Имаме ли граница со Косово
Имаме ли граница со Косово
трендафил
quote:
Масовно иселување на жителите од Брест, Малино и Танушевци
Макфакс


06.07.2005
Жителите од пограничните села Брест, Малино и Танушевци масовно се иселуваат на Косово, пишува денеска скопскиот дневен весник на албански „Лајм“.

Повикувајќи се на изјава на претседателот на Месната заедница на село Брест; Селам Бајрами весникот, како што пренесува Макфакс, пишува дека вчера од овие три села на Косово заминале вкупно 49 семејства.

Жителите од ова подрачје ги напуштаат своите огништа бидејќи не се чувствуваат безбедни, изјавил Барјами, додавајќи дека причина е и фактот „што од 2001. година селото Брест, деновиве е претресувано по петти пат од разни македонски полициски единици“.

Оние што се заминуваат со себе ги носат потребни работи и се движат кон територијата на Косово.

„Ќе се сместиме таму кај што ќе не примат. Во нашите домови веќе не се чуствуваме сигурно“, изјави Бајрами, кој е брат на поранешниот командант Бреза.

Одлуката за иселување жителите на Брест, Танушевци и Малино, ја донесоа по неодамнешната полициска акција во село Брест , при што беа претресени и домовите на семејството Бајрами.

Жителите на Брест обвинуваат дека полицијата употребила сила врз децата, жените и старците, како и дека им се ограбени домовите.

„Припадниците на полицијата ни украдоа околу 50 илјади евра“, изјавил за весникот Мејди Бајрами, исто така, брат на поранешниот командант Бреза.

Полицијата при последната акција во скопското село Брест, пронајде и конфискува и одредено количество оружје.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се придржувало кон „принципиелниот договор“ меѓу коалиционите партнери и за полициската акција во Брест и Блаце бил информиран и заменик министерот за внатрешни работи Фатмир Дехари.

„Колку што знам јас, заменик министерот Дехари, како и сите други надлежни лица во Министерството, се информирани за акцијата“, ја пренесува весникот „Лајм“, изјавата на официјалниот претставник на МВР, Горан Павловски.

Таканаречениот „принципиелен договор“ меѓу владините коалициони партнери, е постигнат по бруталната полициска акција во кумановското село Сопот 2003 година.

Од тогаш за полициските акции во селата населени со Албанци однапред треба да се информираат и албанците кои се високи функционери во МВР.


Колку што ми е познато, лицава не се поминати на граничните премини со Косово. Излегува дека илегално ја преминале границата. Не се ниту уапсени од УМНИК на Косово. Дали границата со Косово е ДРЖАВНА? Доколку Македонија власта ја смета за држава, мора(ше) да превземе нешто. Во секој случај, ќе видиме по нивното евентуално враќање од Косово. Од пишувањето (пропаганда во полза на Малцинството) или игнорирање на веста, ќе видиме како стоиме сега кај странските новинари, за разлика од 2001 година. Ова сепак е притисок македонската полиција да не интервенира во местата кај што во мнозинство се албанофоните Македонци.




NOV Vlasta treba da izvrshi "demarkacija",koja pak e akt koj se pravi otkako ke se izvrshi "markacija".Znaci za da ima demarkacija trebalo predhodno da ima markacija.Ili narodski kazano toa bi bilo vaka: -Jas ke ti go "fuknam" a ti ke pobarash ushte ednash za da se potvrdi deka sum ti go "fuknal"!
toni_a da idat i da ne se vrakaat poveke...treba kontrola na toj del i da ne pustaat nikoj da vleze... pak po stara sema rabotat... so zaplenuvanje na takvo oruzje i materijal treba se da proverat so detektori za metal vo okolnoto zemjiste!
dejan Zasto odat?? Zat nekoj im stoj pret kukjata so puski i neznam sto?? Nema granici so Kosovo, sekoj si odi koga saka, hotel promaja. kosovo i crna dupka, kade nema zakon, bas gi boli UMNIK dali nekoj ke pomine ilegalno. A nasava drzhava nema nisto da prevzeme.
OooOo politichka igra povtorno ....
lav ПРЕМИЕРОТ КОСУМИ Ќе се разграничиме кога ќе дојде моментот Обележувањето на границата со Македонија сега не можеме да го решиме затоа што станува збор за прашање на легитимитет. Белград не е легитимен за границата на Косово, изјави косовскиот премиер Бајрам Косуми во интервју за македонската редакција на Дојче веле. Тој соопшти дека со македонскиот премиер Владо Бучковски се договориле неформални групи да дискутираат за разграничувањето, да ја подготват документацијата и "кога ќе дојде вистинскиот момент, демаркацијата да се реши без губење време". Во врска со постоењето криминални групи во регионот, за кои Бучковски рече дека се одговорни за нападот врз полициската станица во селото Вратница, Косуми рече дека не смее да се заборави оти станува збор за регион во кој долго време имало војни, кои оставиле траги. - Ние како политичари од регионот треба да соработуваме, да отвориме нови перспективи, со што ќе бидат оневозможени тие што се занимаваат со криминал - истакна косовскиот премиер.