AaaAa |
Podolu pismo isprateno do redakcijata na Dnevnik. Reakcija na najavenoto ukinuvanje na Hrvatskata HTV2 programa, od sovetot za radiodifuzija, zatoa shto navodno so toa se krsat avtorskite prava na Kanal5 koga stanuva zbor za formula1 koja i dvete programi ja prikazuvaat. Resenieto kako shto denes javuva dnevnik e deka programata na HTV2 kablovskite operatori ke moraat da ja prekinat samo za vreme na formula1 trkite--mozam da pretpostavam na zadovolstvo na revoltiraniot gledac podolu--koj me nasmea rano na sabajle ;)))
Писмо
Укинување на добри ТВ-програми
Укажувањето на Советот за радиодифузија за укинување на ХТВ 2 за мене, а верувам и за многу други корисници на кабелските оператори, е тотална глупост. Зошто токму ХТВ 2 им пречи? Ако е така, зошто да остане да се емитува ХТВ 1 или ХТВ 3, дајте сите ќе ги укинеме. Оправдувањето на Канал 5 дека се загрозуваат нивните авторски права може да се реши многу лесно кабелските оператори нека ја прекинат програмата на ХТВ 2 за време на трката. Програмите на ХТВ се најдобрите во овој регион, па и пошироко и нашите телевизии можат само да научат многу од ХТВ. На крајот на краиштата зошто да гледам Формула 1 на Канал 5 да ме вознемируваат идиотските СМС-пораки за тоа кој бил подобар возач - Шумахер или Кими. Научете пацери еднаш-за екогаш еден е СЕНА.
МарЈан Младенов, СкопЈе |