Постануваме ли земја на ПИРАМИДИТЕ ?!.
Постануваме ли земја на ПИРАМИДИТЕ ?!.
lav Полека ние како да постануваме земја на пирамидите со кое го загрозуваме приматот на државата Египет , која е светски позната и како земја на пирамидите.
Ние можеме , разбира се поради тие моменти и да се наречеме пирамидална земја ...почнувајќи од првата ТАТ Пирамида во 90 години од минатиот век па до сегашнава пирамида даночна , за која и Владата се спрема за „битка„ со неа.
Еве извадоци од печатот за поодбро запознавање „КУД ПЛОВИ ОВАЈ БРОД„ , разбира се ФИРОМСКИ.

Никола Стојанов

Министерството за финансии и Управата за јавни приходи мора што побргу да покренат постапки против сите што затајувале даноци затоа што тоа им е должност и за тоа се платени, согласни се економските теоретичари, аналитичари и бизнисмените. Овие реакции доаѓаат по изјавата на премиерот Владо Бучковски дека ќе се пресмета со пирамидалните шеми на затајување ДДВ.
Сите се согласни дека во земјава има заштитени фирми што не плаќаат даноци, кои добиваат враќање пари од данок на додадена вредност што не го плаќале и кои се нелојална конкуренција на другите стопанственици.

- Се плашам дека во суштина се работи за политички маркетинг на Владата затоа што нивна работа е да ги ловат и казнуваат тие што се обидуваат да затајуваат даноци. Не треба да се фалат со тоа дека нашле шеми што личат на пирамиди во кои учествувале фирми што не плаќале ДДВ. Тоа е познато. Прашањето е што прават за да ги фатат - вели Јорданка Ганчева, директорка за истражувања во Институтот за истражување економски политики.

Таа смета дека два месеци во контроли не се доволни за да се фатат големите играчи што ги креирале пирамидите.

- Да не се случи на крај цената да ја платат само ситните фирми што учествувале во мрежата, а големите затајувачи кога ќе се смират страстите да направат нова пирамида. Ако сакаат да го решат проблемот треба тоа да го направат со системско решение, а не да се фалат со контроли зашто, на крајот на краевите, тоа е дел од нивните работни обврски - предупредува Ганчева.

Стопанствениците ги поздравија изјавите на Никола Поповски, министерот за финансии и на премиерот Владо Бучковски и најавата на Владата дека ќе создаде еднакви услови за сите.

- Потегот на министерот Поповски го поздравуваме и неговата изјава ја разбираме како доказ дека се решени да го спроведат тоа и да стават ред во плаќањето даноци. Сите знаеме дека има фирми и бизнисмени што не плаќаат или ја крадат државата така што со лажни фактури обезбедуваат огромни суми пари од враќање на данокот на додадена вредност. Има бизнисмени што остваруваат огромни профити, се расфрлаат со пари, а не вложуваат во развој, во нови технологии, ниту во човечки ресурси. Едноставно „со магија“ ги добиваат парите и ја крадат државата. Ставот на Сојузот на стопанските комори е државата кастрејќи ги неплаќачите на даноци да обезбеди еднакви услови на пазарот за сите фирми што редовно си ги плаќаат обврските. Тоа е една од препораките што ги упативме до Владата. Малку сме збунети од најавата на министерот Поповски зашто се плашиме дека е избрзана и дека ќе им остави простор на организаторите на даночните пирамиди да ги затскријат трагите и акцијата да не допре до организаторите на пирамидите. Ова ќе биде голем тест за УЈП, за Владата и за судството затоа што оваа работа мора да се истера до крај - изјави Венко Глигоров, директор на „Логин системи“ и претседател на Сојузот на стопанските комори.

Пред десетина дена Поповски најави дека педесетина фирми поврзани во шема, која тој ја објасни како даночна пирамида, затајувале данок или со фалсификувани фактури добивале големи суми од поврат на данок. И премиерот Бучковски рече дека на затајувачите им дишат во врат и дека работат на разоткривање на сите случаи.

- Даночниот систем е без недостатоци. Проблемот е во спроведувањето, а прашањето е зошто УЈП чекала да се изградат пирамиди на фирми кои затајуваат даноци. Факт е дека во земјава има заштитени фирми кои не ги исполнуваат даночните обврски и дека прават лажни фактури да обезбедат враќање на ДД. Се надевам дека функционерите, откако увиделе колкава штета на буџетот се прави од тоа, ќе ги стават фирмите на тапет. Злоупотребите ги прават големи фирми и тие ја мамат државата така што формираат пирамиди во кои прават прелевања на плаќања. УЈП и министерствата за финансии и за внатрешни работи мора да ги изнесат сите факти со кои располагаат. На крајот тие се платени да го работат тоа и ова е нивна редовна работа. Непотребно е да се прави помпа во јавноста. Во светот затајувачите се фаќаат на дело, се судат и тогаш јавноста знае кои се виновниците. Што ќе се случи ако за ова не падне ниту една глава, кој тогаш ќе биде виновен за тоа што од државната каса се одлеале пари што ги даваме сите ние, даночните обврзници - изјави Живко Атанасовски, професор за даночни системи на државниот Економски факултет во Скопје и креатор на системот за ДДВ.


БУГАРСКИ РЕЦЕПТ
Бугарија пред четири години имаше ист проблем со наплатата на ДДВ, кога од буџетот се одлеале повеќе од 100 милиони евра затоа што со лажни фактури фирми организирани во мрежи враќале нереално високи суми на ДДВ. Во тоа време бугарската влада предложила законски измени, а пратениците ги прифатиле, со кои ДДВ не се враќа ако фирмата купила стоки и услуги од друга фирма што не го платила својот данок.

Тоа создало голем револт кај бизнисмените што редовно плаќале, зашто значително го отежнало прометот на стоки и на услуги. Исто така, и многу фирми што редовно плаќале данок имале реална загуба затоа што не можеле да обезбедат враќање ДДВ оти купувале од фирми што нередовно си го плаќале данокот.

За неколку месеци оваа мерка дала извонредни резултати затоа што од системот биле исфрлени сите фирми што не го плаќале данокот редовно.

По тоа идната година државата формирала фонд таканаречен „сметка за ДДВ“ од која биле исплатени пари за сите фирми што платиле ДДВ, а биле оштетени затоа што купувале од фирми што не ги плаќале своите обврски спрема државата.

КОМЕНТАРИ ???
Jakov Sega ke se proglasi noviot Faraon Branko I i negoviot Nomah Bucko Golemiot. Porano vo MK. ziveele i kamili.... denes imame Egipjani vo RM znaci site uslovi sto gi bara LAV se zadovoleni.
lav
quote:
Originally posted by Jakov
Sega ke se proglasi noviot Faraon Branko I i negoviot Nomah Bucko Golemiot. Porano vo MK. ziveele i kamili....denes imame Egipjani znaci site uslovo sto gi bara LAV se zadovoleni.
Па и сега си имаме камили , само не знам дали доминираат едногрбите наспроти двогрбите?. пс И јас не поставувам никакви услови ....други ги ствараат нив. ппс Заборавив да напоменам дека за малку и ние ќе (п)останевме земја на ОКТОПОДИТЕ , ама златен господ го даде и ни дојде св.Бранко ииииииииииии ги испофаќа (се надевам) сите ...нели ?
Jakov Uste gi ima vo VERO kolku sakas oktopodi imas svezi smrznati sekakvi.
dejan ahahahah! bas branko - faraon!
lav
quote:
Originally posted by Jakov
Uste gi ima vo VERO kolku sakas oktopodi imas svezi smrznati sekakvi.
Можеби е така ....ама како стои со прирамидите...мислам во ВЕРО , оти тие беа ТЕМА на овој топик?.
трендафил Ова пирамидава од најавените 100 милиона евра падна на пирамидче од помалку од 1 милион евра. Дали другите 99 милиона се кај тие од власта во која има и воени злосторници. За затајувачи на данок и да не зборуваме. Да потсетам дека кога Сашко Станинов ги гонеше зтајувачите на данок, новинарите од ЗНМ беа на страна на криминалците, па за инспекциските контроли зборуваа како за УПАДИ по фирмите. Премиерот Бучковски, на пример, кога беше обвинет за криминал како министер за одбрана, рече дека кривичната пријава била одбиена од обвинителството на една недела пред 15 септември. Само не кажа дали решението го донел Стерјо Зиков.
lav editiran prethodniot post od trendafil staven vo quote vtor pat, Lav vodis inaet???? Догодина сигурно не му бега повторување на истрагата а и преиспитување на минатото и тоа целосно.