати“ во Штип и за побуната на македонските регрути во Крагуевац и слични актинвности. Од друга страна постојани се неговите заложби за автономија на Макеоднија. Неговите корелации со бугарскиот двор се несомнени и тука нема што многу да се објаснува. Сепак ако се погледната активностите пред крајот на неговата кариера,наидуваме на нови моменти. Еден од битните овде е т.е Мајски манифест, за кој и погоре е објаснето што е и кое било неговото значење. Потписот на АЛександров на овој документ ќе го чини живот. Документот е во прилог на македонското рев. движење. Позитивни ставово кон оваа постапка на Александров од 1924 своевремено ќе искаже и Ѓ.Димитров. И јас мислам дека тука има простор за препрочитување на историските моменти врзани за Александров. Убеден сум дека тие нови моменти немоа да го рехабилитираат за сите злосторства кон Мак.револуц. движење, но сепак треба да се определи вистинската тежина на сите негови постпки. Според сегашната позиција, Александров по мајскиот манифест, се судрил со силен притисок од бугарските монархистички кругови, кои во тој негов потег виделе обид за одалечување на бугарското влијание врз состојбите во ВМРО. Реакцијата била силна и брза, а за Александров трагична. Од друга страна самиот тој многу брзо по овој документ се премислил, па се обидувал да го скрие и намали значењето на истиот. ТОа денес се толкува како негов обид да си остане достоен на принципите кои го врзуваа за Бугарија. Но можеби неговото “глумење лудило“ било еден вид или обид за транзиција на наеговиот став и позиција од човек на Дворот, да се стави во служба на изворните македонски револуционерни идеи. Тука мора и може да се бара дополнителната вистина. Се друго мислам дека е јасно и дека апсолутно никаква книга ни од 1000 ни од 3000 страни неможе да го рехабилитира, ни него ни неговите следбеници. Околу поврзувањето на Александров и неговото (не)дело со денешниве политички случувања во Макеоднија, не е овде местото но сепак нешто ќе кажам. Тоа што ВМРО издава книга за него, не ја определува таа партија како бугарска или пробугарска. Таа книга е битна не толку како политичко средство колку како литература. Немате претстава колку значи кога во нашиов свет во кој што немаме или имаме смешно малку литература и монографии за било што па и за мрачната страна на нашата историја ќе најдете книга. Многу е битно тоа. Значи како проефесионалец во оваа област тој потег е за потполна подршка и за поздравување. Друго е кога ќе излезе книгата па да можеме да ги коментираме ставовите во неа. Тоа е веќе работа на науката. И уште нешто за бугарофилиите. Александров од нас го дели историска дистанца од преку 70 години. Да поставиме иста таква дистанца од 1990 во иднина. Како ќе излгледаат тогаш Глигоров и Црвенковски кои до последниот атом од своите сили ја бранеа 1990 год. тезата дека југославија мора да опстане макар и 4+2. И кои во референдумот од 1991 го протнаа оној срамен дел „зеадница на 6 независни држави„.Како ќе ги оцениме после 70 години кога во последен миг кога уствари ја видоа СФРЈ на посмртнниот одар, се вратија од погребот и викнаа „Република Македнија Самостојан и Суверена„. Мене ми личи на извикот на Александров дека ќе го потпише Мајскиот манифест. Ми личи, зашто 15 години по нашата самостојност денес сме соочени со дилемата споменик во центарот на Ск. на творецот на Југославија, а не на некој од плејадата Македонци.