За Македонија се бараше столче повеќе! |
Strelec |
НА ФОРУМОТ "КРАН МОНТАНА" НАШАТА ЗЕМЈА СЕ ПРЕТСТАВИ КАКО БИЗНИС ДЕСТИНАЦИЈА
"Монако Телеком" е заинтересиран за влез во македонскиот телекомуникациски пазар како трет мобилен оператор. Ова денес беше една од главните бизнис понуди на потенцијалните странски инвеститори на "Кран Монтана форумот" кој се одржува во принципатот Монако. "Монако Телеком" е веќе присутен во Косово уште од администрирањето на Кушнер, а преку влезот во македонскиот телекомуникациски пазар сака подлабоко да се етаблира и да го прошири својот бизнис и влијание во регионот. Понудата за "Монако Телеком" била спомената и од министерот за туризам на Монако, а станала и предмет на разговор со македонскиот премиер. Инаку, претседателот на Владата, Владо Бучковски, вчера имаше полчасовна средба со претседателот на Владата на принципатот Монако, Жан Пол Пруст, на која било договорено да дојде до експертска средба на два тима кои ќе потпишат спогодба за соработка во областа на туризмот, а ќе дојдат и експерти за телекомуникации со оглед на интересот на "Телеком Монако". Инаку, инвеститорите од Монако се посебно заинтересирани за вложувањето во ски-центрите и езерскиот туризам.
Македонија е новата дестинација за светските инвеститори, порача од Форумот Кран Монтана мистерот за економија, Фатмир Бесими пред потенцијалните институционални и приватни инвеститори. Таа е политички и економски стабилна, бележи економски пораст и ја подобри својата бизнис клима. Бесими ги наброја сите инфраструктурни и енергетски објекти кои се на приоритетна листа на Владата за привлекување на странски директни инвестиции. Странските инвеститори на бизнис-презентацијата на Македонија, буквално бараа столче повеќе за да видат што нуди ова ново инвестициско подрачје. Од институционалните инвеститори, претседателот на Ротшилд советот, Жан Пјер Салтие праша зашто на листата на македонски приоритети не е е ставен трансбалканскиот нафтовод кој води од каспискиот басен преку Романија, СЦГ до Хрватска. Тој и препорача на македонската Влада подетална листа на инфраструктурни проекти, каде странците би го нашле својот интерес за инвестирање.
|
dejan |
super, go Monako!! oni se epten bogati[:D] |
ProMKD |
Ova e super sto otisle na ovoj biznis forum i sto navistina ja pretstavile Makedonija kako drzava so golem potencijal. Mislam deka ako navistina na mnogu zapadni drzavi se pravat vakvi prezentacii za Makedonija, deka stranskite investicii ke ripnat za mnogu miljoni. |
Great_Macedonian |
Za pozdravuvanje, ama 'Monako telekom' e prisuten vo samo 4 zemji, edna mislam vo azija, kosovo, djibuti i uste edna "third world" drzava. |
ProMKD |
Ustvari 3 "third world" drzavi, i edna "third world" pokraina [:D] |
Jakov |
"ЕЛИТНО" ДРУШТВО НА ФОРУМОТ ВО МОНАКО
Бучковски лобираше за Македонија кај Камбоџа
Европските држави на Форумот присуствуваа со претставници од понизок ранг, но затоа Македонија испрати дванаесетчлена делегација
Дванаесетчлена македонска делегација, предводена од премиерот Владо Бучковски, на бизнис-економскиот форум "Кран Монтана" во Монако отиде да лобира за интеграција во ЕУ и во НАТО, но наместо да се сретне со европската политичка елита, се најде во друштво со само дваесетина африкански и азиски политичари.
На Форумот учествуваа Франција, Шпанија, Словачка, Полска и Белгија, но со малубројни делегации и со претставници на пониско ниво. На пример, Грција и Германија беа претставувани од нивните конзули во Монако, Турција - од градоначалникот на Анталија, а Шпанија - од генералниот директор за Европа од Министерството за надворешни работи.
Високи претставници, според официјалната веб-страница на Форумот, имаше од Азербејџан, Нигерија, Габон, Мароко, Камбоџа, Конго, Малави, Сенегал, Мадагаскар, Судан, Тринидат и Тобаго, Брегот на Слоновата Коска, Либан и од Алжир. Пред овие земји, дванаесетчлената владина делегација, како што беше најавено, требаше да лобира за претставување на Македонија пред меѓународната заедница.
Покрај Бучковски, на Форумот присуствуваа и вицепремиерот Муса Џафери, неговиот преведувач, министерот за економија Фатмир Бесими, двајца советници од Министерството за економија и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Делов. Според официјалната интернет-страница, од Кабинетот на Бучковски во Монако допатувале неговите советници за безбедност и за односи со јавноста, шефот на протокол и неговиот заменик, помошникот на шефот на кабинетот и двајца телохранители.
На состанокот се дискутирало за повеќе теми, меѓу кои и "Мароко меѓу арапскиот свет и лидерите", "Политичките и економските перспективи на Србија и Црна Гора", "Новата состојба во светот и религиозниот дијалог", "Перспективите за нафтена индустрија во Азербејџан", "Борбата со организираниот криминал и тероризмот" и "Проширувањето на Европа и новите ЕУ-членки и нивниот финансиски пазар".
Во хотелот "Меридијан плаза", во кој беше сместена македонската делегација и каде што се одржуваше Форумот, тридневно сместување чини од 900 до 2.050 евра, во зависност од луксузноста на собата. Според официјалната понуда, секој владин претставник исто така треба да плати такса за административни трошоци, која изнесува 850 евра.
So gordost makedonskite gragani sekojdnevno se se pogolemi i porevnosni danocni obvrznici vo svojata zemja.
PS
Se nadevam nema Strelec da mi se naluti sto ke go upotrebam naslovot na temava vo druga nasoka
"За Македонија се бараше столче повеќе!"
Gledajki go sostavot na delegaciite od tretiot svet, izgleda stolcinjata poveke gi barale za da gi odnesat doma.....[;)] |
concrete |
NAZIV DOMICIL HOTEL KOTIZ PREVOZ ZBIR
BUCKO N/A 2050 850 1200 4100
MUSA AL 2050 850 1200 4100
PREVOD AL 2050 850 1200 4100
DELOV MK? 2050 850 1200 4100
BEZBED MK? 1050 850 1200 3100
PUB REL MK? 1050 850 1200 3100
PROTOK MK? 1400 850 1200 3450
ZAMPROT MK? 1050 0 1200 2250
POMKAB MK? 1040 0 1200 2240
BODI1 MK? 1040 0 1200 2240
BODI2 MK? 1040 0 1200 2240
TOTAL 35020
Pa i ne bile bas taka skapi , ne e ni kolku 10 nastavnici
neznam dali ima hidden cost????
ps1: ovde tabeli ne pominuvaat,resenie na problemot?????Nema biznis forum bez tabeli..... |
toni_a |
imav isto problemi so tabelite...
pa zatoa po dolgiot pat se shetav: "screen-shot"(na tab. od word,excel),kopiranje vo prog. za pic.(na pr.paint),sechenje pustenje pravenje,(..kafe i cigara...),"save" na slikata,potoa "hosting provajder" i na kraj stavanje na (slikata) tabelata vo postot.
neznam dali ima poednostaven nacin? |