Со инвалидска количка од Прилеп до Пекинг | |
AaaAa | подвиг во наЈава Со инвалидска количка од Прилеп до Пекинг Прилепчанецот Миле Стојкоски подготвува нов, милениумски подвиг - со инвалидска количка ќе патува од Прилеп до Пекинг, да стаса на Олимпијадата во 2008 година. Лани Стојковски со инвалидска количка отпатува на Олимпијадата во Атина. - За да стасам со мојата инвалидска количка на Олимписките игри во Пекинг, ќе ми треба една година. Ќе поминам низ 32 земји и повеќе од 15.000 километри - вели Миле. Тој пресметал дека ќе патува точно една година, а тоа значи дека од Прилеп ќе тргне во почетокот на 2007 година. - Најсреќен би бил ако мој генерален спонзор биде Владата на Република Македонија, бидејќи основната цел на проектот е и афирмација на нашата земја во светски рамки - додава тој. (М.П.) |
dada Sani | Ambicioznost za pofalba |
dejan | bravo! so srekja! |