Dobar vic za Makedonija i EU | |
vardarce | Германска експертка за евроинтеграции Француското "не" може да го одложи приемот на Македонија Француското "нееи на европскиот Устав може да го одложи процесот на приближување на Македонија кон ЕУ за една година, што би можело да им се случи и на Романија и Бугарија, изјави вчера универзитетската професорка Елке Тиел, која по покана на германската амбасада имаше предавање на тема "Уставот на Европската унијааи. Тиел оцени дека Македонија е на вистинскиот пат кон Унијата доколку ги "искористиии политичките консултации. "Македонија веќе има усвоено претпристапна стратегија за влез во ЕУ и тоа бара многу соработка меѓу одделни земји-членки на Унијата и Македонија. Тоа значи дека земјата треба добро да ги искористи претпристапните инструменти што ги нуди Унијатааи, истакна Тиел. Според неа, во моментов, за ЕУ е најважна стабилизацијата на регионот и се уште е рано да се зборува за датуми. "Критериумите на Брисел при приемот на нови членки нема да се заострат со одбивањето на Уставот. Но, за Македонија е добро доколку критериумите за влез во ЕУ се сфатат сериозноои, рече Тиел, која додаде дека за приемот на Македонија ќе треба да се согласат сите 25 земји-членки на Унијата. Професорката рече дека е штета што Грција има посебен треман кон Македонија поради проблемот со името. "За прием на која било земја во Унијата, потребна е согласност од сите земји-членки на ЕУ, а Грција има значајна позиција во овој процесси, оцени Тиел. Елке Тиел во Македонија доаѓа по покана од германската амбасада во Скопје. (Ж. Ѓ.) Ama dobar vic nema so. Makedonija dodeka da dojde na red (ako voopsto dojde) Evropska Unija nema da postoi . |