AaaAa |
АДРИЈАН ГАЏА
Ако не беше Скопје ќе ме немаше и мене
[img]http://vest.com.mk/images/{BD202005-CC9E-4D14-BF0C-C14374ADD58A}_gadza-2.jpg[/img]
"Ако не беше Скопје, ќе ме немаше и мене", вели новата песна на Адриан Гаџа, посветена на Мајка Тереза. Младиот пејач ја промовираше завчера, во Домот на занаетчиите во старата скопска чаршија и во Градското собрание. Поводот е 25 годишнината од првото доаѓање на Мајка Тереза во нејзиниот роден град. Насловот на песната е нејзин цитат. Гаџа ја пее песната на два јазика: македонски и албански, а се подготвува и англиската верзија. Музиката е на Григор Копров, текстот на Огнен Неделковски, а аранжманот на Јован Јованов. Албанскиот текст го напиша Џабир Ахмети. До крајот на летотото ќе биде промовиран и видео спот.
Адријан е ангажиран и со подготовка на второто цеде. Паралелено се снима на три јазика: македонски, албански и босански, во студијата на Дарко Димитров, Кристијан Габровски, Јован Јованов и Роберт Билбилов. Следниот месец како сингл ќе излезе песната "Земи ме". Албанската верзија Гаџа ја изведе на наколку манифестации, во придружба на членовите на минатиот циклус од реалното шоу "Тоа сум јас". (М.Џ.)
|