Dali Branko si mesti ftor mandat?
Dali Branko si mesti ftor mandat?
dejan ВЛАДАТА ГИ ДОСТАВИ ДО СОБРАНИЕТО НАЦРТ АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ
Бранко си мести втор мандат
Со владиниот предлог, на Црвенковски му се овозможува да добие и втор мандат без проблем, и да биде мирен, а пак Бучковски ќе биде раат уште пет години во обавувањето на партиските работи без сопките на Црвенковски



Македонската влада стокми нов предлог за измена на Уставот со кој претседателот на државата ќе се добие со просто мнозинство од гласачите што излегле да гласаат на избори. Ова правило ќе се однесува на вториот круг на изборите, а со прости зборови значи дека за да добиеме претседател, нема да мора да се чека излегување на преку 800 илјади гласачи на изборните места, или 50 отсто плус 1 од вкупниот број гласачи запишани во избирачкиот список, како што сега наложува Уставот. Наместо тоа, нов претседател ќе може да се добие и со многу помалку гласови од досега.
Аргументацијата на Владата за намалување на цензусот за избор на претседател, која стои во образложението на новиот амандман, е дека со тоа "ќе се избегне постојаното повторување на изборниот процес", оти вака таа бројка од неопходни преку 800 илјади гласачи за успех на изборите била превисока.
Владини извори велат дека со намалување на цензусот, партиите и нивните лидери нема да ги облива ладна пот додека ги чекаат резултатите стравувајќи дали излегле потребниот број гласачи. Но, сите партии преќутно се согласни дека треба да се намали цензусот бидејќи тешко некоја да може да натера да излезат 800 илјади гласачи.
Неофицијално, правните експерти велат дека намалувањето на цензусот е поради тоа што довербата на гласачите во политичарите е на многу ниско ниво.
Тоа го покажа изборот за претседател на Бранко Црвенковски, кога, опозицијата обвинуваше дека се наполнети кутиите само да се стигне потребниот цензус. Црвенковски за влакно и "на туркање" го помина прагот за валидност на својот избор
Партиски извори велат дека со владиниот предлог за намалувањето на цензусот за избор на претседател му се олеснувало водењето на партијата на лидерот на СДСМ Владо Бучковски.
Со владиниот предлог, на Црвенковски му се овозможува да добие и втор мандат без проблем, и да биде мирен, а пак Бучковски ќе биде раат уште пет години во обавувањето на партиските работи без сопките на Црвенковски.


i ako ke izgubi, moze ke go smeni odma
Jakov Ne se sekiraj Deki. Branko nemoze da si namesti vtor mandat i nov ustav da mu napisat. Moze da si go mesti gazot uste 4 godini u foteljata, a vo 2009 ke leta, kako onoj volkot od eden star crtan film, koj koga ke go frlea vikase..."Unistuvac na zabavi" Branko i II mandat...smeski.... Ustvari sega najgolemata Enigma e dali Bucko dogodina ili Branko 2009 ke letne podaleku.
NOV Kako shto "odi" rabotava deckite si "trasiraat" teren za "dozivotni" mandati!A,poznavajki gi "ne-prilikite" na ovie prostori,mozam so sigurnost da kazam deka toa lesno moze da se sluci,osobeno ako se znae deka "diktatorskiot" rezim ima logo:-Ednash diktator-zasekogash diktator!
dejan 2009! pa toa e dolgo vreme....pa koga nema nekoj drug...
NOV Diktatorite ne dozvoluvaat nekoj drug.....
Jakov
quote:
Originally posted by dejan
2009! pa toa e dolgo vreme....pa koga nema nekoj drug...
Ima be Deki samo za dotogas mu e mandatot. A konkursi za Princip-i ne se objavuvaat javno....[V]
dejan koj drug e po dobar od branko?? sega, koj ima moznost da stane pretsedatel?
intel Бранко ќе си биде два мандата Претседател му се допаѓало тоа некому или не како што и СДСМ ќе си тера уште (5)4 години исто така му се допаѓало тоа некому или не. За евентуално одговори зошто е тоа така ви стојам на располагање:)))
Jakov nemoj da ne bide posle "Pana situation"
NOV Hehehe,kako shto gledam po nekoi drugi forumi iako sum relativno "NOV" bi rekol deka ke bide "intel-pana" situacion.
трендафил Ако Бранко добие втор мандат, демократски, со референдум и измена на Уставот можеби ќе му овозможиме и по трет пат да биде Претседател. Така беше и во демократска Белорусија, на пример.
mako Pa zasluzhuvat covekot dozhivoten mandat, mnogu stori za Makedonija ko premier. I poslem eden ogromen mausoleum strede plostad.
Jakov A da se prenamenat sredstvata i mausoleumot da mu se izgradi vo dvorot na KPD Id****o....ili ne?
NOV Moze da se prenamenat sredstvata za Idriz,so toa ke se podobri i onaka slabo ekipiranata "cuvarska sluzba",sekoj Musolej go cuvaat "elitni strazari.
lav поради ЛОША ОРГАНИЗАЦИЈА Бруцошите сами си ја плаќаат стипендијата од Црвенковски Бруцошите што добија стипендија од шефот на државата сами си плаќаат упис на факултетите. Во кабинетот на Бранко Црвенковски велат дека факултетите не ја разбрале суштината и повикуваат студентите да не плаќаат за упис. Најдоброрангираните десет кандидати за упис во прва година на секој од техничките факултети на скопскиот, битолскиот и на тетовскиот универзитет ќе мора од свој џеб да ја платат првата рата од 100 евра од школарината во државна квота што шефот на државата во минатиот месец ја најави како стипендија за најдобрите. Деканските управи и кабинетот на претседателот се уште се договораат како ќе се префрлаат парите за стипендистите и од каде ќе се соберат. Управите на техничките факултети велат дека сега е рокот кога примените кандидати мора да уплатат пари за упис. Во кабинетот на Црвенковски вчера не знаеја дека факултетите си ја бараат школарината и повикуваат новите бруцоши да не уплаќаат пари. Претседателот Бранко Црвенковски во минатиот месец ја обелодени иницијативата за стипендирање 100 најдоброрангирани бруцоши на Архитектонскиот, Градежниот, Електротехничкиот, Машинскиот, Технолошко-металуршкиот, Шумарскиот и Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, Техничкиот и на Факултетот за биотехнички науки од Битола, како и на Центарот за политехнички студии во Тетово. Стипендијата изнесува 200 евра, а вкупниот фонд - 20 илјади евра, од кои, како што е договорено, половина од сумата ќе ја обезбеди шефот на државата, а другата половина Министерството за образование и факултетите. - Запишаните кандидати мора да си ја платат школарината. Па, Црвенковски потоа нека им отвори штедни книшки на студентите и нека им префрли пари со кои ќе ги вратат овие што сега ги уплаќаат на факултетот. Нашата листа уште не е готова, зашто ќе чекаме резултати и од вториот уписен рок - велат на Архитектонскиот факултет. На Технолошко-металуршкиот факултет сметаат дека не е важно што новите студенти сега уплаќаат пари зашто тие ќе им бидат вратени за некој месец. - Стипендиите се на Црвенковски, но ние немаме ништо со тоа. При запишувањето ќе си платат, па потоа на студентите ќе им ги вратиме парите. Не знаеме кога ќе биде тоа, ниту дали претседателот обезбедил доволно пари за стипендии. Ништо не е договорено за сето тоа - велат на факултетот. На Машинскиот факултет, пак, не им е јасно дали стипендиите ќе важат само за првата година или ќе ја покријат школарината за целото студирање. Таму велат дека ќе почекаат прво од кабинетот да им се префрлат пари, па потоа ќе ги запишат првите десет кандидати. - Се уште не сме се договориле за плаќањето на трошоците за студирање. Во договорот пишува само дека кандидатите треба навреме да ја завршат годината, а никаде не пишува за тоа дека ќе мора да постигнат и солиден просек за да се ослободат од школарината - велат во деканската управа на Машинскиот факултет. Советникот на Црвенковски, Игор Ивановски, претпоставува дека факултетите не ја разбрале суштината и оти се работи за бирократска грешка на факултетските администрации на трите универзитети. - Иницијативата е јасна. Најдобрите 10 од сите технички факултети не смеат да уплаќаат школарина. Кабинетот ги обезбедува половина од парите, а преостанатиот дел надлежното министерство и факултетите. Управите имаат една недела да им ги испратат листите со податоци на кандидатите за да се префрлат пари за првата рата од школарината. Нема да се чека втор уписен рок - вели Ивановски.
Strelec
quote:
Originally posted by Jakov
...vo dvorot na KPD Id****o....ili ne?
А зошто? Украл нешто???
Jakov Edno vreme vrtese prikaznata za Branko i negovoto bogatstvo od okolu 200 miljoni germanski marki. Koga go simnaa od premier. Neli zatoa i se povlece mirno. Posle toa se javi nova prikazna za 200 miljoni evra na Ljubco. Ja vikam za sekoj slucaj premierska suma od 200 miljoni pari za premierski mauzolej...pa po potreba komu ke mu treba go prakame na posedok. BTW....ako nekoj vrsi krivicno delo a drug znae i go dozvoluva toa a e vo pozicija da go spreci toa e isto taka kaznivo i se vika soucesnistvo.
Strelec
quote:
Originally posted by Jakov
Edno vreme vrtese prikaznata za Branko...
Aaa... e ova e novo za mene... Chim VRTELA PRIKAZNA, se znae... V kjorka!:) A toa so souchesnishtvoto, da ne odime tolku daleku...:)
Jakov zatoa i vikam za dve lica moze da se naprai mavzolejot.;)
NOV Samo na "tenderot" da ima Prilepski mermer a ne nekoj tamu Bosanski granit.:)
concrete De be, samo nekoi skapi proekti : mlazni avioncinja , mavzolei, 200 mil.EU apanaza , daj videte nesto posoodvetno na siromastijata !!!!! da ne zaboravam ... za vampiri... sto municija se koristese?????
Strelec
quote:
Originally posted by concrete
... za vampiri... sto municija se koristese?????
Alkohol... Treba da ispiesh shto e mozhno pogolema kolichina na alkohol, pa neka dojde vampirot posle da ti ja ispie krvta! Ima tapa da se napravi!:)
concrete Koja marka ja preporacuvas ????
NOV Za vampiri e najdobra "Lukova",zemi kilo domashna 55% i kilo luk,neka otstoi 14 dena lukot vo rakijata i posle da se procedi.Ke begaat vampirite samo shto ke im go pokazesh "sostavot"!