Nov episkop
Nov episkop
The_Crow ОВ ВЛАДИКА ВО МПЦ Хиротонисан епископот Методиј Достоен е, за многаја лета, сега и секогаш и во сите векови..., одекна вчера повикот во Соборниот храм на МПЦ "Свети Климент Охридски", каде што досегашниот архимандрит Методиј беше ракоположен во велички епископ. Многу верници присуствуваа на хиротонијата, на која архиепископот г.г. Стефан на осмиот епископ на МПЦ му ги предаде владичките одличија - жезол, панагија и митра, додека црковниот хор ја пееше песната "На многаја лета". Во својата пристапна беседа епископот Методиј повика на грижа за беспрекорна припадност на МПЦ, со која нашите предци ја зачуваа и тогаш кога таа беше неправедно укината. - Духот на вистината ја исполнува Светата Македонска православна црква во нејзиното двомилениумско распетие, низ кое таа постојано воскреснува и кога ја гонат и укинуваат, кога ја негираат, одрекуваат и сега, кога раѓа нови архипастири сведочејќи за својот автентичен христијански живот. МПЦ навистина по својата суштина е автокефална. Таа со својата мисија ги замолчува тие видливи и невидливи непријатели на нашата црква и на православието, дури и оние што мислат дека на тој начин му принесуваат жртва на Бога - порача во својата беседа епископот Методиј. Поглаварот на МПЦ архиепископот г.г. Стефан рече дека МПЦ добива епископ каков што и е потребен во ова време. - Македонска мајка родила личност исполнета со човекољубие, а МПЦ изградила вистински пастир. Епископот е совест на црквата, а Методиј Бог го повика да му служи на својот македонски народ и на МПЦ - истакна архиепископот Стефан. Тој е осми епископ на МПЦ, роден во 1963 година, во Берово, а замонашен на 33-годишна возраст. Архимандрит станал во минатата година, а сега е и професор и заменик-ректор во Средното богословско училиште. Светиот синод засега нема да му даде да управува со епархија, туку во Светиот синод на МПЦ ќе биде задолжен да се грижи за верско-образовниот живот. На Петровден, на 12 јули, ќе биде хиротонисан архимандритот Климент во хераклејски епископ, а на 1 септември архимандритот Пимен во полјански епископ. Информацијата ја презедо од веб страницата на весникот дневник www.dnevnik.com.mk.
Enigma Spasi Hriste Bozhe na Mnogaja Leta!