AaaAa |
Od denot ko se pojavija Energie i Hugo Boss i Mango vo Skopje brujam deka se e falsifikat, nikoj ne mi veruvashe, i mnogu od drugarite i den denes plakjaat poskapi ceni za jakni vo Mango nego sto bi gi platile vo Evropa. Konecno nekoj se resi da napise neshto okolu problemot. (patem jakna koja lani si ja kupiv od Mango vo Skopje, se raspadna posle 3 meseci--sto ne se ima sluceno so niedno drugo parce od Mango kupeno nadvor od makedonija). A mi teknuva i na komentarite od tatko mi, koj veleshe Koktata ne e ista, ja imaat zapusteno. A to ona da ne ti bila zapustena od Kokta, nego od nekoj drug.
MАКЕДОНИЈА ПРЕПЛАВЕНА ОД ФАЛСИФИКАТИ
Само сликичките на "Панини" се оригинали
Самолепливите сликички за фотоалбуми на "Панини" се единствениот оригинален производ за кој увозникот побарал од Царинската управа да го спречи увозот на нелиценцирани производи
За последниве пет години, самолепливите сликички за фотоалбуми на "Панини" се единствениот оригинален производ за кој увозникот побарал од Царинската управа да го спречи увозот на фалсификувани, односно нелиценцирани производи. Станува збор за препознатливите самолепливи сликички од светските фудбалски првенства и од долгометражните цртани филмови, меѓу кои и најпознатите детски ликови.
Според Царината, ниту еден друг лиценциран увозник не покажал иницијатива да се заштити од фалсификатите. Ниту, пак, побарал од Царината како лиценциран увозник да плати царина и за лиценцата за производот што го увезува, со што ќе покаже дека неговиот увоз е оригинален производ, а не евтина имитација која поради фалсификуваното препознатливо знакче ќе се најде на продажните рафтови во бутиците заедно со ретките оригинали. Фалсификатот чини подеднакво скапо, а купувачот не добива никаква гаранција дека купил оригинал и, за жал, големата измама ќе ја открие дури кога ќе почне да го користи производот. Полошите копии се распослани по тезгите на пазарите и на тротоарите, каде што речиси и нема парче гардероба на кое не е закачено знакче на "најк", "лакоста", "рибок", "адидас", на "пол шарк", "дизел", "калвин клајн" или на "бос".
Токму поради отсуството на иницијатива да се заштити увезениот оригинал, во Царината на прашањето дали имаат податоци колку од увозните производи отпаѓа на фалсификатите велат: "Се што се увезува е фалсификат!"
Причината е што досега немаше законска регулатива која и даваше моќ на царинската служба самоиницијативно да побара доказ за брендот на увозниот производ. Во слична ситуација беа и другите инспекции во делот на заштитата на потрошувачите од навалата на фалсификувана облека и други производи, како од увоз, така и од домашно производство, освен во делот на контролата на прехранбените производи и на оригиналноста на носачите на звук, на филмови и на софтверот. Според Валентин Пепељугоски, чија адвокатска канцеларија го застапува "Мајкрософт" кај нас и наедно е член на правниот тим на Организацијата на потрошувачи на Македонија, фалсификатите и имитациите од домашно производство се подеднакво присутни на пазарот како и увозните фалсификати.
"Од сопирачки за возови до она што најмногу ги засега потрошувачите, кисели и минерални води, облека, храна. Се фалсификува се. Некои од тие производи дури го доведуваат во опасност и животот на човекот", вели Пепељугоски и дополнува: "Покрај текстилот, најмногу се фалсификуваат и прехранбените производи. Односно оние производи што носат најмногу профит. Притоа се создава погрешна фама кај народот и кај надлежните органи дека фалсификатите се тука поради социјалниот момент, односно економската состојба во која се наоѓа Македонија, што е сосема погрешно. Влечките кои надвор од земјава ќе ги купите за едно евро, односно за околу 60 денари, во Македонија ќе ги платите над 100 денари само зашто на нив има знакче на некој производител. Најстрашно е кај прехранбените производи, бидејќи се заведуваат потрошувачите да го купат тој производ и се во заблуда дека пијат 'кока-кола', 'фанта' или 'кокта'. За тоа нема никакво оправдување", вели Пепељугоски и потврдува дека дури и кога пазарувате во бутик со оригинални производи не можете секогаш да бидете сигурни дека сте купиле оригинал. Бидејќи покрај 50 оригинали, во некои бутици на рафтовите се наоѓаат и фалсификати, коишто нема начин да ги препознаете.
"Најчесто нашите фалсификати се препознаваат и од авион. Честопати тие се обични имитации. Но, поради високиот степен на профитабилност, ќе дојде време кога тоа ќе бидат софистицирани фалсификати што ќе се докажуваат во лаборатории. Има една анегдота за еден од директорите на 'Лакоста', кој на аеродром во Турција купил маица 'лакоста' бидејќи му била сомнителна цената. Производот воопшто не се разликувал од оригиналот, но, сепак, го дал на експертиза, каде што бројот на јазли на ткаењето ја издал копијата. Се покажало дека е одлична копија на оригиналот, која не се препознава со голо око. Кај нас фалсификатите уште не се на тоа ниво", вели Пепељугоски.
Надвор од Македонија таа стока се продава во приватни станови, во багажник на автомобил, се крие, а кај нас фалсификатите се продаваат секаде затоа што државата не прави проблем од тоа. Големата измама може да се сопре со организирани и континуирани акции на надлежните инспекторати и полицијата и ригорозни казни за увозниците, а се дотогаш потрошувачот, иако знае дека не е оригинал, ќе купува зашто тој е изборот што го има. Пепељуговски вели дека затоа не треба да се гони потрошувачот, туку да се пресече синџирот што го снабдува пазарот.
"Ние мораме да имаме контролирани акции, но кај нас Пазарната инспекција смее да заплени само пиратска музика, филмови, софтвер и прехранбени производи, ама не и облека. Иако се знае дека пазарот е затрупан со фалсификати", вели Пепељуговски и дополнува дека во Македонија не постојат официјални податоци за продажбата на фалсификати.
Веќе од следниот месец се очекува во пракса да профункционира и новиот закон којшто и дава право на Царината да го спречи влезот на фалсификатите во земјава. Царината ќе има право самоиницијативно да побара од увозникот доказ за оригиналноста на брендот, односно, ако увозникот нема лиценца, ќе може да се стопира увозот.
Тања Јовановска
***
"Кокта" најпиратирана
Еден од најпиратираните производи во земјава е "кокта". Лани поради фалсификување на овој производ, односно неовластено производство на "кокта", биле поднесени над 30 прекршочни и кривични пријави. Но и покрај сите мерки за самозаштита, производителите се оштетени, бидејќи судските казни не се ефективни, забележува Пепељугоски. Најчесто случаите завршуваат со судски опомени или минимални парични казни, на кои прекршителите не се ни жалат, туку ги плаќаат и се враќаат во бизнисот. Особено што досега не е изречена максималната казна од пет години затвор за фалсификување производ, предвидена за овој тип криминал.
Во јавноста се познати повеќе случаите на фалсификување прехранбени производи. Најсвеж е оној со тузланската сол, претходеа и случаите на фалсификувани минерални води, злоупотреба на заштитните имиња на "кока-кола" или "фанта", на паштети и друго.
***
И Бин Ладен се финансира од фалсификатите
Трговијата со фалсификувани производи на глобално ниво во однос на профитабилноста се рангира како четврта. Станува збор за една од најпрофитабилните трговии и тоа се пари кои најчесто не се евидентираат никаде. Трговијата со некои од овие пиратски производи е дури и поисплатлива од трговијата со дрога или со оружје. Светските искуства покажуваат дека овие пари најчесто завршуваат за финансирање на терористите, па дури и на мрежата на Бин Ладен. Односно, според познатата британска тајна служба МИ-6, ова е најисплатливиот бизнис, чиј висок профит се злоупотребува.
Кога станува збор за пиратеријата, зад неа се крие мрежа на организиран криминал која им нанесува огромни штети на државните буџети. Според некои проценки, Македонија годишно губи над 120 милиони евра. |
concrete |
quote: Originally posted by AaaAa
Od denot ko se pojavija Energie i Hugo Boss i Mango vo Skopje brujam deka se e falsifikat, nikoj ne mi veruvashe, i mnogu od drugarite i den denes plakjaat poskapi ceni za jakni vo Mango nego sto bi gi platile vo Evropa. .........
MАКЕДОНИЈА ПРЕПЛАВЕНА ОД ФАЛСИФИКАТИ.........
Temava ti e dobra, malku muabet na mira,ova veruvam Enigma nema da ja interesira :):):)!!!
Inaku ne samo Makednija (Makedonija..he,he , ziti pazarot!!!), ami celiot svet e preplaven so falsifikati...od keksi do delovi za avioni.
I ne da e biznis tuku verojatno osven naftata koja po priroda na rabotite ne moze ( sega za sega da se falsifikuva...falsifikatot e poskap od originalot) ........se drugo e na masa:):):)!!!
Vo siromasnite zemji "originalite" se epten domasni ili od najdolna klasa, pa kako tvojata mango jakna brgu se gleda "vistinata".
Inaku "podobrite" falsifikati prakticno se verni na originalot. Mnogu pati i so amin na licensorot...toa prikaznata za Lakosta e verojatno besplatna reklamna prikazna...jazli i tkaenje...odamna nadminato, za sto se svesni i tie vo Lakosta pa i Lakosta verojatno pravi poveke pari na "perfektnite kopii" od kolku na originalite.Ne e veke prasanje "originalnosta" tuku nesto drugo..........ti si barem Stipjanka!!!!
Toa e veke dobro razraboteno vo tobacco industrijata, a ova drugite samo kopiraat.
Ima eden vic: staviv gumi koi stedat 10% gorivo, spojler 2%,nov kompjuter za upravuvanje so motorot 20%, nov...... itn.itn.
Pa sto e problemot ??????
Kako sto, koga vozam od toa rezervoarot mi izvira gorivo!!!!!
Veke ne e prasanje samo na pari za da pies nekoe originalno skapo vino...treba i dobri vrski i povlastena polozba :):):)!!!
|