Александар Станишев
Александар Станишев
Брат Александар Димитров Станишев e познат научник и лекар во првата половина на ХХ век. Исто така, познат е по тоа што бил министер за внатрешни работи и за здравје во бугарската влада, за време на Втората Светска војна. Документите на АСНОМ, го третираат како "фашистички агент", додека бугарски историски извори сметаат дека тој се залагал за "ослободувањето на Македонија од грчко и српско ропство", и нејзино припојување кон Бугарија.

Роден на 15 декември 1886 во Кукуш, Егеjска Македониjа. Му припаѓа на познатиот кукушки преродбенички род Станишеви.

Средно училиште го завршува во Солун. Студирал општествена историja во Софиja (1904-1905), а потоа завршил на Медицинскиот факултет во Минхен, Германиjа (1905-1910). Работи како асистент во Универзитетската хируршка клиника во Минхен и во болници во Берн и Ландау (1910-1912). Во Балканските и Првата светска воjна учествувал како хирург во бугарски воjни болници во Тракија и Македонија.

Специјализира во Хаjделберг и Минхен (1919-1920). Од 1920 година е доцент на Катедрата по клиничка хирургиjа на Медицинскиот факултет на Софискиот универзитет, а од 1923 е редовен професор на истата катедра. Оснивач е и прв директор на Хируршката клиника во Софиjа. Декан е на Медицинскиот факултет на Софискиот универзитет (1930-1931, 1937-1938), а подоцна - ректор на Софискиот универзитет "Свети Климент Охридски" (1938-1939).

Александар Станишев e добитник на многу меѓународни признаниjа. Во 1935 година е избран за член, а во 1938 за подпретседател на Меѓународната хируршка академиjа во Женева. Од 1939 година е почетен член на Универзитетот во Хамбург, а на следната година е прогласен и за доктор хонорис кауза на Берлинскиот универзитет.

Политичката деjност на Александар Станишев е поврзана со борбата за ослободувањето на Македониjа од српско и грчко ропство, и нејзино припојување кон Бугарија, а потоа со окупацијата на Македонија од страна на прохитлеровскиот режим на Бугарија во Втората Светска Војна (во бугарската верзија, оваа окупација е претставена како ослободување на Македониjа од српско и грчко ропство). Од 1 jуни 1944 до 2 септември 1944 година е министер на внатрешните работи и народното здравје на Бугариjа. После промените во Бугариjа на 9 септември 1944 е осуден на смрт од Народниот суд и на 1 февруари 1945 г. е стрелан заедно со други интелектуалци поврзани со политичкиот живот на Бугариjа за време на Втората Светска Војна.

Професор д-р Александар Станишев е автор на преку 50 научни дела од областа на хирургиjата на различни jазици - бугарски, германски , и др. Од обjавените на бугарски jазик наjзначаjни се: "Волево движение на изкуствената рака. Заубербахова операция, сопствена метода и техника на протезата" (Софиjа, 1919), "Пластично възстановяване на горната усна чрез трансплантация на долната" (Софиjа, 1924), "Лекции" (Софиjа, 1924), "Хирургиjа. Лекции" (Софиjа, 1942).

Александар Станишев e Македонски лекар со потекло од Македонија. Тоа не значи дека тој бил т.е. се чувствувал како Македонец, во национална смисла. Станишев е виден бугарски лекар.
dejan ova e naj vazno 'Станишев е виден бугарски лекар.' Please go away 'brat'
Jakov
quote:
“Бугарскиот Премиер, Богдан Филов, регент до 1943г. ја внесе Бугарија во Силите на Оската. Тој го донесе Антисемитскиот корпус на закони, кои бееа усмерени према Евреите во т.н “новоосвоени територии“. Еден од тие закони е и “Законот за заштита на нацијата“. За Бугари со единица по историја и за оние со кратко памтење само да ве потсетам. Одобрен е со указ број 3 на 21 јануари 1941. Вториот дел на овој закон е направен исклучиво за лицата со еврејско потекло во Макеоднија. Имал 19 членови со кои ги прецизира нормите за исклучување на еврејското население од економскиот и општествениот живот и ги утврдува начините за ликвидација на населенитео и имотот. Изработен е според стандардите и моделот на расистичкото законодавство на ТРТИОТ РАЈХ, како исклучителен закон од нацио-фашистички тип. Општите одредби на законот. Глава втора вели. На лицата со еврејско потекло не им е дозволено да бидат бугарски државјани, со што им се одзема правото на глас. (Па нели Македонија била дел од Бугарија, нели била стара земја бугарска која штотуку ја ослободивте, зашто сите да можеле да бидат државјани, овие не). Посебниот член23 во глава три вели дека со дискреционо право и со дозвола на Дирекцијата на Полицијата се одредува местот на живеење на Евреите. Член 24 вели “Им се забранува на лицата со еврејско потекло да поседуваат имот. МВРНЗ- Министерство за внатрешни работи и народно здравје(познато ви е ова) во Софија донесувајќи го законот одредило методи за ликвидација на Евреите, нивните имоти и целосно исклучување од севкупниот живот во Макеоднија. Еве како е прецизирано за кого ќе важи законот.
Ete go tvojot minister. Ова е инаку форум за Македонска Историја, а не за историја на бугарските министри и влади.