dejan |
Големиот хуманитарец и филантроп изразил желба да помогне во решавањето на проблемите на балканските земји
Гелдоф сака да направи концерт во Скопје
Идеја за концерт Јанакиоски: На средбата со Гелдоф дојдовме на идеја за организирање хуманитарен коцерт и за балканските земји за да се упати порака до Брисел и да се стори нешто за многубројните проблеми на Балканот
Сер Боб Гелдоф би сакал Скопје да биде домаќин на балкански хуманитарен концерт. Целта на коцертот, со кој би биле опфатени и другите балкански држави, како што се Србија и Црна Гора, Хрватска, Босна, Бугарија и Албанија, би била апелирање до најмоќните земји во светот за проблемите со кои се соочуваат земјите од регионот. Секако, ваков голем хуманитарен хепенинг со негов ангажман би се реализирал доколку во Македонија се најде добар организаторски тим, а Скопје е град кој веќе му е добро познат на Гелдоф, бидејќи имал можност да го посети кон крајот на 1970-тите години. Оваа ексклузивна информација ја добивме од нашиот специјален соработник од Лондон, фоторепортерот Димитар Јанакиоски, чии фотографии од ексклузивни ВИП-настани во британската престолнина многупати биле презентирани на нашите страници.
Имено, оваа идеја произлегла од средбата и неврзаниот разговор што го имаше пред два дена нашиот познат фоторепортер, кој минатата година се закити и со првата награда за фотографија на Модната недела во Лондон, а работи како уредник на фотографија и има сопствена страница во специјализираниот моден магазин "Алл аццессси, со познатиот ирски пејач, автор на песни и хуманитарец.
"По одржувањето на концертите Ливе 8, добив идеја дека можеби нешто слично би можело да се направи и за Македонија, односно за балканските земји, со цел да се упати порака до Брисел и да се стори нешто за победа на корупцијата и на европските норми за слободно пазарно функционирање. Случајно се видов со Боб Гелдоф и решив да му го презентирам тоа мое размислување. Тој живее на Батерси, на Кингс роуд, а јас на Челзи, па и досега многупати сме се виделе и сме контактирале. Покрај тоа, неговите ќерки речиси секогаш се присутни на Лондон Фасхион Њеек, кој редовно го следам°, ја почнува својата приказна Јанакиоски, по потекло прилепчанец, кој може да се пофали со одлични професионални контакти со дизајнерите Мошико Кошино, дуото "Така Нака° по потеко од Грузија, Николас Хаслам, дизајнер за ентериер на Том Форд и на Мик Џегер, Алисон, Џени Пекам, Џаспер Конран, а лично се запознал со Сајмон Ле Бон од "Дуран Дуран°, Клаудија Шифер и Метју Вон, со Гај Ричи, сопругот на Мадона...
"Она што навистина ме изненади е што Гелдоф добро ја знае Македонија и дека веќе го посетил Скопје. Според него, би било интересно да се организира некаков хуманитарен концерт со негов ангажман, чиј домаќин би бил Скопје, а би се опфатиле и другите балкански земји, како што се Србија и Црна Гора, Хрватска, Босна, Бугарија, Албанија, кои се соочуваат со истите проблеми во транзициските процеси. Тоа наедно би овозможило и 'палење на сијалицата' на Брисел, дека не само на африканскиот континент, ами и во Европа постојат земји кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми, а светот треба да се обедини во нивното решавање. Македонија, пак, би требало да обезбеди само квалитетна организација на спектаклот°, објаснува Јанакиоски.
Инаку, оваа идеја доаѓа непосредно по одржувањето на мегаспектаклот, грандиозниот "Лајв 8° концерт, што се одржа на 10 локации, во девет држави и на четири континента, кој на самото место го следеа повеќе од два милиона луѓе, а со посредство на медиумите дури неколку милијарди, а 20 години по дотогаш најголемиот светски концерт "Лајв еид°. И тогашна Југославија (во 1985 година) учествуваше во големата хумана мисија, па југословенскиот 'бенд еид° беше наречен "ЈУ рок-мисија°. Дека Македонија ни тогаш не му беше непозната на Гелдоф говори и фактот што истата таа 1985 година, на концертот што како завршница на една голема наградна игра беше организиран на Градскиот стадион во Скопје, а на кој учествуваа дел од ѕвездите на "ЈУ рок-мисија°, беше прочитана и телеграмата на Гелдоф, во која го поздравил учеството на нашите музички ѕвезди во глобалниот хуманитарен проект и се извинил што не можел лично да присуствува на концертот.
Инаку, овој 53-годишен рокер и филантроп, некогашен фронтмен на "Бумтаун ретс° и одличен гитарист-левучар, во последниот број на "Сан° е предложен за кандидат за Нобелова награда, а за своите досегашни хумани заложби кралицата Елизабета Втора, по организирањето на "Лајв еид°, му ја додели почесната титула витез во редот на британската империја. Татко е на три ќерки од бракот со сопругата Пола Јејтс, кои по разводот на родителите живеат под старателство на својот татко.
lele ova e super!! vo skopje covekot saka da napravi slicen koncert!! ova e super idea!! i ako ke se stvori, epten dobro za makedonija! sto mislite vie?? dobra reklama za Makedonija!!
nekoj organizacija vo makedonija trebat da se vlkucat vo ova, taka nesto, da pocnat kako ke se stori toa sve! ova e mnogu dobro, i covekot treba da ja izrazi zhelbata za da dojde vo skopje poveke do nasive vo Makedonija! |