42 години од земјотресот во Скопје | |
dejan | Скопје утре ќе ја одбележи 42-та годишнина од катастрофалниот земјотрес во кој животот го загубија 1.070 луѓе, а 3.000 беа повредени. По тој повод делегации на Град Скопје и на скопските општини ќе положат свежо цвеќе на споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година. Исто така, во соработка со Црвениот крст на Град Скопје ќе биде организирана крводарителска акција во кугланата Мусандра во ГТЦ. Катастрофалниот земјотрес почна на 26 јули 1963 година во 5:17, а помали потереси имаше до 5:43. Скопскиот земјотрес се почувствува на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот беа урнати 15.800 станови, а оштетени беа 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Од трагедијата на Скопје целиот свет беше возбуден и ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност. Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога екипи стручњаци на ОН почнаа да пристигаат во Скопје, во седиштето на меѓународната организација беше речено, Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност. На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. По четири дена, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје. На 14 октомври, по двочасовна дискусија, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје. Во Резолуцијата се изразува жалење по повод голема катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје. Во својата долга историја Скопје повеќе пати пропаѓало и одново се раѓало. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 - 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа било изградено на денешното место. И новиот град не бил поштеден од сеизмички појави. Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени. Градот вторпат бил разурнат. Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи на 26 јули 1963 година. http://a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=49251 |
sisi | Kolku za odbelezuvanje na denot pred. Sabajlevo imase zemjotres vo skopskoto epicentralno podracje so jacina od 4,nesto po merkalievata.Nazdravje! |
dejan | http://a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=49247 |
vardarce | Inaku i jas go setiv sabajlevo vo Veles me razbudi od spienje. |
SpaceLily | Jas mislam Dime da go prashate toj podetalno na sve se sekjavat bez razlika sho e roden 82Ta.... *a-pin-dim i skopje se sekavasheeeeeeeeeeeeeeeeeeee na dalecnata 1963(evo sam nek kazit) |
a-pin-dim | quote:Moram nekogas da sum iskreen prema tebe ali ovaa so ke ti go kazam znam deka ke se naljutish :o) Mani ti taa 1963, gledaj 2005 koga te smekav vo palnet :o). |
SpaceLily | shmekashe me da shmekashe ne mozam ne da recham be dime |
mArInCe | ahHahAHaAHaAHAaAHaaAHa kak ne sum bila vo PalNet toash kako sum prospushtila takvo nesho...:) |
a-pin-dim | quote:Ovaa go cenam sto si iskrena [^] quote:Neznam kako ne si doznala, sepak cela makedonija dozna deka sum vo Ohrid :o) |