TO BE ..or NOT to BE question is now ?
TO BE ..or NOT to BE question is now ?
lav Дали Хамлетовската „дилема„ погоре посочена од мене....сепак ја „гризе„ и дел од коалицијата на власт , односно Македонците (кои патем кажано веќе и немаат своја резервна татковина за разлика од нејзиниот друг ...мислам качачки дел) кога на најверојано прикажаниот и најексплицитниот предизвик од подивеното малцинство во Скопската околија ....ги презело мерките како се подоле опишани во печатот...или е пак нешто соосема друго во прашање , а кое само времето (можеби) ќе (ни) го докрај одгатне ?

групата на агим красниЌи добива засилување
Косовци на готовс во Кондово
Со триесетчлената косовска група бил и неодамна избеганиот затвореник Рамадан Шити, тврдат безбедносните извори

Две неуниформирани вооружени групи од Косово деновиве пристигнале во реонот на скопските села Кондово и Радуша, дознава "Дневник" од безбедносни извори. Едната се стационирала во Кондово, каде што и се приклучила на групата на Агим Красниќи, а другата во напуштена рударска јама во близина на селото Радуша.

Триесетчлената косовска група што била во Кондово ја водел извесен командант Фадил, а меѓу нив бил и неодамна избеганиот затвореник Рамадан Шити.

Групата на Красниќи и Косовците поседувале поголемо количество оружје. Тие покрај стандардното пешадиско вооружување - пиштоли, автоматски пушки, снајпери - имале и рачни ракетни фрлачи, бомби и митралез "гулинов" од руско потекло во калибар од 14.5 мм. Ваков тип митралез имала и ОНА за време на воениот конфликт во 2001 година, но не било регистрирано дека е вратено за време на кампањата за разоружување "неопходна жетва".

Агим Красниќи јавно призна дека неговата група има и може во секој момент да набави ново оружје. Тој исто така потврди дека има пријатели од Косово, кои во секое време му стојат на располагање.

- Имаме многу оружје и не го кријам тоа. Тоа е оружје што го имавме и порано. Со нас нема припадници на Косовскиот заштитен корпус. Има само неколку воени другари од Косово, наши соборци од 2001 година, и тие мора да ни помогнат. Сите други се од селото - рече Красниќи на неодамнешната средба со новинарите.

Втората вооружена група од Косово повеќе од една недела била сместена во напуштена рударска јама во близина селото Радуша. Со групата раководеле Косовците Сами Укшени и Емруш Суми, познат како оџата од Призрен.

Премиерот Владо Бучковски во завчерашната изјава при посетата на тетовското село Вратница потврди дека во државава има екстремистички групи, кои може да предизвикаат инциденти.

- Може да се очекува дека дел од екстремните групации од Македонија и пошироко, мислам на групациите од Косово, ќе бидат понервозни од вообичаено, бидејќи со примената на рамковниот договор се бетонира унилатералниот карактер на Македонија. Од друга страна, незадоволните на Косово проширувајќи го доменот на своето дејствување ќе се обидат да дадат поголемо значење на преговорите за идниот статус, закажани за октомври - рече македонскиот премиер Владо Бучковски.

Завчеравечер и вчера попладне кон општината Ѓорче Петров во два наврати била регистрирана колона од хермелини чија крајна дестинација засега е непозната. Присуството на борбени возила ги подгрева шпекулациите за скорашна разврска на кризата во Кондово.




Треба ли и оваа „приказна„ (впрочем како и сличните на неа) КОНЕЧНО ДА ГО ВИДИ СВОЈОТ ЗАВРШЕТОК односно РАЗРЕШНИЦА .....намерно не велам и крај????!.