Нема слобода за Бошковски и Тарчуловски
Нема слобода за Бошковски и Тарчуловски
OooOo Nemozhev da ja najdam temata za Boshkovski, pa otvoriv nova ...

Бошковски и Тарчуловски нема да се бранат од слобода

Судскиот совет на Хашкиот трибунал, денеска ги одбил барањата на македонската влада - Јохан Тарчуловски и Љубе Бошковски да се бранат од слобода.

Се уште не е познато образложението зошто советот на трибуналот донел ваква одлука. Владата пред повеќе од еден месец побара 2-цата македонски државјани, обвинети да се бранат од слобода односно да се вратат во Македонија.

Тие се обвинети за злодела против човештвото направени за време на кризата во 2001. Адвокатите на обвинетите во рок од 7 дена можат да поднесат жалба на одлуката на трибуналот. Сеуште нема коментар од адвокатите.
Thief Ама затоа потврдениот џелат Харадинај ќе се брани од слобода на Косова! И после да не верувам во заговори и во „добронамерноста“ на Меѓународната заедница? ХА!
NOV Zagovorite se "sostaven del" od igrata na nekoi od "evrejskite tribunali",sepak sledi ja logikava: -8(osum)samoubistva i duplo poveke begstva od Makedonskite zatvori,toa e "shtelovaniot" bilans vo godinava shto odminuva.Znaete li zoshto toa e "shtelovano" da bide taka?Predpostavuvate li deka nekoj ke poveruva vo "garancii" shto ke gi podnese vlada shto nema sposobnost da obezbedi garancii za nekoj "obicen" zatvorenik?Pa jas si mislam deka nema sud shto koga ke slushne deka od Makedonija begaat zatvorenici shtom sakaat i kolku sakaat,ke prifati "garancii" od nekoja "leva" ministerka koja od pozicijata samo prvata bukva i prilega (manekenka).
Jakov NOV nekade citav deka Tarcula bilo evrejski zbor koj se koristel vo domakinstovoto nesto vo taa smisla. Dali mozebi Johan ne e evrein, zasto togas go drzat seuste vo zatvor tie "evrejski" institucii???
dada Sani Хашкиот суд наведува бројни причини против привременото ослободување на обвинетите Македонци Однесувањето на Бошкоски и Тарчуловски одлучувачко за непуштањето на слобода Покрај бегството од Македонија како најчество споменуван аргумент, Судот не сака да го пушти Бошкоски во Македонија без претходна согласност и од Хрватска БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Однесувањето на Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски пред заминувањето во Хаг, способноста на македонската држава да ги контролира двајцата обвинети, но и да ги заштити сведоците и жртвите од ?случајот Љуботенни, недостатокот на писмени гаранции од Хрватска, се најважните причини што ги наведува Судскиот совет на Трибуналот во образложението на одлуката да се одбие барањето за нивно пуштање на привремена слобода. Поединечно, најголем минус за Бошкоски е бегството од Македонија, а за Тарчуловски одбивањето да соработува со хашките истражители во Македонија. Аргументите на одбраната на двајцата обвинети во огромен процент се отфрлени или анулирани од Судот со контратврдењата на Обвинителството. Тоа особено се однесува на Бошкоски. Во одговорот на двете барања за ослободување, јасно е наведено дека судењето на Бошкоски и Тарчуловски ќе започне ?најрано идната годинааи. Адвокатите на обвинетите, Драган Гоџо и Антонио Апостолски, веќе најавија дека ќе се жалат на одлуката. Имаат рок од 7 дена за да го сторат тоа, но прашање е дали Судот ќе се произнесе пред почетокот на септември годинава, бидејќи од петок започнува колективниот годишен одмор во Трибуналот. Правни експерти од земјава тврдат дека Тарчуловски има далеку пореални шанси да му биде усвоена жалбата, имајќи го предвид наведеното од Судот во образложението на одлуката. Притоа, тие потенцираат дека досега на најголемиот дел од обвинетите кои биле пуштени на привремена слобода, тоа им било овозможено по жалбените постапки. Таков е случајот и со екскосовскиот премиер Рамуш Харадинај. Министерката за правда, Мери Младеновска, вчера ја коментираше одлуката на Судот да ги отфрли гаранциите на македонската Влада. ?Право на Судот е врз основа на сите факти и докази да донесе одлука, а гаранцијата е само една околност што ја има предвид Судот. Одлуката на Судскиот совет во кој било случај не се темели само врз гаранциите што ги даваат владите, туку врз основа на доказите за секој поединечен случајји, рече министерката . Во однос на владините гаранции, Судот ја оспори контролата над територијата и можноста за заштита на жртвите и сведоците. Неуспехот на македонската Влада да го спречи бегството на Бошкоски за Судот претставува фактор што мора да се земе предвид. Прифатена е и тезата на Обвинителството дека Бошкоски и Тарчуловски уживаат поддршка меѓу ?фанатичните поддржувачи во Македонија, како и поранешните припадници на 'лавовите''и, како и кај навивачката група ?Комитиии и населението од селото Љубанци кои организирале блокади и протести во знак на поддршка за Тарчуловски. Иако е поздравена кооперативноста на македонската Влада и желбата за соработка со Трибуналот, во заклучокот се наведува дека Судот е загрижен за способноста на македонската Влада активно да ги заштити сведоците. Поединечно. Покрај бегството од Македонија како најчесто споменуван аргумент, Судот не сака да го пушти Бошкоски во Македонија без претходна согласност и од Хрватска. Недостатокот на гаранции од хрватската влада, која иако ветила и изразила подготвеност да гарантира, писмено не ги поднела, забележува Судот, е отежнувачка околност за Бошкоски, бидејќи не може да се направи процена за позицијата на официјален Загреб. Отежнувачка околност за Бошкоски е и фактот што Обвинителството презентирало документ од македонската Влада со кој се потврдува дека ексминистерот избегал од Македонија за да ги избегне кривичните обвиненија, а не затоа што му бил во опасност животот, како што тврдат тој и неговата одбрана. Соработката на Бошкоски со Трибуналот во периодот додека бил министер, според Судот, е позитивен фактор, но од минорно значење. Обвинувањата за "Раштански Лозјааи, како и тоа за "Љуботенни му даваат за право на Трибуналот да заклучи дека обвинетиот има мотив за бегство и оти тоа претставува отежнувачки фактор при процената на Судот дали тој ќе се појави на судењето. Одбивањето на Тарчуловски да разговара со истражителите на Трибуналот во предистражната постапка е земено како сериозна отежнувачка околност. Во период од две недели во текот на 2004 година, пропаднале повеќе од 20 обиди на хашките истражители да контактираат со обвинетиот. Судот како отежнувачка околност ја зема и информацијата дека Тарчуловски ?ја продал својата СИМ-картичка од мобилниот телефон, иако знаел дека ќе го бараат на распит од Обвинителствотоои. Отфрлени се и личните гаранции и изјавите на Тарчуловски во врска со појавувањето на судењето и влијанието врз сведоците и жртвите. Судот ја прогласи за небитна информацијата дека Тарчуловски во меѓувреме ги продал четирите возила и трите мотоцикли кои биле во негова сопственост. Обвинителството го сметаше тоа за отежнувачка околност, а одбраната соопшти дека возилата веќе не се во негов посед. Неколку здруженија на граѓани и политички партии во Македонија реагираа на одлуката на Хашкиот суд.
zlotty_co_380 mmmmmmmmm vidis zatoa denes puka sonce nadvor
NOV
quote:
Originally posted by Jakov
NOV nekade citav deka Tarcula bilo evrejski zbor koj se koristel vo domakinstovoto nesto vo taa smisla. Dali mozebi Johan ne e evrein, zasto togas go drzat seuste vo zatvor tie "evrejski" institucii???
Mozebi da e taka,no kazi dali si cital neshto za Solomon Pasi,predsedatel na OSCE ili OBSE kako shto go vikavme nie,porano beshe minister za nadvoreshni raboti na Bugarija,toj "uspeshno" ja vnese vo NATO.slusham Bugarite mu podnele "krivicna" za shpijunaza vo korist na Izrael.Toa e onoj shto se "klaftea" so Bucko koga ovoj beshe minister za odbrana.
трендафил Македонската држава и сеуште не ја има повлечено меѓународната потерница по Љубе Бошковски за Раштански Лозја. Јохан пак беше уапсен без да му се даде шанса сам да се предаде (што Харадинај го направи). Агим Красниќи во Кондово неспособната македонска власт не може да го уапси повеќе од една година. Државата не сака да ги превземе обвиненијата од трибуналот, односно да ги гони воените злосторници што се на високи позиции во власта (од УЧК, сега ДУИ), а нормално е да се очекува дека за една година може да дојде друга власт што нема да биде непријателска кон Бошковски и Тарчуловски. Треба ли да се наведуваат уште примери за Ахмето-Бучковистите? П.С.: За да имаат доверба меѓународните институции во нашата држава, треба барем да глумиме држава. Мислам и на власта, но и на народот, без разлика дали активно (со гласање) или премолчано (на пример со неизлегување на референдум и на протести) ја подржува.
dejan Државата не сака да ги превземе обвиненијата од трибуналот, односно да ги гони воените злосторници што се на високи позиции во власта (од УЧК, сега ДУИ) pa za toa SDS gi stava na ministerski funkcii, na neznam kakvi visoki pozicii....ne bi bilo cudno krasniki da stane gradonacalnik na aracinovo.
lav
quote:
Originally posted by dejan
Државата не сака да ги превземе обвиненијата од трибуналот, односно да ги гони воените злосторници што се на високи позиции во власта (од УЧК, сега ДУИ) pa za toa SDS gi stava na ministerski funkcii, na neznam kakvi visoki pozicii....ne bi bilo cudno krasniki da stane gradonacalnik na aracinovo.
Море може да стане и заменик-градоначелник на Скопје...како што тргнала работата (надолу) од актуелниве и уште троа време властодржачи. А после ЌЕ ВИДИМЕ ,....што си вели комшијата наш Стојко.
Strelec
quote:
Originally posted by Jakov
Denes na vesti kazaa eden od tipovite koj sobiral dobrovolen prilog za brat ljube vo hag, proneveril 100 000 dolari i sega drugite ke go gonat za toa. po se izgleda se revoltirani i se osekaat izigrani sto ne im teknalo nim prvo da ja napravat istata rabota.
quote:
Originally posted by SLaCk
Od kaj ti e ovaa vest ziti se. A i sto se sekiras ti sigurno ne si dal ni denar.
КОЈ ЈА "ЛАПНА" ПОМОШТА ЗА БОШКОВСКИ И ТАРЧУЛОВСКИ Јаковлевски: Пари не сум видел "На нашата сметка нема пристигнато ниту долар од парите што ги најавија иселениците од Австралија", вели Мане Јаковлески, претседател на Здружението за помош на Љубе Бошкоски. Дел од иселениците завчера се пожалија дека околу 100.000 австралиски долари, кои што ги донирале за помош на Љубе и Јохан ги нема. Јаковлески тврди дека "извесниот" Никола, кој иселениците го посочуваат како човек кој ги зел парите во името на здружението, не е негов соработник, туку е член на патриотското здружение за Брат Љубе од Австралија. Разговарав со него неколкупати. Тој ми тврдеше дека парите се кај Виолета Бошкоска, па кај Соња Тарчуловска, на крај излезе дека парите воопшто не се пристигнати во Македонија, ниту пак на сметката на Здружението, објаснува Јаковлески. Иселениците велат дека Никола не сакал да им ги врати парите, дури и им се заканувал со ликвидација.
oximoron
quote:
Originally posted by Strelec
quote:
Originally posted by Jakov
Denes na vesti kazaa eden od tipovite koj sobiral dobrovolen prilog za brat ljube vo hag, proneveril 100 000 dolari i sega drugite ke go gonat za toa. po se izgleda se revoltirani i se osekaat izigrani sto ne im teknalo nim prvo da ja napravat istata rabota.
quote:
Originally posted by SLaCk
Od kaj ti e ovaa vest ziti se. A i sto se sekiras ti sigurno ne si dal ni denar.
КОЈ ЈА "ЛАПНА" ПОМОШТА ЗА БОШКОВСКИ И ТАРЧУЛОВСКИ Јаковлевски: Пари не сум видел "На нашата сметка нема пристигнато ниту долар од парите што ги најавија иселениците од Австралија", вели Мане Јаковлески, претседател на Здружението за помош на Љубе Бошкоски. Дел од иселениците завчера се пожалија дека околу 100.000 австралиски долари, кои што ги донирале за помош на Љубе и Јохан ги нема. Јаковлески тврди дека "извесниот" Никола, кој иселениците го посочуваат како човек кој ги зел парите во името на здружението, не е негов соработник, туку е член на патриотското здружение за Брат Љубе од Австралија. Разговарав со него неколкупати. Тој ми тврдеше дека парите се кај Виолета Бошкоска, па кај Соња Тарчуловска, на крај излезе дека парите воопшто не се пристигнати во Македонија, ниту пак на сметката на Здружението, објаснува Јаковлески. Иселениците велат дека Никола не сакал да им ги врати парите, дури и им се заканувал со ликвидација.
Пак не пишува од каде е веста?!? И точно се знаеше каква афера ке направат за собирањето на помошта,демек ете народ дава а они крадат,наравоучение : НЕ ДАВАЈ НАРОДЕ ПАРИ за Бошковски и Тарчиловски,просто нели? До кога бе,до кога???!!!???
Jakov Dodeka ne se iscistat site prevaranti i trci-lazi tipovi koi mesetarat naokolu.
SLaCk Ne znam za kogo se tie lazni vesti sto ni gi serviraat,bidejki lugeto koi se palat na vakvite informacii i ni gi plasiraat samite nemaat namera da dadat ni denar za Boskovski i Tarculovski a isto taka se protiv toa duri i drzavata da im dadela pari.Eve ja vesta od Dnevnik. Во саботата Македонското патриотско друштво "Брат Љубе Бошковски - македонски војвода" од Австралија почна кампања за собирање пари за одбраната на Бошковски и на Тарчуловски. На првиот бал во саботата биле собрани 10.000 долари. Слични манифестации ќе се одржуваат секој месец Секретарот на друштвото Јане Мавчев изјави дека е воспоставена соработка со Здружението за одбрана на Љубе Бошковски, регистрирано во земјава, чиј претседател е Мане Јаковлевски. - Заедничка цел ни е да помогнеме Бошковски и Тарчуловски да ја докажат невиноста пред Хашкиот суд и да го зачуваме угледот на Македонија. Имавме мал инцидент со човекот уфрлен во нашите редови за да не искомпромитира. Тој е исклучен - изјави Мавчев. Здружението од Австралија понудило 10 милиони долари гаранција пред Хашкиот суд за Бошковски да се брани од слобода. За понудата биле известени хрватскиот и македонскиот амбасадор во Австралија. Znaci izjavata na Mane Jakovlevski e izvrtena bidejki duri sega vospostavil kontakt so Makedoncite od Avstralija a i parite sto se sobiraat za Ljube Boskovski se preku graganski zdruzenija pa preku niv direktno ke se prefrlaat kaj semejstvata na Boskovski i Tarculovski. Dzabe navivate (nekoi od vas) Ljube i Johan da se branat so tretoklasni advokati i da nemaat pari za odbrana, pari ke se soberat od site vistinski Makedonci a Ljube Boskovski i Johan Tarculovski ke ja dokazat ne samo svojata nevinost tuku i vistinata za agresijata od 2001 godina!
Strelec Можно скусување на обвинението против Бошковски Обвинението против Љубе Бошковски најверојатно ќе се скуси. Хаг го прифатил приговорот на неговиот адвокат Драган Гоџо дека екс министерот не може да биде одговорен за однесувањето на цивилите и резервистите во Љуботен. Спротивно на обвинителството, Хашкиот судски совет смета дека Бошковски не може да се обвинува за малтретирањето на жители од Љуботен во затворите и во болниците. Доколку обвинителството до 5 септември не може да ја појасни неговата поврзаност со овие случувања, ќе треба да го отфрли овој дел од обвинението. Во петокот е пратена жалбата за негативната одлука, Бошковски и Тарчуловски да се бранат од слобода. Во неа адвокатите укажуваат дека досега Хаг ослободувал и за многу потешки дела, дека не ги ценел доволно државните гаранции, ниту пак семејните прилики на обвинетите. Се очекува за 3 недели Апелациониот совет да донесе позитивна или негативна одлука. Со околу 30.000 долари во одбраната на Бошковски и Тарчуловски се вклучува и иселеништвото од Австралија. „Сега моментално работиме на еден многу голем проект, каде што очекуваме можеби 300-400 илјади долари да собереме за 2-3 недели. Во дијаспората малку е тешко да го покренеме македонскиот народ на нозе“, изјави Јане Мавчев, секретар на Македонско патриотско друштво „Брат Љубе Бошковски“. А1 објави дека биле собрани и 100.000 долари, но ги присвоил извесен Никола Ставревски, член на здружението. Од таму негираат дека имало толкава сума, но признаваат дека Ставревски е исфрлен од здружението.
SLaCk Spored toa sto go slusav denes na vesti na A1 TV sudiite se zainteresirale i za osnovite za obvinenieto na Boskovski voopsto.Navodno ne bila jasna i razgranicena ulogata na policijata i na vojskata vo Ljuboten a postoele i drugi sporni prasanja(na primer za toa kolku vooruzeni civili imalo vo s.Ljuboten).Mene mi e ova malce neobicno so ogled na toa sto sudiite go prifatija obvinenieto znaci spored niv imalo osnovani somnevanja za vodenje postapka a sega ispadna deka celoto obvinenie e sporno.Neobicno no vo sekoj slucaj povolno za nasite braniteli.
Strelec Нови барања на Хаг до обвинителите на Бошковски и Тарчуловски Хашкиот суд побарал обвинението против Јохан Тарчуловски да се прецизира. Судиите го задолжиле обвинителството до почетокот на судењето да приложи докази дека имало воен конфликт во Македонија, 2001-ва. Од нив се бара да докажат дека имало војна меѓу две страни и дека бил потпишан некаков договор за престанок на војната. Тие треба да објаснат и дали акцијата во Љуботен била легална или не. Доколку обвинителите не можат да го докажат ова, нема дело. Ова задолжение доаѓа по вчерашното - обвинителите да објаснат дали и каква командна одговорност имал Бошковски врз воените резервисти, цивилите и затворските чувари. Правниците од неколку земји, кои соработуваат со Хаг како експерти и се нарекуваат пријатели на судот, сугерирале дека делото за кое се товари Бошковски и воопшто не спаѓа во командна одговорност. За нив било и чудно, што во акција како таа во Љуботен, се обвинети двајца луѓе од полицијата.