Град. Аптеки си „РАБОТАТ„ а лекови (сепак) НЕМА ! | |
lav | За да ги „разберете изгубениве министри во ова од нив напаравено време кога лево на десно око не му верува кај иста личност...прочитајте се што имаат како оправдување за сосотојбата. ВРЕМЕ НА ТУТУРУТКИ од секаков маштаб (калибар). ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА ГЕНЕРАТОР НА КРИЗАТА ВО ЗДРАВСТВОТО Димов ќе ги премерува бесплатните лекови Лековите од позитивната листа што се на товар на Фондот за здравство ќе се ревидира, а ќе има строга контрола врз препишувањето рецепти и издавањето лекови, најавува министерот за здравство, Владо Димов. Според него, сегашната позитивна листа на лекови е "еден од генераторите на кризата во здравството". - Листата со лекови е нерационална бидејќи не е заснована на медицина базирана на докази. Во позитивната листа со лекови има премногу лични влијанија, а нема контрола врз потрошувачката на лекови. Крајно време е да се спречи волунтаристичко препишување и издавање лекови. На тој начин ќе се заштитат и пациентите и докторите - објаснува министерот Димов. Неофицијално дознаваме дека "жешкиот костен" за формирањето нова комисија, која ќе треба да ја направи идната позитивна листа, ќе се најде токму во рацете на актуелниот министер за здравство. Во Министерството е при крај подготвувањето водичи за лекување, односно стандарди, нормативи и протоколи базирани врз медицина заснована на докази. - Ќе се ревидира не само позитивната листа, туку и постапките за третман и лекување на пациентите, како и препишувањето лекови. Врз основа на тоа ќе се состави рационална листа на лекови која нема да се базира на лични желби, туку врз нормативи и протоколи базирани врз докази за лекување во сите дејности на медицината. Листата ќе се заснова на податоци и на претходни искуства од повеќе земји каде влијанието на поединецот е исклучено. Целта е со најмалку пари да се постигнат највисоки ефекти за да има рационално и квалитетно лекување на пациентите, кое ќе биде достапно за сите- објаснува Димов. Контролата врз препишувањето рецепти, упати и боледувања мора да се зголеми контролата за точно да се евидентира кој лекар колку упати и рецепти издал. Според податоците од Министерството и Фондот за здравство постојат драстични разлики од лекар до лекар за бројот на препишанитњ рецепти. На сегашната позитивна листа на лекови се наоѓаат повеќе од 400 лекови во разни дози и форми. Листата е подготвена на предлог на повеќе од 10 членови на комисијата - доктори и фармацевти, а претседател на Комисијата беше проф. Љубица Шутуркова. Вчера не успеавме да зборуваме со Шутуркова за обвинувањата од министерот за здравство дека "листата со лекови е подготвена на база на лични желби е и генератор на кризата". Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, кој ја усвојува листата, пред околу една година ја разреши Комисијата за позитивната листа. |
vardarce | Zalno e ova so lekovive. Mesecno po doma davame 1500 denari samo za da gi kupime lekovite zatoa sto ne moze da se najdat vo drzavnite apteki [:(!] |
Jakov | Kaj nas za mnogu raboti ni nema "lek" pa za lekovi? |
NOV | Istoto "nemanje" lek trae poveke od 15godini,kontinurano i so site strukturi na vlast. |
dejan | prvo pogledni koj e na vlast, i kako za niv nema lek.... |
lav | quote:Јас сепак мислам дека ИМА И ЗА НИВ ЛЕК колега Деки , ама неопходната и нужно потребна терапија не е дефинитивно започната само затоа што не се знае кој „доктур„ ке им ја спроведува....мислам во дело и без престанок....се до конечно излекување на посочените и „заболените„. |
lav | Еве нова ЛАГА , ама овојпат со „опашка„ за недостатокот кој е крајно поднослив за МК осигурениците ...со чии пари овој комунистички Фонд „располага„...нели ???. ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО ОБВИНУВА Веледрогериите ја кочат испораката на лекови Јулската пратка "бесплатни" лекови не е испорачана во аптеките бидејќи веледрогериите уште не ги подигнале бандеролите, велат во Фондот. Од септември ќе има нова позитивна листа на лекови што ќе ја изготви комисијата што ја формирал министерот Владо Димовза здравствено осигурување. - Од веледрогериите најавија дека вчера ќе ги подигнат бандеролите за лековите од позитивната листа, но тоа уште не е направено. Бандеролите, без кои лековите не можат да се дистрибуираат во аптеките, се отпечатени - велат во Фондот. Иако од "Градски аптеки" Скопје во минатата недела најавија дека веќе од утре снабденоста со лекови ќе се подобри, тоа сега е неизвесно, иако помина речиси половина од месецот. Скопјани и понатаму шетаат од аптека до аптека барајќи го неопходниот лек. Надлежните објаснуваа дека лековите задоцниле поради новиот тендер - порачките од аптеките за овој месец биле направени по стариот тендер, па затоа морале да се сменат шифрите. До пред некој ден ниту една кутија лек од јулската пратка не била испорачана поради новиот тендер. Од "Градски аптеки" уште во минатата недела ги доставиле новите шифри до Фондот за здравство, но лековите се уште не се испорачани. - Во аптеките има доволно антибиотици, лекови за зголемен крвен притисок, антиревматици, лекови против алергија. Не зависи од нас кога ќе бидат дистрибуирани лековите, туку од добавувачите - велат во "Градски аптеки". За полесно да се преброди кризата во снабдувањето со лекови, за хронично болните од срцеви, белодробни и од други заболувања, биле порачани лекови од стариот тендер, но од второрангираните добавувачи. Во Фондот за здравство велат дека нарачките за овој месец се вршат по новиот тендер, со исклучок на препаратите за кои нема понудувачи. За овие лекови порачките се вршат по стариот тендер, како и за оние лекови за кои се уште не е завршена жалбената постапка. - За мал број лекови воопшто нема понудувачи по новиот тендер и тие ќе се набавуваат по стариот. Сите други лекови ќе се порачуваат по новиот тендер велат во Фондот. |
intel | quote:Lav се сеќавашли на овој пост на Пана напишан пред некоја година:)) p.s. se sekava li nekoj na parolata od "Gradski apteki" Skopje,"Ljubco,te sakaat gradski apteki" na eden miting vo Skopje. |
трендафил | Во времето кога наводно Војо крадеше можевте да се јавите на телефонот 3299070, на кој можеше да се праша во која аптека го има некој лек (доколку го нема по сите), истиот да се резервира или по желба да се префрли следниот ден во аптека што му одговара на болниот. По доаѓањето на оваа власт на телефонот се добива порака: „Телефонот е времено исклучен“. Добро не се слуша дека исклучувањето е за два месеца, колку што чекаме на враќање на уставното име во ОН. Проблемот не е во веледрогериите, туку до Фондот што не им ги има платено претходните испораки во рок многу подолг од законскиот за плаѓање на фактури (14 дена). Што прават во фондот сега, не би можел да кажам. Дали крадат или ги губат на некој друг начин парите, не знам. Ако тоа се случеше еден месец, можеби и ќе им простев на тие што ги губат моите пари без да го направат тоа што ми треба на мене и на другите Македонци. Но не е така само со лековите, туку со се` со што управуваат АлиБучковистите. |
lav | quote:Јас само споредувам , дека сега е во секој поглед ПОЛОШО од преходниот период , и искрено посакувам овие денешниве што побрзо да бидат заменети со ПОСПОСОБНИ од нивните предходници. Не сум идел по митинзи освен што ги гледав на ТВ (нашминкани ...нели) |
intel | quote:1.Кој Војо? овој што треба да лежи робија? Што и викаше на Шуклева дека ќе ја спакува во црна вреќа ако не потпише фактура за набавка на пиџами од 30000 ден и глувци за компјутер од 45000 ден.Тоа е оној Војо на кого најберојатно мислеше Љубчо кога зборуваше на кампањите за избор на градоначалници дека кога они биле на власт КРАДЕЛЕ АМА ИМАЛО ЗА СИТЕ.Па затоа бе Трендафиле имало броеви и разни тракатанци да се покрие нешто што не се покрива. 2.Која е разликата помеѓу АЛиБучковистите и АрбенЉубчовистите-најпатриоти ем најмакедонци??? |
трендафил | Се согласувам дека лековите треба да ги има секогаш во секоја аптека. Телефон би бил потребем само во случај на епидемија од некоја болест и само за лековите кои се употребуваат за таа болест. Но подобро е ако лекот го има во некои аптеки и за тоа пациентот да биде информиран, отколку да го нема во ниту една. Кога се однесува до крадењето, за мене е се` едно дали некој ќе си ги присвои за себе парите наменети за лекови со кражба или за тоа ќе си донесе закон во парламентот, па тоа присвојување ќе биде легално. Поважно ми е колку останува за мене. Не значи дека ако СДСМ успее судството и обвинителството кои се под негова контрола во иднина само да си одредува кој ќе влезе во клубот, па САМО поради тоа тие што сега успеваат да обезбедат помалку лекови отколку тие пред нив што краделе да не бидат осудени, дека се е законски. Директорот на фондот за здравство на почеток на месецот рече дека лекови ќе има од 15-ти. Денес е 28-ми, состојбата е иста. Пановски, да бидам искрен, не рече од кој 15-ти ќе има лекови. Да не мислеше од 15 септември, на 3 годишнината откако народот ја предаде власта во рацете на АБ коалицијата (на почеток Али и Бранко кој сега е заменет со Бучко). На прашањето под 2. Сигурно е дека има разлика. Јас мислам дека е сега полошо. Велат дека во СДСМ има т.н. бугарски телефон (без микрофон, само со слушалка) поврзан со ДУИ во Мала Речица. Има ли вистина во тоа? |