Реформите во правосудството.........
Реформите во правосудството.........
angel

ДАЛИ СМЕ НА ДОБАР ПАТ СО РЕФОРМИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО?



Неопходни ли и се на Македонија реформи во судството или промените ги прави заради влез во Европа? Колку македонското судство ги исполнува стандардите и дали има отпор кај судиите за спроведување на реформите?


Судиите и професорите кои денеска дебатираа на тркалезната маса организирана од балканската истражувачка мрежа сметаат дека дури за неколку години реформите ќе се покажат како успешни. Велат дека судиите не се корумпирани, туку транспарентни. Сепак признаваат дека тешко ќе се отстрани политичкото влијание врз судската власт.


„Ние сите тука молчиме. Зборуваме за некоја си судска олигархија и политичко недоразбирање, а ја забораваме бизнис олигархијата која е најопасна и која има најголемо влијание“, рече Вели Ведат, претседател на Апелациониот суд.


Каков да биде мандатот на судиите, пробен или траен?Виктор Цветковски, државниот секретар во министерството за правда смета дека подобро ќе биде судиите да имаат пробен мандат, ако се покаже дека добро ја вршат нивната работа, тогаш заслужено нивниот мандат преминува во траен.


Судиите треба да бидат мнозинство во независното тело, рекоа учесниците на трибината.


„Ако луѓето решиле да те тргнат, со или без двотретинско мнозинство ќе најдат начин да те тргнат“, истакна Џемали Арифи, претседател на Основниот суд 1 – Скопје.


„Со оглед на измените или уставните амандмани кои што се предвидуваат, фактички го правиме изборот на судиите. Го правиме независно од собранието. Значи треба да ги бира независен орган, во кој најбројни ќе бидат судиите“, истакна Виктор Цветковски, државен секретар во Министерството за правда.


Учесниците се согласија дека Македонија е на добар пат, но мора да ги подoбри стандардите, ако сака успешни реформи.

dejan Slusam deka Skopje, naj brzo od site gradovi vo Makedonija odi so reformite[;)]
Jakov Jas mislam sudskite reformi se vodat naopaku. Treba drzavava da formira edno telo, koga veke se frlaat tolku pari. Eve neka ima 21 clen. 5 nasi, 5 ramkovni, i 11 stranci od EU izbrani na anonimen konkurs, Ke im se dava plata.Posle toa ke donesat zakon so koj ke gi otpustat site sudii obviniteli i slicni serkovci po site makeodnski sudovi i ke raspisat konkurs za novi. Neka postavat kriteriumi i neka biraat novi bez mesanje od strana. Izbranite posle vtroata opomena otkaz... Plata na sudija 1200 evra...predmet a ti se oddolzi poveke od mesec dva 30% plata kini mu... Samo radikalno so tie ulezani debeli prasinja inaku nisto nema da se desi. Dodeka go vodat sudstvoto tipovi kako Prcevski(mi lici na Napoleon od "Animal Farm" na Orwell) i Lence Sofronievska i slicni nim nema napred.