Tahir "Skafander" | |
nepobedliv | Тахир Таравари (55), њујорчанец по потекло од Македонија, предизвикал евакуација во центар за грижа за деца во владин објект во центарот на Менхетн, откако полицијата открила траги од сомнителен бел прав на неговиот чорап. Таравари дошол во зградата на состанок закажан од службата за имигранти. Претходно испил чаша растворена сода бикарбона за да му ги олесни проблемите со чирот и истурил прашок врз себе. Зградата била евакуирана, во страв дека Таравари дошол со некој смртоносен вирус во чорапите. Системот за климатизирање веднаш бил исклучен, за да се спречи ширењето на „бактериите“. Таравари бил фрлен под туш за деконтаминирање и облечен во пластичен „скафандер“, а дури потоа бил испрашан од полицијата. - Овој навистина е дибек. Доаѓа во владина зграда со бел прав во чорапите - ја пренесе „Њујорк дејли њуз“ изјавата на еден од службениците. |