Грците продаваат туѓи имоти! | |
dejan | Gadovi edni... МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД СВОИТЕ ИМОТИ ВО ГРЦИЈА Грците продаваат туѓи имоти! ШТИП.- Откако дознаа дека Македонците од Егејска Македонија ги бараат своите имоти во Грција, грчката влада побрза да ги продаде. И што е најважно, земјиштето на Македонците кои побегнаа по Граѓанската војна од 1945-49 година се продава по мошне ниски цени, и тоа на Грци. Здружението "Егеј" од Штип тврди дека продажбата на нивното земјиште во Егејска Македонија е нерегуларно и дека за тоа е информиран Судот за човекови права во Стразбур. Како што е познато, Македонците од Егејска Македонија пополнија околу пет илјади обрасци со кои бараат да им се издаде грчко државјанство. Но, засега Грците и на овие барања молчат. Инаку, Здружението "Егеј" е непријатно изненадено од инертноста на министерот за финансии на Македонија, Никола Поповски, кој не сака да издвои ни денар за нивните активности, па тие од сопствените џебови ги плаќаат сите трошоци. Поради немање пари, деновиве беше откажано и учеството на една македонска фолклорна група, која требаше да учествува на фолклорна смотра на егејскиот дел на Македонија. http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=14165 nasive na vlast se isti!! mnogu mu e gajel na nikola popovski. |