Nastani
Nastani
AaaAa 27/06/2005 ПРОЕКТ НА НАЕЗАВИСНИТЕ ПИСАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА Поетски карван "Патувајќи кон т'га за југ" Поетите ќе одат по манастирите во Македонија, ќе навратат и во Кавадарци за да го посетат винскиот подрум."Да ја претставиме земјава од духовен аспект", вели претседателот на независните Богомил Ѓузел Вечерва на езерото Матка, во 20 часот ќе биде претставен проектот на независните писатели на Македонија "Пишувајќи ја Македонија - патувајќи кон т'га за југ". Овој проект е поетски карван кој една недела ќе патува низ Македонија, а во него ќе учествуваат 13 поети, писатели, публицисти, новинари од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора и, секако, од Македонија. Поетскиот карван утре тргнува на пат и има цел да ги запознае учесниците со дел од оваа земја и да ги иницира да пишуваат за неа. Нивните импресии и трудови потоа ќе бидат преведени на македонски и објавени во гласилото на независните писатели "Наше писмо". Претседателот на независните Богомил Ѓузел вели дека проектот е со истражувачки и творечки карактер и има цел да ја претстави земјава од духовна перспектива. Карванот патот го започнува од манастирот "Јоаким Осоговски", па потоа ќе оди во Лесновскиот манастир, па во Кочани и во Берово. Следните денови одат во манастирите во"Водоча" и "Велјуса", па во Дојран и во Гевгелија. "Некаде посетите ќе бидат блиц, а некаде ќе се задржиме подолго време", вели Ѓузел. Од Гевгелија се враќаат накај Кавадарци за да го посетат винскиот подрум, па преку Градско, Прилеп и Марковите Кули ќе заминат за Битола, на Широк сокак и во Хераклеја. Оттаму се оди за Ресен и во Курбиново и се завршува во Трпејца, Охрид и во Струга каде што остануваат два дена. Враќањето е преку Маврово и Галичица, со претходна посета на "Св. Јован Бигорски". Дел од поетскиот карван " Пишувајќи ја Македонија - патувајќи кон т'га за југ" го покрива Министерството за култура на Македонија. (Д.С.)
ozonce Moeto oko ne e bash naj naj :( i zal mi e sho ne otidov
ozonce (vtornik, 27. 06. 2005) , so pocetok vo 21.00, vo Kulturniot centar Tocka vo ramkite na filmskata programa, narecena LAF-FILM-MUABET (t.e. MRAK I ZRAK) }e go prikazeme filmot na Hiroshi Ta Shigahara "Maskata na drugiot". Voditeli na razgovorot koj ke sledi po proekcijata ke bidat Zarko Trajanoski i Marko Petrusevski.
ozonce Nedelata na nastani vo kulturniot centar To~ka prodol`uva... Vo ovaa prigoda sakame da Ve izvestime za dve neobi~ni promocii {to }e se odr`at vo sreda (29.06) i ~etvrtok (30.06) so po~etok vo 21 ~asot. ]e bidat prmovirani tri knigi od teoriskata edicija na izdava~kata ku}a Templum, 20/21 vek, Ideologijata od Teri Iglton, Postmoderna etika od Zigmund Bauman i Tokati i fugi za drugosta od Julija Kristeva, kako i {est knigi od proznata edicija Magma: Ako edna zimska no} nekoj patnik od Italo Kalvino, Ti ne si stranec tuka od Adam Haslet, Ostrov na pladne od Hulio Kortasar, Ednominutni noveli od I{tvaw Erkew i Klavirska pridru`ba i Trska {to misli od Nina Berberova. Vo obidot da se nadminat zdodevnite promocii vo koi protokolarno se pretstavuvaat knigite, a site prisutni vo publikata edvaj ~ekaat govornikot da zavr{i so svojot tekst, se obidovme da pronajdeme nov na~in za interakcija me|u promotorot i publikata. Na promociite {to }e se odr`at vo slednive dva dena publikata }e ima mo`nost da go dade svoeto mislewe za uspe{nosta na promotorot, ocenuvaj}i go negoviot nastap. Na ovoj na~in vo promociite }e se vnese doza na performativnost, a istovremeno }e se sru{i konvencijata spored koja publikata samo pasivno go prima ona {to promotorot saka da go ka`e. Promotorite se motivirani da ja zainteresiraat publikata, da gi pridobijat nejzinite glasovi... a se nadevame deka promocijata }e dobie forma na igra... Po izbroenite glasovi, nekolku lu|e od publikata {to go pogodile pobednikot }e dobijat nagradi od izdava~kata ku}a Templum. Promoteri na izdanijata od edicijata 20/21 vek se: Zlatko Poposki, Sla|an Penev i Aleksandra Bubevska. Knigite od edicijata Magma }e gi promoviraat: Nikola Gelevski, Vasilka Pemova, Vladimir Jankovski, @arko Kujinxiski i Tamara Bu{treska.
AaaAa ПОДГОТОВКИ НА ПРЕТСТАВА ЗА "ОХРИДСКО ЛЕТО" Словенецот Јанезич глумците во МНТ ги избира со интервју Режисерот кој во Скопје остана запаметен по неговите"Три сестри" кои гостуваа на МОТ, од завчера поставува претстава по текст на нобеловецот Метеринг Во Македонскиот народен театар - Драма од завчера режисерот Томи Јанезич од Словенија поставува претстава специјално за годинашното "Охридско лето". Јанезич предложил текст на нобеловецот Морис Метеринг со наслов "Слепци", а аргументирал дека сака овој текст да го постави затоа што асоцира на денешни наши состојби. Станува збор за слепи луѓе кои си имаат избрано водач кој ги носи во животот, но проблемите настануваат кога ќе им го снема водачот. Јанезич во Драма - МНТ уште ја нема направено поделбата на улогите. Од завчера, тој кастингот го прави со интервјуа на глумците. Дознаваме дека на интервјуто со Јанезич секој глумец останува и по еден саат. Томи Јанезич во моментов е едно од најбараните режисерски имиња и во Словенија и во екс ЈУ, скопската публика остана без здив од неговата режија на Чеховите "Три сестри" лани на МОТ, а пред три-четири месеци во белградското "Ателје 212" го постави Шекспировиот "Крал Лир".
AaaAa Novoto izdanie na online magazinot Blesok za mesec Maj/Juni e dostapno. http://blesok.com.mk/main.asp?lang=mac&izdanie=42
AaaAa ИЗРАБОТЕНИ НАЈСКАПИТЕ ПРОЕКТИ ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СТАРАТА ЧАРШИЈА Од есен Чаршијата во ново руво Овие два проекта се едни од поголемите и поскапите зафати во Чаршијата. Според грубите пресметки, за реализација на првиот проект ќе бидат потребни околу 280 000 евра, а за вториот двојно помалку Обновувањето на централниот и најфреквентниот дел од Старата скопска чаршија- Арт базарот и осветлувањето на целата чаршија ќе започне од септември. Координативниот одбор за ревитализација на Старата скопска чаршија вчера ја презентираше програмата на овие два проекта. Со проектот за дооформување и адаптација на блокот во близина на Безистенот, Чифте амам и Сули ан, каде е сместена Ликовната академија, се предвидува конзервација и адаптација на најстариот зачуван дуќан во Чаршијата, и негово претворање во простор за изложба, изработка и продажба на уметнички и занаетчиски дела. Објектот којшто некогаш бил француска банка треба да прерасне во простор со апартмани и ателјеа. Се планира поплочување на патеките и урбано и хортикултурно уредување на целиот блок. На влезовите во блокот ќе бидат поставени влезни порти на кои ќе бидат испишани информации за објектите во Чаршијата. Со проектот за осветлување и илуминација на објектите, светлосно ќе бидат нагласени 12-те влезови на Чаршијата и фасадите на најзначајните историски споменици. Фенери ќе бидат поставени низ целата чаршија, а ќе работат како ноќно и полуноќно осветлување. За Камениот мост предвидено е линиско осветлување на неговите страни. Донатор на овие два проекта е холандската амбасада и Светската банка, а тендерот ќе го распишат кон почетокот на јули. Откако ќе се избере најповолниот изведувач, кон крајот на август се очекува да започне изведбата на двата проекта. "Овие два проекта се едни од поголемите и поскапите зафати во Чаршијата. Според грубите пресметки, за реализација на првиот проект ќе бидат потребни околу 280 000 евра, а за вториот двојно помалку. Во оваа сума не влегуваат средствата за проектирање, кои ги обезбеди ЈП 'Стопанисување со станбен и деловен простор', Министерството за култура и Стопанска банка", рече Мелпомени Корнети, претседател на Координативниот одбор за ревитализација на Чаршијата. Според програмата за ревитализација на Чаршијата, сопствениците и корисниците на деловните објекти во Чаршијата не ќе смеат да изведуваат градежни зафати на нивните дуќани без одобрение на Управата за заштита на културното наследство
AaaAa СКОПСКО ЛЕТО Даутовски со студентите на Кале Големо богатство претставува интересот на младите кон својот бит и традиција.Само со враќањето кон својот извор, човештвото може да го издржи бремето на модерното живеење, вели Даутовски [img]http://vest.com.mk/images/{C2D3D16A-E3FD-4289-849C-1D960C727056}_dautovski-2.jpg[/img] Вечерва во 20.30 часот на Тврдината Кале концерт ќе одржат студентите од класата на Драган Даутовски за народни инструменти при Факултетот за музичка уметност од Скопје. Ќе настапат 12 студенти кои ќе изведат програма на традиционални инструменти и песнопојни напеви. Како што ни изјави професорот Даутовски, тој е задоволен од интересот на младите за изворната традиција, пред се за негувањето на самиот инструментариум. "Во времево на глобална транзиција и новите технологии, големо богатство претставува интересот на младите кон својот бит и традиција.Само со враќањето кон својот извор, човештвото може да го издржи бремето на модерното живеење", вели Даутовски. Даутовски најавува и целовечерен концерт со своите студенти, зашто вели дека тоа е неопходно во повторниот бран на турбо фолкот на Балканот. Ренесансата во 90-те со ансамблот "Миле Коларовски", потсетува Даутовски, потребно е да се повтори и денес. Концертот што ќе се одржи наесен, вели Даутовски, е замислен како "спој помеѓу младите школувани уметници и плејадата sвездени имиња од македонската традиционална музика, со што би се покажал спојот на изворниот народен гениј и научната професионална надградба".
AaaAa ОД ДЕНЕС МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН АНСАМБЛ ЗА ОРА "Танец" ќе држи часови во Грција Од денес, следните пет дена во Хорефто во Грција, македонскиот национален ансамбл за народни ора и песни "Танец" ќе дава часови по македонски танци. [img]http://vest.com.mk/images/{932DBF3D-FCBF-4755-A8A7-B775C210D0F3}_tanec-2.jpg[i/img] Од денес, следните пет дена во Хорефто во Грција, македонскиот национален ансамбл за народни ора и песни "Танец" ќе дава часови по македонски танци. Танцовите сесии ќе се одвиваат на Семинар за народни ора, а организаторот комплетно го посветува на македонските ора. На Семинарот македонските ора ќе ги работат инструкторите Љупчо Маневски, Милан Завков, Трајче Ристов и Велика Стројкова. Во Хорефто традиционално се одржува семинар за народни ора, има интернационален карактер и доаѓаат посетители од сите балкански земји. Ова е второ презентирање на "Танец", по концертот лани што го одржа во Атина, а во соработка со Грчкиот национален театар "Дора Страто".
ozonce 01.07.2005 Promocija na publikacijata za Veles vo Kulturniot centar Tochka, koja e del od Gradovite vo Makedonija [url="http://www.kontrapunkt-mk.org"]poveke[/url]
AaaAa ПОНЕДЕЛНИК(11/7/2005) ВО МНТ Е ПРЕМИЕРАТА НА ДЕЛОТО НА ЧАШУЛЕ [img]http://vest.com.mk/images/{A231C45C-1A03-4257-BC20-3A2EABE7436F}_crnila-2.jpg[/img] Унко "Црнила" ги направи како наша трагикомедија "Текстот се однесува на тероризмот во дваесеттите години во Софија, но и одлично кореспондира со денешната состојба, со проблемите на идентитетот, националното чувство, предавството. Мојата претстава нема Премиерата на претставата "Црнила 005" која по веќе класичниот текст на Коле Чашуле ја работеше Слободан Унковски, е закажана за в понеделник, 11 јули. Ова е прва претстава што Унковски ја режира за Македонскиот народен театар по петнаесетина години и воопшто прва претстава што ја работи по текст на Чашуле. "Оваа драма на Чашуле ја сметам за граничник во развојот на националната литература и мисла. По педесет години откако е напишан текстот, изменети се приликите и погледот кон македонската историја и револуција, па затоа текстот го преведов во денешни услови". Оттаму и насловот на претставата "Црнила 005", наслов што упатува на годината, но и претставува алузија на "Бонд 007". Како што најавува Унко, "Црнила 005" како шеснаесетта македонска театарска обработка на оваа драма на Чашуле е различна од се досега направено. "Црнила 005" е трагикомична претстава што се обидува да се ослободи од установените историски матрици и од баластот на минатото. Во оваа смисла, Унковски не го зема текстот здраво за готово туку копа по поттекстот. "Текстот се однесува на тероризмот во дваесеттите години во Софија, но и одлично кореспондира со денешната состојба, со проблемите на идентитетот, националното чувство, предавството. Мојата претстава нема врска со Бугарија", истакна Унковски и додаде: "Мислам дека претставата ќе комуницира со современата публика како што би комуницирал, на пример, текст на Дејан Дуковски". Улогите ги толкуваат Николина Кујача, Емил Рубен, Јовица Михајловски, Јордан Симонов, Тони Михајловски, Оливер Митковски и Даниела Стојковска. Сценографијата за "Црнила 005" е на Мета Хочевар, а костимите се на Јелена Проковиќ, двете од Словенија. (Б. Велковска)
StormAngel Saka nekoj so mene na 12 na Jose Carreras vo Ohrid?
AaaAa Црнила" го вратија театарот Добро е, се распашаа пиштолите и имаше многу пукање на сцената во Македонскиот народен театар - Драма. Тргна работава, театарот како најдуховна категорија тргна, а ако е ова и ваков почеток на нешто, значи ќе Добро е, се распашаа пиштолите и имаше многу пукање на сцената во Македонскиот народен театар - Драма. Тргна работава, театарот како најдуховна категорија тргна, а ако е ова и ваков почеток на нешто, значи ќе го има во идниве сезони на оваа сцена. Во МНТ влезе Слободан Унковски, по 15 години. Ги постави "Црнила" на Коле Чашуле, антологискиот текст од македонската драматургија, како што и Унко за него вели "Црнила" е парадигма, тој е наша национална Рубиконова коцка, оти колку и да го читаш од него излегуваат се повеќе и повеќе слоеви, и колку повеќе го "лупи" толку е поинаков и со уште повеќе нови и нови енергии. Унко со "Црнила" во МНТ внесе енергетска сила како ураган кој те нокаутира од силината на прашањата што во оваа претстава и во овој текст од Чашуле ги вади и ни ги постила нам гледачите. Ова е претстава во која нема ни милиметар празно место. Унко, оваа не знам која верзија поставена по театарските сцени на текстот ја нарече "Црнила 005" . Тој вели дека цифрите ја означувале годината на случувањето на овие нашиве црнила, ама не е далеку дека има малку и џјемсбондовска варијанта. Што видовме: големи глумци, ама сите до еден - Јовица Михајловски, Тони Михајловски, Николина Кујача, Оливер Митковски, Јордан Симонов, Емил Рубен и најмладата - студентката по глума Даниела Стојковска. Видовме театар кој само Унко овде го прави: низ духовитост што умираш од смеење да соопштува сурови и болни работи, да ни ја покаже пустелијава во која живееме и на театарска сцена, да ни го нацрта политичково ни опкружување заглибено во дилање дрога и правење пари. За "Црнила" од Коле Чашуле се вели дека е драма за претставата што на Македонецот му се случуваат низ историјата. "Црнила" на Унко вели кој патриотизам, за пари ќе убиеш се околу тебе. Кој куфер пари ? За цел фрижидер во кој се ладат и парите и дрогата. Болно е кога ќе се постави прашањето: Што се случува кога човек пука во сопствениот идеал? Нема веќе таков романтизам. На сцената кај Унко сите се упукаа. Којзнае дали остана уште нешто за убивање? Репризата на "Црнила" е в петок во Театар "Центар", после ќе се игра наесен. Ц.Зојчевска
AaaAa ЕЧЕРВА НА Никола Ристанивски ќе се појави гол Текстот на Молиер "Дон Жуан" го направи режисерот Александар Поповски, главниот лик го игра Никола Ристановски, кој влегува во претставата угол гол, а зад него се купишта женски лешеви Вечерва (во 21 часот) на сцената во Центарот за култура "Григор Прличев" на "Охридско лето" е премиерата на Александар Поповски со Молиеровиот "Дон Жуан", проект на Драмски театар од Скопје. Дон Жуан го игра Никола Ристановски. Со него се отвора претставата, а тој во неа влегува гол к'о од мајка роден. Над него е Бог, а долу има се што му треба. Александар Поповски вели дека во концептот на "Дон Жуан" ги разоткрива длабоките гревови на едно корумпирано општество, за кое лагата, хипокризијата и сквернавењето се вообичаени средства. Исто така, Поповски ни изјави дека во овој комплексен текст на Молиер го користи и Бихнер со "Дантоновата смрт", "поминав низ 'Камениот гостин' на Пушкин и завршив со 'Баал' на Брехт". "На сцената има едно куче, зад него има куп женски тела, двајца мажи касапи фрлаат уште едно тело врз купот. Доаѓаат уште пци, од разни сорти. Меѓу нив е и Дон Жуан. Зема една жена, ја влече настрана и полека ја јаде. Над него има Бог, под него има смрт, зад него има вера и пред него има љубов", вели Ацо. "Дон Жуан е верник во суштина, но за да го откриеш лицемерието, мора многу добро да ја спознаеш другата страна. Дон Жуан стана лицемер за да успее да се справи со сите пороци на векот во кој живееме. И тој станува жртва на тоа што сака да биде искрен со луѓето. Оти денеска не е модерно да си искрен, туку да кажеш од типот 'сакам да ме лажат, ама да биде во мода'. Тука ми е и поттекстот на целава приказна за Дон Жуан: отворање на сопствената утроба за да можеме да се видиме кај сме", е изјавата на Поповски. Во претставата во поделбата на улогите се и: Ирена Ристиќ, Калина Наумовска, Лилјана Велјанова, Снежана Стамеска, Сашка Димитровска, Гордана Ендровска, Виолета Шапковска, Викторија Анѓушева, Душица Стојановска, Диме Илиев, Димитар Зози и Самоил Дуковски. Ц. Зојчевска Легенди: 1 "За да се видиме кај сме, ќе има многу смрт, плус ќе биде и забавно и смешно": Александар Поповски 2. Како Дон Жуан ќе го оди патот во кој има лицемерие, смрт и разни сорти пци: Никола Ристановски