Неконтролирана поплава од верски објекти во СК !.
Неконтролирана поплава од верски објекти во СК !.
lav Ова ли е вовоед во редот кој го ветија на ЦРНИОТ 15 Септември 2002 година???.
НАЗДРАВЈЕ НИВНИ ГЛАСАЧИ...
ГЛАСАЈТЕ ГИ ПОВТОРНО и ќе имате многу вакви....


ОПШИНАРИТЕ ОД КАРПОШ КАКО ПАДНАТИ ОД МАРС
Во Тафталиџе се гради џамија на диво
Во населбата Тафталиџе 2, зад слаткарницата "Рафаело", според жителите од зградите на Партизанска, започнала на диво да се гради џамија. Од Општина Карпош, кои до вчера немаа никаков увид што се гради таму, единс



Мештаните кои живеат на крајот од населбата Тафталиџе 2, зад слаткарницата "Рафаело" започнале на диво да градат џамија. Жителите од зградите на Партизанска велат дека уште малку изградбата ќе стигне до минарето.
Од Општина Карпош немаат поим што се случува таму, ниту знаат што им се гради по населбата, ниту кој им гради. Од вработените во општината се слушаат само коментари од типот "да, таму нешто се гради" како да е тоа проблем на некој друг. Општинарите до вчера делуваа како паднати од Марс, а се разбудија по реакциите од граѓаните и медиумите. За 30 метарската дивоградба немаат ни увид дали и со какви документи располагаат мештаните.
Градоначалникот Андреј Петров изјави дека на местото каде се гради џамијата, имало мал верски објект. "Тоа е објект каде 25 години се вршат верски обреди", беше една од "поисцрпните" информации со кои располагаше градоначалникот на Карпош.
Она што е најбитно е што според урбанистичкиот план на тоа место не смее да има објект поголем од 7 метра. Градоначалникот рече дека уште денес на терен ќе излезат градежните инспектори и ќе направат увид во документацијата и состојбата на самото место.
Петров рече дека не може да знаат со какви документи располагаат градителите и кои се тие, бидејќи не знаат какви се дозволи издавал началникот во Карпош на Министерството за транспорт и врски Ниметула Халими од ДУИ, чија функција престана на 1 јули, кога и официјално започна процесот на децентрализација. Тој рече дека се уште ги немаат на увид архивите од Министерството, иако законски треба да ги преземе општината.
На терен градењето на џамијата не се гледа. Се гледаат начичкани куќарки, двометарски лимени тараби и sидови од цигли. Мештаните не кажуваат каде е џамијата, не дозволуваат ни сликање.
Ј.Ивановска


Strelec лав... за што ти е идејата да се зборува овде??? За секоја вест прочитана во медиумите, отвараш нов топик!? Топикот за поскапени тел. услуги ти го префрлив на форумот ’Општо - Miscellaneous’... Ако со секој топик имаш намера да иницираш дискусија за однесувањето на актуелната влада, сите тие ’вести’ нека бидат на еден ист топик! Ова нема никаква логика... Се градела џамија и ајде сега нов топик на ’политика’!?