dada Sani |
Jas ne bev, ama procitav
Некогашните "тешки рок-бунтовници" по дефиниција - "Дип парпл", вчера, 19 јули, го почестија Скопје со свое концертно издание, според планот на својата голема светска турнеја. Одамна е констатирано дека и покрај "бунтовништвото", рокерите брзо ги прифаќаат благодатите на материјализмот, па така дружината "Дип парпл" (Јан Гилан, Дон Ејр, Јан Пејс, Роџер Гловер и Стив Морс) во Скопје долета од Солун, каде што претходната вечер имаше концерт, со својот приватен авион. На скопскиот аеродром, во 11,30 часот, беа дочекани од "Авалон продукција" и ентузијастичките фанови, како што е ред за ѕвезди од светски калибар, па макар и обележани дека одработуваат за пензионерски стаж, а во 13,30 одржаа прес-конференција во хотелот "Александар палас". Прецизни како Швајцарци, на дваесетминутната прес- конференција, кажаа дека не размислуваат за минатото, гледаат пред себе и не размислуваат за пензија. Не ги коментираат другите правци во музиката и, по 48 албуми, подготвуваат нов на кој ќе има 12 песни... Оф рекорд - муабетите за нивното гостување во Скопје се дека, всушност, сакале да бидат сместени во хотелот "Арка", во "егзотиката" на Старата чаршија, но поради подобриот пристап на "Александар палас", сепак изборот паднал на овој хотел. Неизвесно е дали по концертот веднаш заминале за Бугарија, бидејќи менаџерите на групата за цело време на престојот во Скопје се обидувале да најдат достојно сместување за триесетина луѓе од екипата на црноморскиот брег. Концертот е друга приказна, а Скопје во својата концертна историја од денеска ќе го има забележано и денот на нивното гостување.
|