Kje se vee i Gjorchepetrovskoto Zname | |
DJ_SHEMA | Pismovo e isprateno do nekolku dnevni vesnici, pa se nadevam nekoj kje go objavi. Ќе се вее и Ѓорчепетровското знаме!!! Знаете јас веќе неколку години не сум навратил дома, назад во Ѓорче Петров, или како што некои знаат да го наречат Џорџ Сити. Имено, јас емигрирав уште пред десет години од исконската населба на градот Скопје, Ѓорче Петров. Но, да бидам прецизен и рамковно праведен мојата населба си има уставно право (а можеби и нема ама кој проверува денеска) да си биде и свој сопствен град. Е сега чим ја воспоставивме валидноста на Џорџ Сити како демократски град да бидам директен и со моето барање. Како град под нашиот рамковен свод, јас верувам дека ние Ѓорчепетровци имаме право да си го поставиме нашето малцинско знаме пред нашата почитувана општина и да се вее деноноќно. Ќе си го закачиме на една од елките што се наѓаат пред нашата општина и ќе си се развиори нашето алово знаме покрај државното. Ах да, се разбира дека ќе запазиме нашето знаме да биде горе долу на иста висина со Македонското знаме, ама знаете како е, не се закачува знаме на секоја гранка па ќе ни простите ако едното е погоре од другото. Како тоа не знаевте дека ние имаме свое знаме? Па добро, можеби Ѓорчепетровци не се така иридентирачки настроени па не сме го вееле нашето знаме по разноразни митинзи и свадби, но верувајте ви се молам дека ние си имаме свое знаме. Знамето ни ја одбележува нашата припадност кон староседелското племе Ѓорчепетруди кои се населиле во 4тиот век после Христа во месноста Састав. Познати археолошки ископини ја потврдуваат валидноста на оваа теза а меѓу кои непобитен е круцијалниот доказ кој сведочи од памтивек за нашето Ѓорчепетровско потекло, впијувањето на Треска во Вардар. И како таков архаичен и да не речам безмалце библиски народ (па сега за четири века ли ќе правиме проблем) ние Ѓорчепетровци имаме желба во оваа демократска и широкоградна држава да си ја истакнеме нашата етничка припадност. Мислам дека не бараме ништо повеќе од тоа што ни следува. А верувајте се чувствуваме рамноправни со останатите нации во оваа заедница, плаќаме данок, гласаме масовно, и носиме кубура в пазуви како и сите останати. Верувајте, Европа ќе го поздрави овој чин и ќе не доближи уште повеќе кон нашите евроатлански оркански височини. А да, да не го заборавам најважното, етнички не има скоро 72,34% Ѓорчепетровци во оваа општина. Па мили мои според рамковиот договор, сполај му, мислам дека ги исполнуваме сите минимални услови, а дури сме и мнозинство. А додуша ќе бевме и ние етнички чисти, ама имаме лица кои живеат во дивоградби па нивниот статус правно не е регулиран и мораат да се водат како вонземјани, сега за сега. Ама ете ни ветуваат на сите избори дека и тоа ќе се среди. А што ли не се среди од тогаш па сега за ова ли да се раѓа сомнеж во намерите на нашата целокупна власт. Значи, да резимирам. Според Рамковиот договор, исполнуваме мнозинство, а според законот кој нашиот претседател експресно брзо го потпиша (како ли ни е ефикасна администрацијата), имаме и уставно право да си ги вееме нашите национални Ѓорчепетровски обележја. И не плашете се, ние нема да ја брукаме државата, овие национални обележја се навезани според сите меѓународни хералдитични закони кои ние строго ги почитуваме. Однапред Благодарен |
DJ_SHEMA | krucijalno go upotrebiv samo za tebe vojkan! |
concrete | Gjorce Petrov...se sekavam deka vozot odese..odese...odese..... pred da zastane na prvata stanica Gjooooorce Peeeetrov (glas na kondukterot),koga "patuvavme" kaj baba mi vo Tetovo. Imase i crvena kapa tami so toa palkata :):):)!!!!! Tatko mi naselbata ja narekuvase podrugo,sega sum skoro duplo postar od nego vo toa vreme , pa ne se sekavam,a znam deka barem dve iminja imala pred toa. Gi znae li nekoj iminjata na toj freiburg vo freiland-ot Makedonija pred da stane Gorce Petrov??????? |
Jakov | Ејјј ги читав некаде ама сега не ми текнуваат точно како беа. Ж`стов и Андриево нешто не беа така некако? |
Strelec | Support za Gjorche Petrov!:) |
AaaAa | Od koga Gjorce stana Djorche ?:))) |
DJ_SHEMA | objaveno vo chetvrtokot vo pechatenoto izdanie. |