Stipska Kezovica
Stipska Kezovica
AaaAa ВО ШТИПСКАТА БАЊА СПАС НАШЛЕ И НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНИТЕ Во Кежовица влегуваш фатен, а заминуваш одејќи Минералната вода во бањата Кежовица кај Штип има температура од 70 степени и по својата радиоактивна лековитост е слична на Карлови Вари. На 20-годишниот Мишел од едно кочанско село, додека спиел дома, татко Тоше Поповски има 18 години. Неколку дена пред да ја прослави матурска вечер, шетајќи со другарите во излетничкото место Бриони кај Штип каде што сообраќајот за коли е забранет, бил силно удрен од еден "цитроен". Неколку дена бил на прагот до смртта. Лекарите успеаја да го вратат во живот, но последиците од повредите се трајни. Тоше беше одличен ученик во Средното медицинско училиште во Штип и се подготвуваше да учи за лекар. Сега најчесто е во придружба на татко му Зоран Поповски, и оди на специјална физикална терапија во Штип, во бањата Кежовица. "По првите маки и трауми и по успешните операции кај ортопедите, дури деновиве се израдував како мало дете. Тоше ги направи првите чекори. Бевме упорни. Секој ден одевме и се уште одиме во физикалниот оддел и минералните води на бањата Кежовица. По терапијата во разните оддели за физикални струи, за масажа, па по вежбите во сала, продолжуваме во базенот со термалната топла вода. Па така, од тотална неподвижност, некако успеавме со вежбите да застанеме на нозе и со мала помош да ги направиме првите чекори", задоволно вели таткото Зоран. Илјадници повредени нашле спас во физикалните струи и термалните води на Кежовица кај Штип, во чиј комплекс работат истоимената бања Кежовица која е од отворен тип и физикалната терапија која работи во рамките на Штипската болница. И двата капацитети ја користат топлата минерална вода која со својствата и карактеристиките што ги има е една од ретките во Европа. "Водата има температура од речиси 70 степени, но спроведена е инсталација за разладување со студена вода. Кежовица по својата радиоактивна лековитост е слична на Карлови Вари", вели проф. д-р Тодор Делипетров, геофизичар. Физикалната терапија има 80 кревети, а терапија може да имаат 200 луѓе кои доаѓаат и си заминуваат. Со нив работат четворица доктори специјалисти и еден интернист, и 30 физиотерапевти и медицински сестри кои се обучени да работат и на бројните специјални апарати за масажа на мускулите и коските. Овде лек наоѓаат и спортистите, не само кога тие се повредени туку и кога се подготвуваат за новите сезони. Кирчо Димков е од штипското село Врсаково. Многу години работел во Германија, но судбината сакала принудно да го врати назад во родното место. Во Германија имал тешка сообраќајка. "Бев во сите бањи во Македонија, па и во странство, но мислам дека бања со подобра и полековита вода од штипска Кежовица нема", вели сега динамичниот Кирчо и додава: "По операциите, повеќе месеци лежев неподвижен в кревет. Подоцна барав да ме однесат дома во Штип, со намера да се лекувам на штипската физикална терапија. Упорноста се исплати. Еден ден застанав на нозе, а еве сега дури можам да малку и да потрчам", вели 50-годишниот Кирчо, кој не прекинува со својата традиција секое лето да поминува тримесечен рехабилитационен период во отворениот дел на бањата Кежовица каде што во секое време во изоблиство ја има топлата минерална вода. Даница Фичорска, началничка на физикалната терапија во Штип, ги кажува најдрастичните примери: "На 20-годишниот Мишел од едно кочанско село, додека спиел дома, татко му со секира му ја расцепил главата. Имаше толку тешка повреда, па не знаевме дали ќе остане жив. Беше неподвижен. Но ние го исправивме и на нозе ја напушти нашата физикална. Младиот Алекс од Радовиш со неговото семејство во Бугарија имал сообраќајка, родителите и братчето загинале. Алекс го донесоа овде целиот парализиран, имаше неутврден поглед, само на едно место. Не можеше да зборува, а камоли да оди. Со голема упорност на сите, Алекс неодамна излезе здрав и прав и со успех ја заврши учебната година". Д-р Фичорска на времето била во Јапонија каде што завршила курс по акупунктура. Меѓутоа, оваа метода сега, оти нема пари и помошен материјал, таа не ја употребува - освен во исклучителни случаи кога за тоа ќе се укаже можност или неопходна потреба. "На физикалната терапија има од сите возрасти. Досега сме излечиле илјадници пациенти со ишијас, со разни фрактури, болни од дископатија и слично, па ученици со деформитети. Овде доаѓале, а и сега има пензионери кои имаат скршеници, луѓе со некаква парализа, па дури и мали деца", велат искусните сестри и физиотерапевти Зорица Гигова и Ристика Гогова, кои над 33 години работат во физикалната терапија, и малку помладата Марина Николовска. Сите сестри се обучени да работат со современи апарати за физикална терапија кои се од јапонско производство. Тие ги споменуваат примерите и со нивните најмлади пациенти. Слободанче нема една година, но веќе неколку месеци доаѓа на терапија поради проблемите со рамото што ги добил уште при породувањето, кога му се оштетил некој нерв. Сега, со вежбите, повредата е санирана. Слични проблеми има и едногодишниот Христијан Арсевски од Свети Николе. Неговите родители упорно секој ден доаѓаат на физикална во Штип. Кога малиот Христијан со терапијата почнал да го крева повреденото десно раче и кога и почнал да се смее, неговите родители заплакале од радост. Услугите на физикалната терапија може да се користат по препорака на лекар, а градската бања, која има 25 кревети, може да се користи за 250 денари во кои влегуваат и две капења во бањата. Меѓутоа, по искористеноста и уреденоста, Кежовица заостанува зад Европа, та и зад Карлови Вари. И вработените и сите други сметаат дека со мали пари овие значајни капацитети можат да се адаптираат и со едно мало реновирање значително да се подобрат условите и за престој и за лекување. "Ќе биде прифатена секоја инвестиција. Деновиве дури влеговме во преговори со инвеститори од Германија кои сакаат да градат современ бањско-рекреативен и рехабилитационен комплекс", вели градоначалникот на Штип Панде Сарев кој, како и другите штипјани, се надева дека еден ден Штип ќе може да живее само од топлите и лековитите води на Кежовица.
AaaAa
quote:
Originally posted by sisi
quote:
Originally posted by AaaAa
Cudo cudo, ajde sisi da odis da se slapkash u stipska bajna, nemora da si bolen/povreden za da pokisnesh pod mineralnite vreli prirodni vodi. Jes deka jas ne sum bila od 3 godini, ama ako ne ti preci full frontal od poznati i nepoznati, da odish i posle toa na vrel kompot od visni kaj baba stana.:)
Mozda i ke odam ako nekogas me navee patot.Aj ova poslednovo pojasni mi go.
koe posledno?
sisi
quote:
Originally posted by AaaAa
quote:
Originally posted by sisi
quote:
Originally posted by AaaAa
Cudo cudo, ajde sisi da odis da se slapkash u stipska bajna, nemora da si bolen/povreden za da pokisnesh pod mineralnite vreli prirodni vodi. Jes deka jas ne sum bila od 3 godini, ama ako ne ti preci full frontal od poznati i nepoznati, da odish i posle toa na vrel kompot od visni kaj baba stana.:)
Mozda i ke odam ako nekogas me navee patot.Aj ova poslednovo pojasni mi go.
koe posledno?
pa visnive na babava stana?
sisi
quote:
Originally posted by AaaAa
ВО ШТИПСКАТА БАЊА СПАС НАШЛЕ И НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНИТЕ
Za ova nemam sto drugo da se proiznesam osven da kazam deka sum slusnala i jas za ova cudo i deka mi e drago sto se naogja bas vo MK.
AaaAa Cudo cudo, ajde sisi da odis da se slapkash u stipska bajna, nemora da si bolen/povreden za da pokisnesh pod mineralnite vreli prirodni vodi. Jes deka jas ne sum bila od 3 godini, ama ako ne ti preci full frontal od poznati i nepoznati, da odish i posle toa na vrel kompot od visni kaj baba stana.:)
sisi
quote:
Originally posted by AaaAa
Cudo cudo, ajde sisi da odis da se slapkash u stipska bajna, nemora da si bolen/povreden za da pokisnesh pod mineralnite vreli prirodni vodi. Jes deka jas ne sum bila od 3 godini, ama ako ne ti preci full frontal od poznati i nepoznati, da odish i posle toa na vrel kompot od visni kaj baba stana.:)
Mozda i ke odam ako nekogas me navee patot.Aj ova poslednovo pojasni mi go.
AaaAa baba Stana e komsikata od baba mi. baba mi ko odi na banja, posle banja odi kaj baba Stana na kompot od visni. Baba ili nana ko shto si ja vikam jas, cel zivot me moli da odam so nejze, i najgolemata mamka koja ja koristi e visnite na baba Stana. "Doj so meneka de, ke oeme posle kaj Stana na kumpot od visni." Nikad ne ja poslusav, tako da ako zaletas nekad, javi da te pratam da kazesh kakov e kompotot ;))) sala na strana, kompot od visni e ko nekoja tradicija posle odenje na kezovica (sekako na zima samo)
sisi
quote:
Originally posted by AaaAa
baba Stana e komsikata od baba mi. baba mi ko odi na banja, posle banja odi kaj baba Stana na kompot od visni. Baba ili nana ko shto si ja vikam jas, cel zivot me moli da odam so nejze, i najgolemata mamka koja ja koristi e visnite na baba Stana. "Doj so meneka de, ke oeme posle kaj Stana na kumpot od visni." Nikad ne ja poslusav, tako da ako zaletas nekad, javi da te pratam da kazesh kakov e kompotot ;))) sala na strana, kompot od visni e ko nekoja tradicija posle odenje na kezovica (sekako na zima samo)
mmmmmmm...mnogu ubava prikazna...fala AaaAaa (zosto mi idat solzi?)
wolf_pack Na ti maramche:)) Inache Ana, i ja gi iam poseteno banjite, stvarno zheshko beshe ama trpev:)) za zdravje se[;)]
SirAndReW Imam i jas slushnato za ovie banji mnogy se lekoviti i toa mislam deka se free.. barem taka mislam Nego manete toa, jas imam edna maka so bioritmikata dajte nekoe suportche.
AaaAa SirAndrew bez pari ne se, ali e minimalna naplata. za bioritmika, volja samo nishto drugo. sisi-neznam milo zasho ti idat solzi. :) visni da ne ti se prijadoa?