Изгледа власта пак лажела
Изгледа власта пак лажела
трендафил
quote:
Дел Понте: Македонија не ги сакаше назад 4-те случаи
Макфакс

Дел Понте, како што пренесува Макфакс, зборувајќи пред американскиот Институт за мир, на барање на новинар ги прокоментирала случувањата со предметите од Македонија и објаснила зошто само во еден случај е покренато обвинение, а другите четири им се враќаат на македонските власти.

Можевме да задржиме само едно обвинение. Заради трошоците и заради тоа што министерот за внатрешни работи беше висок функционер, тоа го задржавме, а другите случаи бевме обврзани да ги вратиме, рече главниот хашки обвинител, додавајќи дека и било речено оти Македонија не ги сака тие случаи.
Радиото Глас на Америка - редакција на македонски јазик, која го објавува извештајот, не наведува „кој и рекол“ на Дел Понте дека не ги сака назад четирите случаи во Македонија.

Таа меѓутоа објаснува, дека Македонија „не била многу среќна“ што предметите се враќаат.

„За Македонија ние ќе постигнеме договор, а велам ние, зашто секако ќе мораме да ги испратиме назад предметите, но можеме многу да им помогнеме на македонските власти да ги завршат истрагите, бидејќи тие истраги не се завршени, и тие да ги водат судските постапки. Иста е ситуацијата и со Босна и Херцеговина, со Хрватска и со Белград. Разликата е во тоа што Белград сака да ги има тие случаи, Хрватска сака да ги има тие случаи, а Македонија не беше многу среќна заради тоа“, кажа главната обвинителка на Хашкиот трибунал во Американскиот институт за мир во Вашингтон.

Дел Понте во говорот пред Институтот задсиноќа во Вашингтон, тврди дека првично трибуналот имал намера да ги донесе во Хаг и да постапува по сите случаи од Македонија, но токму неколку месеци пред подигнувањето обвинение се случила директива на Советот за безбедност на ОН со која се ограничува времето за истраги и финансии на обвинителството.

„Во тоа време се боревме со македонскиот обвинител да ги донесеме овие случаи во Хаг, затоа што беше важно да ја изведеме истрагата, да подигнеме обвинение за извршителите да бидат изведени пред суд“, рече Дел Понте, додавајќи дека тогаш дошла одлуката за стратегија на комплетирањето на работата на трибуналот до одреден датум од страна на Советот за безбедност.

Карла дел Понте рече дека како секој друг обвинител сака да биде во можност да ги спроведе сите потребни истраги, но, дека работи по одлука на Советот за безбедност и мора да ја заврши до одреден датум.
Не ме изненадува дека власт што не смее да го апси еден Агим Красниќи во Кондово, не смее ниту да помисли да ги затвори Али Ахмети, Г`зим Острени и другите воени злосторници здружени со државотворците. Затоа што ако нема со што да не плашат, нема ниту една друга причина да останат во власта. Но зошто лажат дека Хаг не ни ги дава предметите. И овде сме исклучок, како и во се`. Сите бараат тие да ги судат сами злосторниците, само ние не го сакаме тоа. А да требаше да го судат Љубе, „нашиве“ проалбански врховисти ќе беа многу ревносни. Дали ова не е уште еден доказ дека оваа влада нема ист аршин кон албанците и останатите етнички заедници вклучувајќи ја и мнозинската.


dejan sram da im e!![:(!] neli celo vreme vesnicite ni kazuvale deka hag ne ni gi vrakja?? neli hag toa rece?? zosto ne gi sakat nazat???
Pana Da ne zaboravi samo da go pises i demantot Trendafile[:(]
quote:
Макфакс 16.06.2005 Министерството за правда на Македонија ќе реагира во текот на денов на изјавата на главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте, дека државата не ги сакала назад четирите случаи до Хаг за кои не беше покренато обвинение. Ова за Макфакс го изјави портпаролот во Министерството за правда, Убавка Матевска. Таа не можеше да прецизира дали тоа ќе биде во писмена форма-соопштение или ќе следи изјава од министерката Мери Младеновска-Ѓеоргиевска, која „е на консултации кај премиерот“. Матевска, на прашање од Макфакс потврди дека четирите предмети не се вратени во Македонија и оти „хашкото обвинителство контактира со македонското обвинителство“ околу враќањето Министерката Младеновска и јавниот обвинител Александар Прчевски беа двајцата функционери од Македонија кои во изминатите месеци контактираа со Дел Понте и со обвинители од Обвинителството во Хаг, околу случаите што се водат или треба да и бидат вратени на Македонија. Претставници на Обвинителството веќе во април ги известија македонските власти во намерата да ги вратат предметите за другите четири случаи за кои Хаг водеше истрага. Зошто предметите се уште не се вратени, никој не дава прецизен одговор.
ProMKD Dejan predmetite ne gi sakaat nazad, posto tie sto gi branat se kaj nas na vlasta, i nema da gi osudat na zatvor. A ako ne gi osudat na zatvor, graganite ke otidat na revolt, i aj u picku mater. Za niv im se cini najlesno pusti gi siptarite da pravat sto sakaat, a nie ke si legneme i ke si umreme.
Great_Macedonian koj gragani ke odat na revolt promkd? makedoncite? istite onie makedonci koj ne izlegoa na referendum lani? lol
toni_a sto e teskoto ne mi e jasno? opni 100god. robija pa ako saka nekoj da si gi zeme!!! zasto treba nie da pravime "incidenti" na internacionalno nivo za luge sto ne vredat ni kolku eden kursum? ako nekoj si gi saka ,ke se javi...barem trosoci nema da plakame i ke se trgnat... makedonija na drugi mesta da reagira...