Прилепчанец си купи авион | |
ozonce | Запален прилепски љубител на височините неодамна купи авион и го донесе на спортскиот аеродром Мало Коњари кај Прилеп. Авионот е од Чешка, а неговиот пријател го донел со демонтирани крила, со камион. Дејан Пеливаноски, 32-годишен бизнисмен од Прилеп, е запален за летањето. Затоа купил мал, ултралесен авион, со две седишта, за 15.000 евра плус данок. - Мераклија сум на авиони уште од дете. Бев член на локалниот аероклуб за моделирање авиони. Сега сум и претседател на клубот. Летањето е мојот животен сон и еве, ми се исполни животната желба да имам авион - вели Пеливаноски. Тој веќе ги поминал минимумот часови обука за летање и наскоро ќе полага да стане официјален спортски пилот со дозвола. Пеливаноски додава дека авионот е регистриран по сите прописи и има дозвола да слетува на спортски и цивилни аеродроми во земјава. За во странство треба да се најави за да го следат властите на радар. - Сакам секој ден да летам најмалку по еден час. Уживам во небото и во височините. Сум го кренал до 2.100 метри. Горе е возбудливо и фантастично. Веќе летам до Скопје за 35 минути и имам дозвола за слетување и за Охрид - се фали Пеливановски. Во Македонија има пет авиони во приватна сопственост. Прилепскиот е шести. Има мотор на двотактен погон од 65 коњски сили. За еден час лет троши околу 12 литри супербензин со масло. Достигнува височина до 4.000 метри. Обезбеден е со ракетен падобран, да го спушти цел без тешкотии, бидејќи е тежок само 250 килограми. Максимална брзина е 160 километри на час. izvor |
wolf_pack | motorot neka e 2000 evra, i avionot ako za 2-3 luge i sho sakash poveke? 12000 evra e i premnogu. Nema tuka nishto specijalno. Standarni delovi se toa, osobeno ako e avion za rekreacija. |
Great_Macedonian | ozonce, bas pred nekoj den gledav web stranici za 'ultra-light-flying' zas vo posledno vreme navistina imam zelba da poletam vo eden od niv... plus moze da se kupi i za 10iljadi evra. |
ozonce | Sho e toa tolku eftino Great_Macedonian da ne e napraven od hartija? daj da gi vidime tie stranici, ova izgleda primalivo za 10 000 evra :) avion da imash |
bliznak | Ама презиме.. Пеливаноски.... кај бил овај за авион[;)] |
Pina | Ako mozhe da gi fati toa ugornicite do Pletvar i ne e losh za 12000. |
SirAndReW | Eve.. Eve.. pisav Izgleda ne znae sto da pravi so parite... Negovite komshii nema shto da jadat toj ke si leta so avionot :) au da hobi mu bilo.. kupuvanje avioni vo slobodnoto vreme :) |
mArInCe | so zdravje neka si go vozit :) |
Great_Macedonian | ozonce pogledni ovdeka... http://www.northwing.com/index.shtml |
Great_Macedonian | eve sto mozes da si kupis za $9390 amerikanski..... http://www.northwing.com/products_trike_atf.shtml |
suschestvo | aj polni krila :) dali malku ne vi nesto cudno vo celava storija? nemam nisco protiv prilepcani. ama videte Prilepcanec leta! neli tie imaat sklonost kon drvata se ? dali planira da si go odnesi DOMA-na drvo? ej bliznak, koga bi se gradiral prilepcanec-majmun, po prezimeto sigurno bi znacelo pelivanoski-GORILA |
zlotty_co_380 | I jas sakam da si kupam eden, ama ne vakov ,barem Boeing 767 ili Airbus A333 ili zdravje Boze eden den , koj znae Boeing 747-400 Long Reach [:D] , inaku prilepacanecot so zdravje neka si go leta i da vnimava mnogu na pilci osobeno na taa visina 1000-1500 metri pa da ne napravi trista bejli [:D] |