Ohridsko leto - programa | |
ozonce | 12 Јули Антички театар: 21:00 СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ ГАЛА КОНЦЕРТ НА ХОЗЕ КАРЕРАС, тенор, Шпанија Тина Горина - сопран, Шпанија Македонска филхармонија, Скопје Диригент: Давид Хименез, Шпанија (Ј. Штраус, Албенитц, Рибас, Доницети, Коста, Гуно, Маскањи, Лама, Гасталдон, Чезарини, Рендине, Лехар, Хименез, Кабалеро, Нието - Хименез, Сорозабал) 13 Јули Долни Сарај: 21:00 Национален театар на опера и балет, Албанија К. Јакова "Халили и Хајрија" - балет Кореограф: Шабан Хиса Улоги: Е. Горани, Е. Хоџа, Е. Серај, Е. Халбани и др. Св. Софија: 23:00 Рада Ѓуричин, Белград, СЦГ Монодрама Д. Гинк/Ф.М. Достоевски: „Катарина Ивановна од Злосторство и казна“ 14 Јули Св. Софија: 21:00 Марија Клигел - виолончело, Германија Нина Тичман - пијано, Германија (Шуман, Форе, Шопен) 15 Јули Св. Софија: 21:00 Хор на московските духовни академии и семинарии Диригент:Игумен Никифор (Владимир Кирзин) Камерен хор „Класика“ на меѓународниот фонд за единство на православните народи Диригент: Королева Хина Павловна Камерен оркестар на меѓународното државно музичко училиште „Гнесин“ Диригент: Калинин Валериј Александрович (Руска духовна музика) 16 Јули Св. Софија: 21:00 Гудачки секстет на Минхенската филхармонија, Германија Уметнички раководител и солист: Сретен Крстиќ, виолина, СЦГ - Германија (Брамс, Штраус, Дворжак) Долни Сарај: 23:00 Оф програма: Група „Гаро и парамециум“ и „Тавитјан Брадерс Трио“ 17 July Св. Софија: 21:00 Камерно Дуо Максим Федотов, виолина, Русија Галина Петрова, пиано, Русија (Шостракович, Мусоргски) 18 Јули Центар за култура „Григор Прличев“: 21:00 Драмски театар Скопје Молиер: „Дон Жуан“ - премиера Режисер и сценограф: Александар Поповски Превод од француски јазик и драматург: Деспина Ангеловска Предворје на Св. Софија: 22:30 Македонска опера и балет Балет: „ЈАС ИСИДОРА“ Либрето, кореографија и режија: Олга Панго Музика: Калиопи Букле 19 Јули Св. Софија: 21:00 Ансамбл „Лириад“ барокна музика, Франција Леонор де Рекондо - барокна виолина Моника Пустилник, теорба, лаута Сирил Овити, вокал Центар за култура „Григор Прличев“: 22:00 Кралски театар „Зетски Дом“ - Цетиње, СЦГ А.П. Чехов „Вишновата Градина“ Режисер: Ивица Кунчевиќ Сценограф: Ивица Прлендер 20 Јули Св. Софија: 21:00 Камерен Оркестар „Св. Ѓорѓе“ Белград, СЦГ Солист: Немања Радуловиќ, виолина, СЦГ Диригент: Петар Јосифовски, СЦГ (Менделсон, Барток, Стојков, Хендел) 21 Јули Хала на Градинар: 21:00 Драмски театар „Вера Комисаржевскаја“, Ст. Петербург, Русија Б. Брехт: „Баал“ Режија: Александар Морфов, Бугарија 22 Јули Предворје на Св. Софија: 21:00 Н.У. Народен театар Битола В. Шексприр: Ричард Трети“ - премиера Режисер: Љубиша Георгиевски Сценограф: Љубиша Јовановски 23 Јули Св. Софија: 21:00 Женски камерен хор „Св. Злата Мегленска“, Македонија Диригент: Летка Димовска - Полизова (Шуплевски, Стојков, Д. Христов, Д. Бортњански, Т. Скаловски, Р. Аврамовски, Архангелски, М. Тајчевиќ, З. Запров) 24 Јули Св. Софија: 21:00 Риоко Јано, виолина, Јапонија Сергеј Кудријаков - пијано, Русија (Бетовен, Штраус, Исаи, Барток) Центар за култура „Григор Прличев“: 22:00 Оф програма: Градски театар - Охрид Алдо Николај: „Хамлет во пикантен сос“ Режисер: Горан Стојаноски Сценограф: Н. Упевче 25 Јули Долни Сарај: 21:00 Театарска компанија „Мјузикл“, Албанија Мјузикл: „Еден век Бродвеј“ Кореограф: Џастин Шервуд Солисти: В. Каменица, Е. Хоџа, Г. Васо 26 Јули Св. Софија: 21:00 Пијано Дуо Генова - Димитров, Бугарија - Германија (Аврамовски, Рахманинов, Гершвин, Л. Бернштајн) Долни Сарај: 23:00 Оф програма: Кинеска традиционална музика 27 Јули Предворје на Св. Софија: 21:00 Градски театар Истанбул, Турција Г. Дилмен „Бен Анадол“ Режисер: Е. Алкан Сценограф: Рифки Демирели Антички театар: 23:00 Оф програма: Бојкен Лако и „Риба“ 28 Јули Долни Сарај: 21:00 Народно позориште Белград, СЦГ Б. Станковиќ: „Коштана“ Режија: Рахим Бурхан, Германија - Македонија Сценограф: Борис Максимовиќ 29 Јули Св. Софија: 21:00 Минчо Минчев, виолина, Бугарија Велизар Генчев - пијано, Бугарија (Витали, Моцарт, Виењавски, Шнитке, Бетовен, С. Санс) Долни Сарај: 23:00 Оф програма: Оскар Гузман, фламенко гитара, Шпанија 30 Јули Св. Софија: 21:00 Данг Таи Сон, Пијано, Виетнам (Дебиси, Форе, Шопен) Долни Сарај: 23:00 Оф програма: Група: „Фантазија Фламенико“, Шпанија 31 Јули Предворје на Св. Софија: 21:00 Н.У. Албански Театар, Скопје Х. Адамс: „Соседи“ Режија: Срѓан Јанаќијеиќ Сценографија: Илина Ангелоска Долни Сарај: 23:00 Оф програма: Кубанска вечер 1 Август Антички театар: 23:00 Македонска опера и балет Р. Аврамовски: „Лидија од Македонија“, опера Диригент: Јануш Пшибилски, Полска Режисер: Пламен Карталов, Бугарија Сценограф: Панче Минов 2 Август Св. Софија: 21:00 Камерен оркестар на музичка младина на Македонија Солисти: Нина Малеева, харфа, Франција Драган Трајковски, контрабас, Македонија Диригент: С. Николовски - Ѓумар, Македонија (Ж. Глишиќ, Бритн, Шостакович, Дебиси, К. Сен-Санс) Центар за култура „Григор Прличев“: 22:00 Н.У.Ц.К. и Н.Т. „Антон Панов“ - Струмица Г. Бихнер: „Смртта на Дандон“, премиера Режисер: Дејан Пројковски Сценограф: Владо Ѓоревски 3 Август Св. Софија: 21:00 Хор „Глинка“, Русија Диригент: Владислав Чернушенко (Бортњански, Рахманинов, Свиридов, Чесноков, Архангелски, Чајковски, Т. Скаловски, руски народни песни) 4 Август Св. Софија: 21:00 Владимир Девјатов, тенор, Русија Светлана Радугина, пијано, Русија (Чајковски, Шуберт, итал. нар. песни, Јаковлев Бах Гуно, Глинка, Рахманинов, Римски - Корсаков) ОУ. „Св. Климент Охридски“: 21:00 Н.У. Турски театар, Македонија Народен театар Битола, Македонија Лабораторио нове Фиренца, Италија В. Шекспир „Тимон Атињанинот“, предпремиера Режисер: Бранко Брезовац, Хрватска 5 Август ОУ. „Св. Климент Охридски“: 21:00 Н.У. Турски театар, Македонија Народен театар Битола, Македонија Лабораторио нове Фиренца, Италија В. Шекспир „Тимон Атињанинот“, предпремиера Режисер: Бранко Брезовац, Хрватска Сценограф: Јане Чаловски Антички театар: 23:00 Оф програма: „Балкан Сквер“ 6 Август Предворје на Св. Софија: 21:00 Казански државен театар „В. И. Качалова“, Русија Режија: Александар Славутски Сценограф: Александар Патраков Антички театар: 23:00 Оф програма: „Балкан Сквер“ 7 Август Св. Софија: 21:00 Ансамбл Виланкико, Шведска Латино - Американска барок музика Диригент: Петар Понтвик Долни Сарај: 23:00 Народен театар Приштина - Косова (СЦГ) „Не се слуша гонгот“ - балет Корегораф: Ѓерѓ Превази 8 Август Антички театар: 21:00 „Танец“, ансамбл за народни игри и песни на Македонија Предворје на Св. Софија: 22:00 Алтернативен театар Косово, „Косоварс“ Режисер: Хачит Муличи 9 Август Св. Софија: 21:00 Дарко Костовски, пијано, Македонија (Бетовен, Шуберт, Лист, П. Шахов) 10 Август Антички театар: 22:00 Универзален театар „Памитис“, Грција Аристофан „Лисистрата“ Режија: Ј. Чацикорјакос Св. Софија: 21:00 Блерим Груби, виола, Македонија Марија Вршкова, пијано, Македонија (Шуман, Брук, К. Нидреи, Г. Енеску, Шостаковиќ) 11 Август Македонски народен театар, Скопје М. Метерлинг: „Слепци“ - премиера Режисер и сценограф: Томи Јанежич, Словенија Св. Софија: 21:00 Владимир Мишчук, пијано, Русија (Бах - Бузони, Шуберт, Шопен) 12 Август Св. Софија: 21:00 Камерен оркестар „Софиски Солисти“ - Бугарија Солист: Гордана Јосифова - Неделковска, обоа, Македонија Диригент: Пламен Ѓуров (Бах, Респиги, Марчело, Бритн) Антички театар: 21:00 Оф програма: Драган Даутовски квартет, Македонија 13 Август Предворје на Св. Софија: 21:00 Национален театар, Албанија С. Чомора: „Карневал“ Режисер: Димитр Пецани Сценограф: Агин Зајни Долни Сарај: 23:00 Оф програма: Џез група на Даниел Карлсон, Шведска 14 Август Св. Софија: 21:00 Гудачко трио Цирих, Швајцарија Борис Лившиц, виолина Цви Лившиц, виола Александер Кагановски, виолончело (Бетовен, Моцарт, Регер) Плаошник: 22:00 Народен театар „Војдан Чернодрински“, Прилеп Е. Јонеско: „Макбет“, премиера Режија: К. Ангеловски Сценографија: Илина Ангеловска 15 Август Св. Софија: 21:00 Јаначек Квартет, Чешка Милош Вацек, виолина Витеслав Киселак, виола Бретислав Вибирал, виолончело Солист: Масимо Мерчели, флејта, Италија (Моцарт, Сметана, Јаначек) 16 Август Св. Софија: 21:00 Сергеј Судзиловски, виолончело, Русија Валери Стефановски, пијано, Македонија (Бах, Шнитке, Р. Аврамовски, Шостакович) Предворје на Св. Софија: 23:00 Драматичен театар „Стојан Бачваров“, Варна, Бугарија Молиер: „Жорж Данден“ Режија: Софија Ристевска Сценограф: Антонија Попова 17 Август Св. Софија: 21:00 Вечер на германската култура Хајдрун Холтман, пијано Св. Софија: 23:00 Доротеа Мориц „Шилер“, монодрама 18 Август Св. Софија: 21:00 Пијано дуо „Корољов“, Македонија - Русија Љ. Хаџигеоргиева - Е. Корољов (Бах, Зографски, Стравински) Центар за култура „Григор Прличев“: 22:00 „Камерен Оркестар 55“, Сараево, БиХ И. Вилквист „Хелверова ноќ“ Режисер: Дино Мустафиќ Сценограф: Кемал Хрустановиќ 19 Август Антички театар: 21:00 Вечер на унгарската Култура Балет: „Сончева Легенда“ Музика: Никола Паров Кореограф: Габор Михали Центар за култура „Григор Прличев“: 20:00 Изложба на гоблени на унгарската авторка Борјана Маевска - Конч 20 Август Св. Софија: 21:00 Свечено затворање Будимпештански камерен оркестар, Унгарија Солист: Лилјана Искадзе, виолина, Грузија (Моцарт, Менделсон, Бритн, В. Николовски, Вејнер, Разволги, еркел, С. Санс) |
The`bItCh | Стварно слаба програма годинава. Ама пак Карерас вредеше. Бев и го гледав[^] |
AaaAa | ДОЖДОТ ГО СМЕНИ ПЛАНОТ ЗА ОТВОРАЊЕТО НА "ОХРИДСКО ЛЕТО" Спортската сала во Охрид спремна за Карерас Ако и денес во Охрид врне како и вчера, концертот на Карерас ќе биде во Спортската сала, која е спремна и со сценографија и со озвучување, напоредно од Античкиот театар. Салата собира над 3.000 посетители [img] http://vest.com.mk/images/{19963E80-34E5-47EA-ABEC-ED894D852E08}_kareras-1.jpg[/img] Како навалиле дождовиве, најверојатно, концертот на Карерас нема да биде во Античкиот театар туку во Спортската сала во Охрид. Вчера и во Охрид се истури, а во дирекцијата на "Охридско лето" ни рекоа дека се молат на Бога да се смилува времево, ама во комплет ја имаат подготвено и Спортската сала. Конечната одлука ќе падне денес. Спортската сала има над 3.000 седишта, што значи повеќе од Античкиот театар, и таму е веќе направена сценографијата (исто автор е Миле Гроздановски, како и за Античкиот театар) , Македонската телевизија и таму има инсталирано опрема за концертот. Славниот тенор концертот на "Охридско лето" ќе го почне со соло-песна на Албениц "Ехото на твојот глас", а ќе изведе уште шест соло-напеви и композиции, и две во дует со сопранистката, негова сонародничка од Шпанија Тина Горина. Со Горина Карерас ќе испее една кабалера и дуо од "Веселата вдовица" во обработка на Лехар. Горина уште ќе исполни и арии од операта "Дон Пасквале" од Доницети, една обработка на соло од "Веселата вдовица" и арија од "Ромео и Јулија" на Гуно. Со приватниот "лир џет" на Карерас завчера во Охрид допатува и диригентот Давид Рамирио Хименез, што е по избор на тенорот, а според програмата, тој е потписник и на доста обработки на дела што Карерас ќе ги пее вечерва на "Охридско лето". Карерас ќе биде придружуван од оркестарот на Македонската филхармонија, која за концертната вечер во Скопје пробите ги правеше со диригентот Вања Николовски - Ѓумар. Македонската филхармонија вечерва пред појавувањето на Карерас публиката ќе ја загрее со дело од Штраус. |
AaaAa | Нотите на Карерас Финансирањето во сопствената култура, но и во донесувањето некои светски вредности е финансирање во сопствената иднина Ѕвездан Георгиевски Ако не врне дожд, Хозе Карерас вечерва ќе настапи во Античкиот амфитеатар во Охрид. Ако врне дожд, ќе настапи во спортската сала иБилјанини Извориии во Охрид. Ако заврне дожд среде концертот, тогаш гледачите ќе наводенат. Ако вечерва Карерас настапи во Античкиот театар, подготвено е едно озвучување, ако, пак настапи во иБилјанини Извориии, друго. И, верувале или не, ништо од тоа не е битно. Битна за овдешната општа клима, значи, покрај сите дождови, громови и сончеви времиња, покрај сите пирамиди, знамиња, урбани мафии, визи и царини, е позитивната енергија што ни се случува. Имаше и има приговори спрема вечерашното гостување на Карерас во Охрид: демек станува збор за леб и игри ((иЕве, што се буните, ви ги донесовме Карерас и иДип парплли), демек дали е потребно во ваква состојба на македонското општество и на македонската култура особено да се донесе Карерас (официјалната сума на трошокот на концертот на Карерас е 120.000 евра - 90.000 неговиот хонорар, по 10.000 хонорарите на диригентот и придружниот сопран и 10.000 евра придружни трошоци - но, со сите скаламуции што се прават околу Карерас, може да се очекува овие трошоци да зголемат блиску до 200.000 евра, а со тие пари Македонскиот народен театар, на пример, може да покрие барем 15 премиери); уште само Карерас ни недостасува и слично. Во суштина, колку и да се во право скептиците, сепак Карерас е токму тоа што ни недостасуваше. Ни недостасуваше и ни недостасува позитивна енергија и волја работите да се гледаат низ некои поинакви диоптрии од оние на кои се навикнавме во овие стушни времиња (без оглед на временските прогнози). Парите што ќе се потрошат се тие и, ако некому не му е јасно, не се залудно фрлени. Културата е луксуз. Барем ако се гледа од некаков дневнокурентен аспект. И тоа е така секаде во светот, па дури и во најмеркантилистичките држави. Она што квантитативно е немерливо со културното дозирање или предозирање е токму во енергијата што културата, а уметноста посебно, ја всадува во општественото ткиво. Малиот политички самит (неколку лидери на балканските земји ќе се соберат во Охрид, не да се расправаат како лидерите на некогашните југословенски републики кои се собраа токму во Охрид пред петнаесетина години, туку да уживаат во убавата вечер) е само сегмент (и тоа мал) кон преобразбата на овие краишта во навистина пристојно место на живеење. Мал, но важен. Нема споредба, но своевремено САД и Кина ги истоплијааи своите односи преку пинг-понгот, ижелезната завесааи на некогашниот Советски Сојуз попушти пред †Битлсиии, конечно Боб Гелдоф издејствува да им се прости долгот на најсиромашните африкански земји. Се разбира, гостувањето на Карерас е само уште едно гостување на Карерас. За него, веројатно, мала егзотика, за нас начин една недела да ги одржуваме меѓусебните разговори на ниво ((иБеше? Не те видов..и), но во општа смисла може да значи дека овдешните политички елити ќе разберат дека финансирањето во сопствената култура, но и во донесувањето некои светски вредности може само да доведе до позитивни општествени движења. Ако Карерас биде залак на некои нови финансиски квазиелити, значи работа на снобовската Македонија, тогаш следното гостување на некој следен тенор ќе влезе на вистинска почва. Затоа е важно гостувањето на Карерас. И затоа, и да врне и да вее - Карерас сепак ќе пее. |
ozonce | Shteta, antichkiot teatar e podobro mesto... |
AaaAa | Nema na TV? Treba da e pocnato do sega, me interesira zivo dali padnalo dozd ili ne... |
AaaAa | 59-годишниот Хозе Карерас, еден од тројцата најславни на светот, денеска на прес-конференцијата, каде новинарите единствено можеа да го видат, се појави опуштен и расположен да одговара на новинарски прашања. Тој откри една ексклузивна вест, а тоа е дека на следното светско фудбалско првенство во Германија повторно ќе запее со Доминго и со Павароти. Тоа е нивна традиција, како што вели. Исто така, Хозе Карерас говореше за иднината на операта. Тој рече, нејзината иднина ќе биде долга, бидејќи таа пред се треба и е забава. Така и вечерва на Охридско лето тој ќе се потруди да ги разоноди сите што ќе дојдат да го слушаат заедно со музичарите од Македонската филхармонија, кои ги пофали дека не само што се добри професионалци, туку и многу симпатични. Заедно тие ќе изведат популарни дела од оперската светска музичка литература. „Самото тоа што ние сме пејачи во опера не треба да значи дека ние сме лимитирани на таа една сцена, на таа една изведба, туку гласот и песната можат да се пренесат и на други сцени, меѓу друг вид на публика и така да се рашири“, изјави Хозе Карерас. „Пуританците, кои јас ги почитувам, велат дека тоа е забава, затоа што музиката и почетоците на музиката, нејзиното раѓање беше како забава, разонода, така што ние не правиме ништо друго освен што ја следиме традицијата и она наследство оставено од минатото. Ние всушност правиме нешто за забава“, рече Карерас. Во Античкиот театар треба да започне свеченото отворање и концертот на еден од најславните музичари на денешнината. |
Thief | Нема дожд, концертот е во античкиот театар, го враќаат Карерас неколкупати на бис, а мене ми е ептен криво што не сум таму... :( |
AaaAa | Cool--[:D] Ke citame utre u novini [:)][8D] |
sisi | Prekrasna zavrsnica na koncertot.I prekrasen ognomet isto taka. Kolku mi e krivo sto ne go slusav vo zivo. :((( Iako ne zavrna dozd,imase mali propusti vo organizacijata i scenata a i vo izvedbata na nasata filharmonija,no nezabelezitelni bea i vo senka na Kareras.lepota! |
AaaAa | Am so ne ojdovte... ili tesko do karti? na kraj kraevi bar u Ohrid da ste bile... eh da bev jas tamu p.s. za propusti mukla, da ne ve cuam. Nema svetska scena, kade shto nema propusti, nema nikogash nishto perfektno nikade, stvar e samo dali nekoj ke zabelezuva ili nema. mene mi se napolni srce ko uvidov deka e sepak odrzan vo antickiot teatar |
ozonce | Go gledav samo vtoriot del od koncertot (bidejki vo Negotino na gradski ploshtad se odrzuva turnir vo Street ball), stavrno e zalno sho nemam moznost a odime na vakvi nastani, ova e neshto... neznam chustvoto da go slushash Kareras, osobeno koga se naoga vo Makedonija e ne objasnivo, iako toa go slushav i gledav na TV! |
AaaAa | Концерт за паметење и културен настан на годината. Гласот на големиот Хозе Карерас, вчера вечер, одекна во охридскиот Антички театар. Со тоа, веројатно, во земјава завршува ерата на комплексот на сиромаштија како оправдување за неспособноста да се организираат гостувања од светски ранг. За оние што вчера вечер присуствуваа на концертот на Карерас, веќе не е важно ниту доцнењето, ниту страшната турканица што настана при влегувањето на публиката во театарот. Тоа и го покажаа, повикувајќи го славниот тенор на бис дури 6 пати. За концертот на Карерас, кој настапи заедно со сопранистката Тина Горина и со Македонската филхармонија, која беше сосема на висина на најдобрите оркестри во светот со кој настапува тој, очекувано владееше огромен интерес. Над 2.500-те посетители беа маѓепсани од музиката, без оглед дали беа претседатели на држави или обични љубители на оперската уметност. На концертот дојде целиот македонски државен врв и скромен дел од опозицијата, сите што се сметаат за јавни личности во државата, странци и охриѓани. Карерас замина во Германија, каде му продолжува турнејата, но неговиот настап во Охрид ќе треба да ја отвори земјава за доаѓање и на други светски ѕвезди. А организаторите на фестивалот Охридско лето, доколку имаат намера и во иднина да покануваат гости од ваков ранг, а веќе за догодина го најавуваат легендарниот диригент Зубин Мехта, ќе треба да разберат дека на пример: македонските филхармоничари се врвни уметници на кои им требаше да им се обезбедат пристојни услови за работа и престој, дека новинарите што не се медиумски покровители не се терористи и дека треба да се размислува и за публиката, зашто конечно таа е причината за постоењето на секој фестивал. |
AaaAa | Незаборавно отворање со ѕвездата Хозе Карерас [img]http://217.16.70.245/izdanija/1828/27219.jpg[/img] Браво. Еден и единствен е очигледно зборот со кој може човек да искаже милиони чувства со кои бевме опсипани прексиноќа во охридскиот Антички театар. Браво за светскиот уметник, за оперската ѕвезда Хозе Карерас што тоа ни го приреди нам, во Античкиот театар во Охрид, како и преку директниот пренос на МРТВ, на граѓаните на Македонија. Браво, се разбира и за неговата партнерка на сцената, неговиот избор за отворањето на "Охридско лето", примадоната Тина Горина. Исто така големо браво за оркестарот, за нашите музички уметници кои свиреа беспрекорно, и за нивниот диригент Давид Хименез. Сите заедно меѓусебно се врзаа со невидливи уметнички нишки и со повеќекратниот бис што на барање на публиката се повторуваше и се повторуваше, веќе на самиот старт 45-то издание на Охридското културно лето го направија незаборавно. Охрид и Македонија прексиноќа беа дел од светската културна приказна. "Првпат од овој древен простор, од Охрид, ќе го слушнеме светски познатиот тенор, живата легенда која длабоко ќе се вреже во нашата меморија, маѓепсникот на оперската уметност и од денеска големиот пријател на Македонија, господинот Хозе Карерас. Од вечерва историјата на фестивалот е збогатена со едно вечно име кое што ќе трае толку долго колку што ќе траат ѕвездите над овој древен град", обраќајќи им се на граѓаните на самиот старт на отворањето на "Охридско лето", претседателот на Управниот одбор на фестивалот, Ристо Аврамовски. "Малиот чекор што ќе го направи големиот уметник Хозе Карерас на оваа сцена, е голем чекор за фестивалот "Охридско лето" и Република Македонија." Честа годинава да ја пренесе уметничката порака, пак, и припадна на доајенката на македонското глумиште, актерката Милица Стојановска која меѓудругото истакна: "Вечерва не го прославуваме само јубилејното, 45-то издание на "Охридско лето", вечерва симболично нека се запамети како слава на вековноста, древноста, без кои времето сегашно и времето идно не би си го знаеле патот... Охрид секогаш бил место каде се напластени разни цивилизации, а фестивалот "Охридско лето" е идеален вриеж каде се испреплетуваат уметнички креации од сите меридијани и народи... Почнувајќи од вечерва, во наредните 39 дена, се до 20 август, Охрид ќе биде центар на врвната светска и домашна уметност..." Годинашното издание на "Охридско лето" за отворено го прогласи претседателот на Република Македонија, покровителот на фестивалот, Бранко Црвенковски: "Охридско лето речиси половина век ја осветлува македонската културна ризница и ги гради нашите мостови кон светот, постојано и одново докажувајќи дека грижата за духовните вредности претставува најдобар гарант, и за опстојување на државата, и за очувување на идентитетот и достоинството на нејзините граѓани. И вечерва, како и многупати во минатото, со полно право и со нескриена гордост можеме да речеме дека е Охрид една од културните престолнини на светот. Вечерва имаме чест и задоволство да му пружиме гостопримство на еден од најголемите уметници на денешницата. Концертот на кој ќе присуствуваме, е секако културниот настан на годината, но и потврда на тоа дека - иако во светот има мали земји - мали култури нема." Штраус, Албениц, Рибас, Доницети, Коста, Гуно, Маскањи, Лама, Гасталдон, Лехар, Чезарини... Тоа беа авторите чии композиции прозвучеа прексиноќа од гласот на големиот Карерас и на сопранот Тина Горина. Дела, односно арии кои несомнено, и покрај нивната релативна популарност кај нас, се лесни, певливи, а истовремено комплексни за интерпретација, но што е најважно стануваат блиски за сечие уво, за сечиј вкус. Тоа беше очигледно од емотивните реакции на повеќе од двеилјадната публика присутна прексиноќа во Античкиот театар, составена од љубители на музиката, од видни лица од политичкиот и културниот живот, од претставници на дипломатскиот кор, кои уживаа во убавината на мелодиите испеани од врвниот глас на Карерас. Префинет, чист глас, полн со сензуалност и убавина. Тоа е гласот на Хозе Карерас. Човекот кој сега и во живо се претстави пред македонската јавност, а за чиј концерт кај нас сме можеле само да сонуваме следејќи го преку малите екрани како дел од прочуеното Трио тенори заедно со Доминго и Павароти. Со својата уметност Карерас ја збогати нашата културна историја. Македонија конечно стана дел од светската културна мапа. Иако, тој е веќе во своите поодминати години кога станува збор за пејачка кариера, Хозе Карерас фасцинираше со својата суптилност, емотивност, со беспрекорната техничка подготвеност каква што ретко можеме да доживееме на наши простори, со скоро невидливите нијансирања кога се движеше од лирските до драмските естетски аспекти во "партитурата", тој едноставно ја маѓепса публиката. Хозе Карерас, што е можеби најважно, покажа скромност на сцената која од ѕвезденото небо го спушти меѓу редовите на обичната публика несебично подарувајќи и ја својата музика. Карерас практично се покажа како одличен домаќин, реализирајќи ги желбите на многубројната публика да го види и чуе уште шест пати на бис, по завршувањето на час и половниот регуларен настап. Овациите и френетичните аплаузи беа очекувани. Публиката беше фасцинирана и од настапот на Тина Горина, која покажа исто така врвна мајсторија во изведбата, најповеќе во техничките перипетии, во кокетирањето со гласовните бои, едноставно воодушевуваше музикалноста и чистината на нејзиниот вокал. Навистина изненади и спремноста на Македонската филхармонија на прексиноќешниот концерт. Оркестарот беше видно мотивиран, со посебен елан ги интерпретираше композициите како своевидна придружба на Карерас и Горина, но нивниот ентузијазам особено се забележа во инструменталниот дел, односно во изведбата на увертирата од Штраус или на интермецото од "Кавалерија Рустикана". Очигледно, кога станува збор за уметноста како највисок дострел на културните вредности, дефинитивно парите не се тие што ја создаваат, но сепак треба да се имаат за да се презентира на начин на кој тоа се случи во Охрид, а кој треба постојано да се повторува. Нема цена да се афирмираат вакви настани на нашите културни простори, било да се создадени од нас, на нашата почва, или да се носат од каде и да е. Секако, за добриот звук на Македонската филхармонија, за нивната темелна подготвеност и прецизност, беа заслужни и асистент диригентот Борјан Цанев и секако, шпанскиот маестро Давид Хименез. Внукот на Карерас, Хименез, очигледено во повеќе наврати ги диригирал композициите кои беа на репертоарот и на македонскиот концерт, бидејќи и нашиот оркестар го водеше со леснотија, тие дишеа взаемно, извлекувајќи ги од него сите неопходни колористички нијанси и динамички контрасти, како еднаков одговор на гласот на славниот тенор. Сето тоа што од почетокот до крајот прексиноќа се случуваше, го засени и несмасниот старт на чинот наречен отворање проследен со непланираното чекање за концертот скоро час и половина и турканици пред влезот. Но, присутните сето тоа го заборавија уште кога ги слушнаа првите тонови што излегоа од гласот на Карерас. Со концертот на овој голем уметник, Охрид прексиниќа живееше до раните утрински часови, а несомнено ќе живее уште долго во неговите сеќавања. |
Mufla | Festivalot zavrshi. Beshe nekoj na neshto? Spored mene, poslaba programa ovaa godina...mozda deka jas ne sum veke tamu [:)] Maka mi e samo sho ne uspeaf da najdam vreme za „Хамлет во пикантен сос“ [:(] |