Seshto :) | |
ozonce | "Брут" во задник, виљушка во задник, риба во вагина, антибиотици во уво, голи луѓе во амбуланта... Вакви случаи, наспроти сите трагедии и непријатни случувања во Ургентниот центар во Скопје, ги засмејуваат не само медицинскиот тим туку и пациентите, кои за миг забораваат на својата мака. "Ќе дојдат прво расплакани, со смислена приказна дека им се случило нешто друго, оти им е непријатно. Но откако се ќе заврши, слатко ќе се изнасмееме, а тоа, нели, е лек за сите болки", велат тимовите од Ургентен. Ова, велат лекарите, се смешни случки од само неколку дена во најголемиот здравствен центар во земјава, а за она што се случува по ординациите години наназад, нема шанси ни еден роман да го собере. "Имам нешто долу, помагајте!" "Докторе, имам нешто долу, помогнете ми". Вака 40-годишен маж пред извесно време влетал во дежурната амбуланта на Ургентен, очајно барајќи помош. "Дојде детето, се жали на болки долу и нормално е тогаш да му се направи преглед како за хемороиди. Го мести докторот во позиција со наведнат задник накај него. Така се прави прегледот. И кога, да провери со раката, во задникот напипува нешто метално", се присетуваат сестрите. "Момче, имате нешто во задникот, како да е метално", му вели лекарот, а пациентот молчи и се препотува. По неколку минути молк, од зорт призна дека тоа е дезодоранс. "Се натпреваруваме со другар ми дали ќе ми го собере", срамежливо рекол пациентот. "И ајде, полека да го извадиме, но бељата тогаш почна. Како за секунда прсна дезодорансот во него. Не можеш ни да го вадиш ни да трчаш на операција. Па ајде полека, полека, да се смири, за да стигне на хируршка маса", раскажуваат сестрите. "После и ќе се пошегуваш на негова сметка, кога се ќе помине, па докторите кога се среди се, знаеја на неговата сопруга да и речат: 'За тој пациент сокчиња само тетрапак'", ја завршуваат смешната случка од дежурниот тим во Ургентен. "Се лизнав и шишето ми влезе во дупката" "Доаѓа едно попладне дедо, на свои 62 години, и се туфка. Ту лево ту десно. Виде, не виде, почна да зборува, да кажува како има проблем со скопско пиво", се присетува персоналот од Ургентен центар. "Дедо, што ти е?", го прашавме. "Имам нешто на задникот", ни рече. "Го прегледуваме и што да видиш, шише пиво заглавено во отворот на задникот. Половина внатре, половина надвор". "Како ти се случи?", го прашавме, а тој почна да кажува дека се шетал низ двор, се лизнал и паднал право на шишето. "Ти, дедо, гол се шеташ по надвор?", му вика докторот, а тој црвенее, црвенее, за да почна после полека да кажува како сакал да проба какво е чувството да имаш нешто во себе, в задник. Набрзина се подготвии операциона сала, се заврши работата, се изнасмеавме, но филот го направи неговата сопруга. "Море, гром да го убие, да не излезе од тука, да не резили и мене и децата. Што мајка барал со шише, мала ли сум јас, огин да го изгори, па прави глупости", викала жената на дедото кога му дошла на посета во болницата. "За среќа, по неколку дена тој, со жена му под рака, ја напушти клиниката", велат од Ургентен. "Докторе, не ми го собира вториот антибиотик во увово" Оваа случка не се случила директно во Ургентен, но на крај човекот завршил во нивната амбуланта. "Дојде едно сабајле човек, возрасен, и се жали дека го боли увото. Го прегледавме и лекарот му препиша антибиотик 'оспен', објаснувајќи дека треба да зема по една таблета дневно. И си замина", се присетува една сестра. "Следниот ден, го гледам истиот човек, пак чека ред. Го прашав што е работата, а тој луто ми одговори дека му треба лекарот. Влезе внатре и му се обраќа на лекарот: 'Добро бе докторе, што лекови си ми препишал. Вчера го ставив едново апче, ама денес за другово нема место, буткам, буткам, ама ништо. Овој леков не се топи'. Лекарот кога виде што направил, сфати дека нема ефект да му вика, па ајде полека му објасни дека тоа се пие, а апчињата со мала хируршка интервенција му ги извадивме", вели сестрата. "Ти секој ден кисни во ладна вода, испонастинав" Струмичка болница. Лето, горештини, празна амбуланта. "Влегува еден човек и се жали дека има проблем со дишните патишта. По куса контрола констатиравме дека не е ништо страшно, па му препишавме да зема капки и секој ден по три пати дневно да ги раствора во ладна вода", раскажуваат за своите смешки од овој медицински центар. "Не поминаа два-три дена, влегува човекот, лут, гневен мислиш сите ќе не тепа. 'Слушај ти, голема докторке, нели не ми беше ништо. Ти да ставаш 15 капки во ладна вода три пати на ден. Па колку и да е топло, измрзнав, толку често да се бањам, жив испонастинав, а ти ми тврдеше дека сум само малку болен. Сега да ме оздравиш, да си бидам кукурек'", вели струмичката лекарка. Таа полека му објаснила на пациентот каде ја згрешил работата и ветила дека за неколку дена, овој пат растворајќи ги капките во чаша вода, болниот ќе стане кукурек. "Риба ми се заглави во вагината" "Овој случај нема да го заборавам. Влегува млада девојка, убава, згодна, намирисана, капка, и бара дежурен гинеколог. Пред да викнеме колега од друга болница, пациентката помина низ наша амбуланта и ја замолив да легне да ја прегледаме. А забележувам девојчето се ниша од една на друга нога", се присетува еден доктор од Државна. "'Не можам да седнам, ако може некако стоечки да ме видите', ми вели таа. 'Добро, соблечи се', и се вртам на другата страна да ставам ракавици. Кога вртам поглед накај неа и гледам од вагината виси опаш. Малку се збунив и ја прашувам каков проблем има. 'Седев дома и додека се токмев што да правам за ручек, а имав купено риба, добив сексуален нагон. Ја гледам рибата така лигава и си викам може да заврши работа. Почнав да се задоволувам, но во момент се занесов и рибава ми се заглави. Извадете ми ја побрзо, оти со дечко ми сум договорена за излегување вечер', без никаков проблем ми објасни пациентката. За два часа, по малата интервенција, ја пуштивме дома и сигурно стигнала да се сретне со момчето", вели на крајот лекарот. |
mArInCe | LoooooooooooooooooooooooL bozhe miliiii sho ti nemat ejjj :))) |
The`bItCh | AHhaaahahahahaha poslednoto e kraj.. [:D] svashta ej![:D] |
Jakov | quote:Da se nadovrzam na komentarot I posle mirisalo na riba...e ne.....[;)] |
SpaceLily | E ova bilo stvarno svashta:)))) |
The`bItCh | quote:sega ne mojme da dokazhime deka ne e taka[V][:D] |
SpaceLily | Jas za mene si kazvam dek mene na livanto mi mirisat,tebe kAtja ak ti mirisat na plashica,belvica al jagula ne me zanimat:))) |
Divider | Зарем имавте некаква замисла да се обидете да ни укажувате дека она што е очигледно, не е???? Чудесно! |
The`bItCh | sho da ne zborvime mnogu.. ko ne ni mirisat na riba[:D] kazhvete si vie kolku sakate[^] |
wolf_pack | Ohridska riba neka e samo[8D] |
GoDsHaNd | quote:Nekoj se prepoznal :D |
The`bItCh |
ne bi rekla deka se prepoznav[^]
ama ti izgleda ne vide za tebe sho imet napishano:)))
quote:tazhno e ova be Darko[V][:D] |
ozonce | quote:Rabotata ne da e za smeenje, patos e, ne zezaj... tuku ti da ne se prepozna vo nekoja od ovie svashtarii? :) |
mArInCe | toj e babata sho mu se derela na dedoto :)) |
sisi | quote:More Ozon! Koj lekar od Gradska opsta bolnica ti e drugar? Odma da si priznal! [;)][:)][:D] Ako e istiot covek sto jas go znam daj da go doneseme na forum ima zurka da ni pravi cel zivot so vakvi baljezgarii sto im se desavaat na nokna smena osobeno,xaxaxa...[:D] |
ozonce | :) vardarce, ova mnogu seriozno go svati iako i samite doktori i sestri se smeele na ova, (sepak si ja zavrshile profesionalno svojata rabota i ne navleguvaj vo tie vodi, opasni se) sisi, ne e bitno koj e drugarot :) no ne e losho da ima nekoj doktor na forumot da pishuva za vakvi zgodi i nezgodi :) |