Премиерски разговор со „болните„ умови во МК !!!. | |
lav | ПРЕМИЕРОТ НА СЕРИЈА СРЕДБИ Бучковски и Груевски ќе се разубедуваат за безбедноста Премиерот Владо Бучковски и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска ќе разговараат за безбедносната состојба во земјава и за уставните промени. Тоа е прва во серијата најавени средби што Бучковски ќе ги има со лидерите на парламентарните партии. Сите партии ја прифатиле поканата, освен ДПА. Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека на средбата ќе одат со непроменети ставови околу промените во Уставот и за безбедносната состојба. - Ние нема да ги поддржиме уставните промени бидејќи сметаме дека тоа може да се направи и со закон. Промените на Уставот значат и менување на политичкиот систем во државата. Сакаме да слушнеме што ќе објасни премиерот за безбедносната состојба - велат на ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа партија наведуваат дека Груевски на Бучковски нема да му ги открие изворите на информацијата, според која претставници на военото разузнавање преговарале со Агим Красниќи во Кондово. Груевски, велат во партијата, прво ќе почека да ги слушне информациите со кои располага Бучковски. Во ВМРО-НП потврдија дека ќе учествуваат на средбата, а тоа го потврди и лидерот на ЛП, Стојан Андов. Во ПДП изјавија дека тие ќе истапат со конкретен предлог за уставни промени. - Ние ќе побараме пропорционална застапеност во изборот на државниот совет на судиите и обвинителите, но и да се преиспита предлогот за тригодишниот мандат на судиите - изјави Абдулади Вејсели, лидер на ПДП. (Б.Ѓ.) Овие „болниве„ умови велат: ОПОЗИЦИЈАТА и отвори работа на АНКЕТНАта КОМИСИЈА ВМРО-ДПМНЕ подготви досие за зделките на Бучковски ВМРО-ДПМНЕ до собраниската акетна комисија ќе достави документи што ги потврдуваат злоупотребите и профитерството на премиерот Владо Бучковски додека бил министер за одбрана, најави вчера Александар Бичиклиски, партиски портпарол. Според него, документите се однесуваат на министерувањето на Бучковски во 2001 година, но и на 2004 година. - Сакаме прво да ги доставиме доказите до Анкетната комисија, која треба да се формира, бидејќи цениме дека таа ќе биде најнезависна. Ако има потреба, ќе ги доставиме и до МВР и до Јавното обвинителство - најави Бичиклиски. Тој рече дека штетните договори што ги потпишувал Бучковски се однесувале на набавка на оружје, резервни делови за тенкови, како и на продажба на автоматски и полуавтоматски пушки преку една прилепска фирма. Дознаваме дека станува збор за фирмата "Еурокомпозити". - Анкетната комисија е таа што ќе каже колку е тешка проневерата што ја извршил тогашниот министер за одбрана - рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Кабинетот на премиерот Бучковски вчера го повика ВМРО-ДПМНЕ што побрзо да ги достави документите до Јавното обвинителство и други надлежни органи. - Драго ни е што еднаш се одважија да изнесат документи. Помина времето на јавен линч. Надлежните органи се местото каде што работите треба да бидат расчистени. Военото профитерство и незаконските дејства мора да бидат санкционирани. Сторителите треба да бидат изведени пред лицето на правдата и казнети независно од која политичка партија е функционерот, независно дали бил министер за внатрешни работи, за одбрана, за финансии, поранешен раководител на Секторот за воено разузнавање - изјавија во кабинетот. Тие потсетуваат дека истите тие документи ВМРО-ДПМНЕ еднаш ги доставило до Јавното обвинителство преку тогашниот министер за внатрешни работи, една недела пред парламентарните избори во 2002 година. Според кабинетот на премиерот, тврдењата со кои сега мавта ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреби на службена положба биле отфрлени бидејќи немало доказ за злоупотреби. СДСМ вчера соопшти дека прифаќа да се формира анкетна комисија. Но, со оглед на досегашното лошо искуство со вакви комисии, според нив, најдобро е документите да се достават до надлежните органи. Владејачката партија го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дека "во паника подготвува сценарија за по секоја цена да дојде на власт при што ги загрозува стратегиските интереси на земјата". - Со иста реторика од 2001 година Груевски се обидува да ја дестабилизира земјата и со тоа ги повторува заложбите кои ја донесоа државата до војна и планови за поделба. Со ова се попречува акцијата на МВР за решавање на безбедносната состојба во Кондово. Безбедноста не смее да биде злоупотребена за поткусурување, само за да може ВМРО-ДПМНЕ да го подигне паднатиот рејтинг - изјави Емилијан Станковиќ од Секторот за информирање на СДСМ. СДСМ го повика Груевски да им се извини на припадниците на државните безбедносни органи кои од негова страна биле оценети како "болни умови и идиоти". - Груевски нека ги достави доказите дека Владо Бучковски стои зад бомбашките напади во Скопје и во Вратница. Во спротивно, ќе бараме да и се извинат на јавноста - рече тој. (Б.Ѓ.) А премиерот им одговара: ПРЕМИЕРОТ ОДГОВАРА Болни умови Тоа се идиотски конструкции и лаги, кои може само да ги смислат болни умови, одговорија вчера од кабинетот на премиерот Владо Бучковски на обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ - Се прашуваме која е таа голема причина за толку гласни лаги. Да не се препозна некој од ВМРО-ДПМНЕ и нивните ментори во анализите во јавноста за евентуалната замешаност на српско-грчки разузнавачи во последните настани во Република Македонија. Според кабинетот, грубите инструкции изречени од ВМРО-ДПМНЕ говорат за деструктивноста на оваа опозициска партија. - Никола Груевски додека беше министер за финансии го поддржуваше дејствувањето на припадници на Земунскиот клан во обуката на параполициски структури што дејствуваа во 2001 година во Република Македонија - истакнаа од кабинетот. |
Strelec | lav... Se konsultirav so mite kolegi za da mi objasnat tvojov topik na shto se odnesuva i nikoj pojma nema... Vchera ti otkluchiv topik za da objasnish za shto treba da govorime, no toa ne se sluchi... Ostana toa shto inicijalno go imashe najaveno, a toa beshe deka treba da se razgovara dali Makedonija e isprevrtena drzhava... Ne mora za sekoj natpis od vesnik so drugar ti трендафил da otvarate nova tema... Na toj nachin se gubi smisol, se gubi preglednost i se razvodnuvaat kvalitetnite diskusii! So takviot vash pristap, za nekolku saati topikot za ustavnoto ime na Makedonija i za vlezot na Makedonija vo EU kje otidat na 7-ma stranica, a prvite shest kje bidat prepolni so toa dali za vreme na vladeenjeto na SDSM aptekite se polni so lekovi!? I nemash poim kolku izgledash patetichno so zakanite shto mi gi upatuvash so PP deka kje si me kazhel na gazdata!:) |