Од сите тендери течат денари за ОНА
Од сите тендери течат денари за ОНА
dejan Нема потреба да се донесе закон со кој ќе се изедначат правата на припадниците на безбедносните сили и на терористите на ОНА, бидејќи од секој тендер што ќе го добие македонска или албанска фирма се издвојува процент, кој оди во Фондот за згрижување на семејствата на паднатите борци на ОНА.

Вака Марија Којзеклиска од ВМРО-Народна реагираше на најавата на вицепремиерот Муса Џафери дека до крајот на годинава ќе се донесе закон со кој ќе се изедначи статусот на припадниците на ОНА со тој на бранителите. Џафери најави дека има политичка волја за тоа помеѓу коалициските партнери.

- Не знам дали СДСМ, ЛДП и ДУИ преговараат за таков закон, но пред еден месец Собранието одби ист таков предлог, кој го доставија пратениците на ПДП.

- Апсолутно е неприфатливо да се стави знак за равенство помеѓу припадниците на безбедносните сили и терористите, односно припадниците на ОНА. Она што можеби не сте знаеле е дека од секој тендер што ќе го добие македонска или албанска фирма одреден процент оди во Фондот за згрижување на семејствата на таканаречените борци за човекови права. Ако тендерот го добие албанска фирма, за тој фонд се издвојува околу седум проценти, процентот е понизок ако се работи за македонска фирма - вели Којзеклиска.

Според неа, тоа се прави со знаење на министрите.

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ смета дека прво треба отворено да се проговори за судирот во 2001 година.

- Треба да знаеме кој и зошто се борел. Не може да бидат ставени на исто рамниште припадниците на легалните структури на државата кои се бореа против терористичката наезда. Треба да се одговори зошто се бореа другите што ја поминаа границата, кои дојдоа од Косово и направија судир во Македонија или борците за човекови права внатре во државава - вели Бонева.

Портпаролот на СДСМ Борис Кондарко не сакаше да ја коментира најавата на вицепремиерот дека има политичка волја кај коалициските партнери да се донесе таков закон.

- Воопшто немаме намера да коментираме изјави на ДУИ. Нагласувам дека директна обврска од рамковниот договор е решавање на статусот на раселените лица и тоа прашање треба што поскоро да го затвориме - рече Кондарко.

Роза Топузовска-Каревска, генерална секретарка на ЛДП, смета дека сега не е момент коалициските партнери да го отвораат тоа прашање.

- Не сме направиле ништо со што би можеле да се пофалиме дека сме го подобриле статусот на бранителите и на нивните семејства - вели Топузовска-Каревска.

Koga SDS ne saka da pomogne na tie Makedonci koj nemozat da se vratat nazat vo svojata kukja...ili na tie roditeli, koj deteto im bil ubien vo tetovo, a ubiecot si seta slobodno.....izgleda zasluzhile ovie 'braniteli'
трендафил Најверојатно ДУИ, ЛДП и СДСМ гледаат на борците од ОНА како на борци што ги ослободиле од ВМРОвско ропство. На ослободители им се даваат и слава и пари, вклучувајќи и боречки пензии за нивните семејства.
dejan aha, da. sigurno so toa ke ni gi trujat pametot.
intel А од кога тоа се случува? -Од вчера -завчера -2001/2002 Како ви текна???
concrete Intel, si konkuriral li nekogas na nekoj tender????????
intel Да, во една компјутерска фирма им бутнав 10,000 комада ремаркирани Интел процесори:)))))))
concrete
quote:
Originally posted by intel
Да, во една компјутерска фирма им бутнав 10,000 комада ремаркирани Интел процесори:)))))))
Ostaj toa, sitno e :):)!!! Navistina ozbilno te prasuvam?????
intel Ај најозбилно, ништо крупно освен еден Кингер и Лир Џет-Ли. Ако е и ова ситно дај предлог ама на ПП те молам, да не се сетат власите мада ми се ван конкуреција.
concrete Epten sitno, nema ni 15000000$( i toa so "oprema").Prviot asalen vlav ti e X 4,16 , za drugite formalni "sovetnici" na Premierot i nekoi od VMRO-vskite(vo senka......... pod cador na plaza!!!!) da ne zborime:):):)!!!!