Бунтот на Македоцните во Крагуевац, 1914 г | |
katia | Во март 1914 г. Кралството Србија собрало во Крагуевац околу 1000-1200 регрути од Македонија. Но, на 10.04.1914 г. побунетите регрути откажале да се заколнат на верност на српскиот крал Петар Караѓорѓевиќ. Од Штип во Крагуевац имало околу 70-80 регрути, од кои, над 60 одбиле да се заколнат. Константин Ангелов, учесник во бунтот сведочи: „... За миг воздухот беше расцепен од громогласното „ура“! Не сакаме да се колнеме! Не сме Срби и сл. Војничкиот строј при командата „мирно“ се наруши, се растури, се разбрка. Настапи неописив хаос. Сите присутни беа стаписани и изненадени. Офицерите разлутени, со измакнати сабји мавтаа, тепаа, но без резултат - нередот стануваше уште поголем. Граѓаните, мажи, жена и деца ги зафати паника, бегаа... Картина на вистински бунт... на официјално место, пред официјални лица и странски претставители.“ Од кочанско имало регрутирано околу 250 души. Санто Витанов, родум од с. Горни Полог, Кочанско, учесник во бунтот, во свите сеќавања кажува: „Ни ги променија и презимињата, а не советуваа и да си ги промениме и имињата, нашите биле бугарски. Првата закачка изби кога започна прозивката на „виќ“. Не се одзовуваме, а не викавме ни „ја“, туку „јас“ или „аз“, тие што веќе поминале низ бугарските училишта... Некаде околу 1 или 2 април 1914 г. ни датоа текст на заклетвата за српскиот крал. Тоа предизвика вознемирување прво кај писмените, а потоа и кај сите други. Штипјани радовишани кажале на нашите [кочанчани]: како нашите дедовци и татковци се колнеле на Фердинанд, а ние да се колнеме на верност на српскиот крал? Меѓу сите почна да се шепоти, што сме ние, народ или ништо? ... Дојде и тој час. Свештеникот почна збор по збор да ја чита заклетвата... Старешините почнаа да не подбуткуваат и да ни викаат. Ние молчевме. Одеднаш од средината се чу силен глас „Ура“, не сме Срби, се колнеме на Фердинад. Во нашиот круг стана голема бркотница. Н#232; опколија српски вооружени војници, а старешините почнаа да н#232; тепат. ...Потоа затворија 20 души, а на другите почнаа да ни зборуваат и да н#232; убедува попот, дека Бугарите се виновни, тие не лажеле, ние во старо време сме биле Срби.“ Во сведоштвото за еден од радовишките учесници во бунтот се кажува: „...„Не се колнеме, не сме Срби“. Кога српските офицери слушнаа дека некои од војниците го фалеа бугарскиот цар Фердинанд, ги фати бес и почнаа да н#232; тепаат, во кругот, во собите, преку денот и ноќта. Миле Кошев го убија. Илија Габрешанецот го убија. ...Убија и зтворија и неколку млади и весели момчиња од селата.“ (Димитар Галев, Белиот терор во Југоисточна Македонија. Штип 1991. 1. 524-532) |
Jakov | Ova e prefrleno vo: http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=10129 |