Македонците глаголеле до 12 век | |
Strelec | Оригинално словенско писмо е создадено од Константин-Кирил Филозоф во втората половина на 9 век и воведено во употреба за време на Моравската мисија на словенските првоучители. Од Панонија глаголицата се проширила во Хрватска и таму се задржува во употреба дури до почетокот на 19 век. Кон крајот на 9 век, учениците на Кирил и Методиј го пренеле глаголското писмо во Бугарија и Македонија. Во Бугарија тоа мошне бргу, уште кон крајот на 9 век, било заменето со кирилицата, додека во Македонија се употребува дури до 12 век. Најстарите македонски книжевни споменици се пишувани со глаголско писмо: Асеманово евангелие, Зографско евангелие, Мариинско евангелие, Синајски псалтир, Синајски требник, Македонските глаголски листови, Охридските глаголски листови и Бојанскиот палимпсест. Одделни глаголски букви или зборови напишани со глаголица се среќаваат и во некои од најстарите македонски кирилски текстови како Македонскиот кирилски лист, Ресенскиот фрагмент од Триод, Охридски апостол, Битолски триод, Григоровичев паримејник, Шафариков триод, Орбелски триод, Аргиров триод, Болоњски псалтир, Октоихот на Конески, Битолскиот изборен октоих и др. Траги од глаголска писменост има и во староруските кирилски споменици од 11 век и подоцна. |
Jakov | Sega ke vidis koga ke dojde Homi i kompanija sto bogohulis.... |