Biznis ili nesto drugo?? |
dejan |
ne znaev deka i vo Ohrid DUI ima nekakva sila......i sega naj mnogu brojni gosti ke bidat od Kosovo i Albanija?? nemam nisto protiv toa....ama samo se prasuvam dali celta na niv im e nesto sosema drugo???
Незадоволство во Угостителското училиште "Ванчо Питошески° во Охрид
Наместо вработените, со ученичкиот хотел ќе стопанисуваат фирми блиски на ДУИ
Директорот на училиштето, Секула Баткоски, вели дека е запазена постапката
ОХРИД - Ученичкиот дом во Средното угостителско училиште "Ванчо Питошески° во Охрид летово ќе работи како хотел со кој наместо вработените, ќе стопанисуваат две фирми блиски на ДУИ, а во Охрид веќе се зборува дека најмногубројни ќе бидат гостите од Косово и Албанија. Вршителот на должноста директор на училиштето, Секула Баткоски, вели дека е запазена постапката за издавање под закуп и дека притоа не го интересирала етничката или партиската припадност на закупувачите.
"Одлуката за издавање под наем на училишниот дом Училшниот одбор ја донесе уште во мај. За објавување тендер беше доцна, бидејќи постапката трае 52 дена, па одлучивме домот да го најмиме со ограничен повик и тоа посебно за сместувачкиот дел и за кујната и за ресторанот. Договорите со кои добивме 3.000 евра за сместувачкиот дел и 3.000 евра за ресторанскиот се повеќе од очекуваното, зашто никогаш досега кога работевме сами во текот на летниот период не сме оствариле толкави приходи°, објаснува в.д. директорот Секула Баткоски. Тој додава дека во 2003 година приходот бил околу 400.000 денари и по одбиените трошоци речиси ништо не останало за училиштето. "А за тоа постои документација што може да се провериии, вели Баткоски.
Вработените во училиштето "Ванчо Питошески° тврдат дека во изминатите години, додека со него располагале тие, дури во најлошите летни сезони остварувале приход од два до три милиони денари. Домот располага со 121 легло во солидно уредени соби за чие реновирање од 1999 до 2001 година биле инвестирани околу 300.000 евра, пари од Министерството за образование и од странски донации. Со парите заработени преку летото велат дел од вработените биле покривани сите трошоци, а учениците тука ја изведувале задолжителната практична настава.
Издавањето на ученичкиот дом на фирми блиски на ДУИ дел од вработените му забележуваат на в.д. директорот Секула Баткоски дека го направил тоа за да ја задржи директорската фотелја. Велат дека во училиштето постојано се присутни Недим Положани, братот на министерот Азис Положани, и Екрем Каљоши, директор на студентскиот дом во Охрид, веројатно за да му помогнат на Баткоски да биде избран за директор на неодамна распишаниот конкурс.
Министерот за образование, Азис Положани, во петокот во Струга прашан за случајот со ученичкиот дом во Охрид рече дека не знае кои се фирмите што го закупиле објектот и дека училиштето има право само да одлучува. Доколку има незаконитости, Министерството ќе се вклучи во решавање на проблемот°, рече Положани.
Ученичкиот дом во Угостителското училиште веќе е подготвен за прием на првите гости кои се очекува да пристигнат неделава. Од вработените во училиштето се задржани само оние од кујната, а во сместувачкиот дел и во помошниот персонал ќе бидат вработени луѓе од двете фирми-закупци за кои се вели дека се блиски на ДУИ.
ako ministerot azis ne bil na taa pozicija...i ako nekoj makedonec bil na negova pozicija....neznam!! |
achtung_panzer |
Inzajmuvanje na uchenichkiot dom na srednoto ugostitelsko vo Ohrid, epizoda vtora:
"Zaradi otkrieni niza nepravilnosti vo rabotenjeto ekspresno e smenet direktorot (senjor Sekula) i na negovo mesto e naznachen ve- de direktor Skender Iliri (izmisleno ime iako ishodot sosema mozhen) koj vetuva deka do kraj kje se zapazi politikata na dodeluvanje sobi soglasno ramkovniot..."
Ponatamu sledi kratka biografija na ve- de direktorot inaku diplomec na ekonomskiot fakultet vo Prishtina, magistratura na univerzitetot vo Tirana i doktorat vo Mala Rechica... |
toni_a |
Владата ги продава акциите во Телеком
Владата сериозно размислува да го продаде својот удел во Телеком, дознава Тотал. Доколку одлучи тоа да го стори годинава, продажба на акциите ќе треба ја заврши до април следната година поради престојните парламентарни избори. Законската регулатива предвидува дека не може да се продава државен имот шест месеци пред парламентарни избори.
Владата поседува 47% од акциите во Телеком, а 2% поседуваат вработените, кои за акциите имаат спор со Владата. Остатокот од 51% е во сопственост на Маџар Телеком (поранешен Матав).
Во последниот извештај на ММФ за Македонија, македонската Влада се обврза дека ќе го забрза процесот на продавање на акциите кои ги поседува во Телеком. Владата се обврзала и парите од продажбата на акциите да ги употреби како државни девизни резерви.
Познавачите на пазарот велат дека е нереално да се очекува продажба на овие акции до април, бидејќи Владата нема капацитет да спроведе таков проект за толку кратко време. Од продажбата на овие акции реално може да се инкасираат околу 550 милиони евра.
(Тотал)
1.Конкуренција во фиксната телефонија дури напролет
2.Телеком: 550 вработени мора да си одат!
mi izgleda deka Telekom se spremaat za "konk*rencija".istovremeno drzhavata prodava akcii.
po princip,koga se racionalizira se kachuvaat akciite posto se zgolemuva profitot.
dolgorochnata "prognoza" i "mislenje" na vladata za firmata izgleda ne e bash najsvetla...inache zasto bi prodavale?
a sto ke i se uste drzhavni rezervi na MK??? (deficiti? ili da gi jade inflacija?)
mislam deka ima i uste nesto drugo...
|
achtung_panzer |
quote: Originally posted by toni_a
... inache zasto bi prodavale?
a sto ke i se uste drzhavni rezervi na MK??? (deficiti? ili da gi jade inflacija?)
mislam deka ima i uste nesto drugo...
Nechii izborni kampanji treba da se finansiraat, na pr... |
toni_a |
ги шитнаа акциите овие од владата или што направија[?]
откако ќе ги „оженат" мислам дека дури тогаш ке има поефтин нет во МК.
само губењето на интернационален, политички и економски план е мизерија и неоправдано.односот на т_ком е уште покатастрофален!
само промена во „употребувчката“ глава треба!!! и тоа масовно...
важи и за политиката!
МАКЕДОНИЈА ПРЕД УКОР ОД БРИСЕЛ ОТИ ГО ПОДДРЖУВА МОНОПОЛОТ
Словенците бараат ЕУ да го заузда Телеком
Словенечката компанија "Актон комуникација" се пожалила во Европската комисија во Брисел дека побарале лиценца од македонската компанија за пласирање на своите услуги (Интернет, АДСЛ, ИСДН...) во Македонија...
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=107427&idg=6&idb=1617&rubrika=Makedonija
|