Битола ни е како Солун | |
dejan | ГРЧКИ ГРАЃАНИ ЧЕСТИ ГОСТИ НА ШИРОК СОКАК Гркинки се разубавуваат во Битола Стотина бизнисмени од Северна Грција секојдневно доаѓаат на работа во Битола, а навечер се враќаат дома. Ним тука им е бизнисот, но на Широк сокак има се повеќе грчки граѓани кои тука добиваат и услуги во стоматолошките и гинеколошките ординации, во фризерниците, продавниците, на пазар, во рестораните и ноќните барови. Тие не ретко може да се видат и во овдешните цркви и манастири, а во последно време пазаруваат и во Прилеп. - Битола ни е како Солун, а Прилеп како Лерин. Во Прилеп е богат и поевтин пазарот, а поевтино ни е и во продавниците - велат гостите од Грција со кои разговараме додека пиеме кафе на Широк сокак. Тукашните трговци велат дека грчките муштерии, кои доаѓаат со автобуси или со автомобили, купуваат од пиперки до гардероба. Тие се чести муштерии и во стоматолошките и во гинеколошките ординации, задоволни од услугата, но и од неколкукратно пониските цени на здравствените услуги отколку во Грција. Гркинки доаѓаат и на вештачко оплодување во Битола во овдешната гинеколошка ординација "Плодност", а грчки и битолски партнери отвораат здравствени приватни ординации со мешовит капитал. - Народот секогаш е пред и над политиката. Парите и бизнисот не знаат за национализам и политика. Луѓето сакаат мирен и поубав живот - велат грчки бизнисмени кои инвестирале во Битола. Тие ова го појаснуваат и со свое видување на проблемот. - Пред 12 години на митингот во Солун против името Македонија се собраа еден милион Грци, а лани кога ве признаа САД под уставното име не дојдоа ниту 1.000. Обичниот грчки граѓанин не го интересира дали вие ќе се викате Македонија или некој со сила ќе ве вика ФИРОМ, а набрзо и политичарите ќе се изморат од таа глупост од минатото -додаваат тие. Во битолските фирми чии газди се грчки бизнисмени работат околу 2.000 граѓани кои земаат редовни и пристојни плати. - Ништо не се 40 до 80 километри. Наутро доаѓаме, попладне си одиме. Се повеќе грчки бизнисмени бараат пари од европските фондови да инвестираат во Битола. Проблем имаат политичарите, а не ние бизнисмените и граѓаните од Грција и од Македонија. Православци сме и имаме слични балкански навики. И ние зборуваме македонски, а и Македонците зборуваат грчки, одлично се разбираме и соработуваме -велат бизнисмени кои од оправдани причини сакаат анонимност. Гркинки ги посетуваат и фризерниците бидејќи услугите во Битола се неколкупати поевтини отколку во Грција. Слично е и во козметичките салони. Додека дамите се разубавуваат и негуваат, нивните мажи, пак, одат во автосервисите каде што ги сервисираат, мијат и полираат своите автомобили за многу пониски цени од грчките. Тие се чести муштерии и во салоните за хемиско чистење. Побожните грчки граѓани честопати може да се видат како палат свеќи во битолскиот храм "Св. Великомаченик Димитриј", како ручаат, пијат кафе или уживаат со десерт во некој од битолските ресторани, кафулињата и слаткарници. Во некои од нив покрај македонските се служат и грчки специјалитети и слатки. Се зголемува и бројот на Македонци што го изучуваат грчкиот јазик. Има повеќе случаи кога битолчанки се омажиле во Грција, неколку битолски ергени што отишле домазети во соседната земја и сосема ретко Гркинка да се омажи во Битола, веројатно поради кризата и проблемот со работа. http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2789&stID=57327 normalno Bitola e kako Solun i Prilep kako Lerin, tie se Makedonski gradovi, ili bile ednas. Ako ima grad vo Makedonija kade moze covek da najde kako Solun ednas licuvase, toa e Bitola. mene me cudi ova mnogu, zosto grcive vo posledno vreme pokazale mnogu interes vo Bitola, znam Ohrid isto i sega Prilep! Neznam dali oni ja sfakjat vistinata (obicen grk) pa ajde da se 'zdruzat' ili nesto sosema drugo....isto biznismenite so Bitola, barem ima rabota. razbiram sve deka im e po eftino, sto mislite vie? moze lugjeto samo sakat da vidat kako licuva ovaa zemja so koja nivna drzhava stalno 'vojuva' zosto ne investirat grckite biznismeni vo Skopje, kako vo Bitola? a grkinkite izgleda sto tolku se grdi, samo vo Makedonija mozat da stanat ubavi |
wolf_pack | quote:Еве го најдобриот одговор шо требаше да се води уште од 1991. Овој одговор ќе помогнеше многу у 1993 кога ни ја ставија блокадата. Али свака част на тие граѓани, така треба[:)] quote:Ееее ајде де, зошто? Можеби нивните политичари ги загрозуваат ако тоа го прават. На Грчки Битола = Монастир (особено од Отоманското време) quote:[:D] |
OooOo | quote:Jas ova odamna go zboram, dodeka nekolku dushi na forumov pokushavaa da me ubedat vo sprotivnoto :) |
achtung_panzer | Demek obichniot grchki gragjanin ne go interesiralo dali kje bideme FYROM ili Makedonija... ama zatoa grchkite politichari redovno ne' sopinjaat kaj kje stignat... e pa ako se stvarno tolku dobronamerni, tie obichni grchki gragjani bi mozhele svojata volja i JAVNO da im ja soopshtat na nivnite politichari i so toa da zavrshat site buljashenja so imeto, pa specijalni pregovori i sl. Vo sprotivno, se' ova so "dobrososedskite odnosi" i shoping turite e chista kozmetika, pazarnata logika (a i nekoja idna vladina neumesna odluka) kje si go napravi svoeto... po izvesno vreme pazarot kje se zasiti, cenite kje skoknat i na Lerinci Bitola vekje nema da im bide tolku interesna. |
OooOo | quote:Demek ili ne demek, situacijata e taa! quote:Ama shto? Mora 'ama' da ima ... ostavaat li pari u drzhavata, shto ti e gajle, shto drugo te interesira? quote:Sve e prolazno ... i Makedoncite idea u Bugarija da kupuvaat, pa se svrte trkaloto pa Bugarite doagjaa kaj nas i taka ide toa ... |
ProMKD | na obicnite grci mozda poveke ne gi interesira za naseto ime, ama nema da otidat javno da lobiraat za nas. Ke si sedat doma, i ne gi interesira dali nasata vlada e pod pritisok od nivnata ili ne, i toa bi bilo taka so site drzavi. |