Врвот го освоија, ама не се поздравија | |
dejan | Македонски и грчки планинари се сретнале на врвот Дудица, на самата граница на Кожув Планина, но ниту се поздравиле ниту муабет разврзале. - Дневната политика го освоила врвот пред нас. Секоја година досега на Дуовден таму се среќававме, разговаравме, си помагавме. Прв пат завчера се разминавме како непријатели. Кога ги поканивме грчките колеги да ни се придружат, тие само промрмореа: „Нема Македонија“ и продолжија покрај нас - изјави Никола Минчоров, претседател на ПСД „Орле“ од Кавадарци. Тој заедно со десетина колеги и годинава се искачил на врвот, каде што се среќавале со грчките колеги. Традиција е кавадаречки планинари на Дуовден да го освојат врвот висок 2.200 метри и да дружат со нивните грчки колеги, да разменат адреси, да си ги разгледаат семејните фотографии. - Не верувам дека дождливото време беше причината поради која Грците не застанаа, како што правевме порано. Државните политики навлегле длабоко и во луѓето што важат за најнеинфицирана категорија - вели Минчоров. Годинава со македонските планинари не сакале да контактираат дури ниту говедарите од другата страна на границата. - Ако е сам, ќе ни пријде и ќе поразговараме на македонски, зашто тоа се наши луѓе. Но, ако се двајца, се плашат да дојдат - раскажуваат планинарите, кои повеќе пати го имаат освоено тој врв на Кожув. http://www.vreme.com.mk/vest.aspx?id=26627 ne razbiram! sto bile??? makedonci ili grci?? i zosto ako se dvajca se plasat da zborat?? |
AaaAa | dejan, navodno makedonci bile govedarite. Ako se dvajca, i dvajcata se plasat deka ako toj prv prijde i progovori na makedonski, mozno e ovoj drugiot da go nakleveti tamu pred negovite. Demek... |
ProMKD | *****. Ne veruvam vo takvi gluposti. Makedonec da se plasi da zboruva Makedonski jazik pred svoj covek, Makedonec? Toe e gluposta i jas bi mozel da zamislam takvo nesto. Ako si vo grad na primer, eden ejgejec (Makedonec) okolu grci, dobro malce da osekas strav da ne te prijavat, ama na planina kade sto nema nikoj osven tvoj luge, toa se gluposti |
dejan | jas za inat bi govorel makedonski pret grci, vo grcka |
ProMKD | Jas sekoj pat koga sum vo "grcija" gordo si zboruvam na Makedonski jazik. Nikoj ne moze da mi zabrani ili da mi kaze nesto, da vidis kako ke mu ripnam! [:D] Ama ozbilno, nema potreba da go krijes svojot jazik |