Илинден - “Крушево 1903“ - “АСНОМ 1944“ | |
Jakov | Крушево 1903год. 2-3 Август 1903 Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познаници од убавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убедувања, не можејќи веќе да ја трпиме тиранијата на жедните за крв и гладните за човечко месо муртати, што гледаат и нас и вас да не дотерат до нож, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлега на пуста пустиња, денеска дигнавне глава и решивне со пушка да се браниме од тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода. Вие мошне арно знаете оти ние не сме лоши и разбирате оти од мака си ја кладовме главата в торба, за да заживееме како браќа на оваа земја, ние ве имаме како свои и сакаме до крај да останиме свои. Ние не дигнавне пушка против вас - тоа би било срам за нас; ние не дигнавне пушка против мирниот, трудољубивиот и чесниот турски народ, што се прехранува, како нас со крвав пот - тој е наш брат и со него сме живеале и пак сакаме да живееме; ние не излеговме да колеме и да грабаме, да палиме и да крадеме - доста ни се зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излеговне да порисјанчуваме и да ги бесчестиме вашите мајки и сестри, жени и ќерки; треба да знаете оти вашиот имот, вашиот живот, вашата вера и вашата чест ни се толку скапи, колку што ни се скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имотот, животот, верата и честа, ние сме зеле пушка. Ние не сме муртати на својата земја, што не родила, ние не сме арамии и јанкесеџии, ами ревомуционери под клетва да умреме за правото и за слободата; ние се бунтуваме против тиранијата и против ропството: ние се бориме и ќе се бориме против муртатите, против арамиите, против зулумќарите и јанкесеџите, против насилниците на нашата чест и на нашата вера и против тие што ја користат нашата пот, и го експлоатираат нашио труд. Од нас, и од нашите села да не се плашите - никому зијан не ќе сториме. Ние не само ве имаме како свои браќа, туку и ве посакуваме како свои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царот и на царските бегови, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, што ја запалија царштината од четирите страни и што не натераа нас да дигнеме глава за право, за слобода и за човечки живот. За право, за слобода и за човечки живот ве каниме и вас да дојдете заедно да водиме борба! Елате, браќа муслимани, при нас да тргниме против вашите и наши душмани! Елате под бајракот на “Автономна Македонија”! Македонија е заедничка наша мајка и повикува за помош. Елате да ги скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме од маки и страданија, и да ги пресушиме реките од крв и солзи! Елате при нас, браќа да си ги слееме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељад и пречељад да живеат мирно, да си работат спокојно и да напредуваат!... Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути и муслимани, разбираме, вие си мислите, оти царството е ваше и оти вие не сте робје, штом на царскиот бајрак нема крст, а има ѕвезда и месечина. Оти не е така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќе разберете. Ама ако ви е намуз да дојдете при нас и да се објавите против царската тиранија, ние, вашите по татковина и по страданија браќа, нема да се докачиме и не ќа ве мразиме. Ние сами ќе се бориме и за нас и за вас, ако е потребно, до еден ќе умреме под бајракот за нашата и ваша слобода и за нашето и ваше право. “Слобода или смрт” е пишано на нашите чела и на нашиот крвав бајрак. Ние веќе го дигнавне тој бајрак и нема враќање. Ако и вие не имате како ваши браќа и ни сакате добро, ако есапите пак да живеете со нас, како што сте живеале до сега и ако сте верни и достојни синови на мајка Македонија, можете да ни поможите само со едно нешто - а тоа е голема помош. Да не се заортачите со душманите, да не дојдете со пушка против нас и да не праете зулуми по рисјанските села! Нека Господ Бог ја благослови светата борба за правото и слободата! Нека се живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синови! Ура! За “Автономна Македонија”! Претседаљтела на Републиката: Никола Карев Владата на Крушевската република: Премиер: Вангел Дину(и министер за Правда) мин. за финансии? Теохар Нетков мин. за внатрешни работи: Христо Ќуркчиев мин. за здравје: Никола Бајлу мин за храна и производство: Димитар Секулов мин. за набавки: Георги Чаче Местото на одржување на Првото заседание на АСНОМ Првиот претседател на Македонската држава На 2 август 1944 година Илинден- се свика првото историско заседание на Антифашискотo Собрание на Народното Ослободувајне на Македонија. 122 полноправни претставители синови и керки на македонскиот народ, испитаниа маките и искушениата на народната ослободителна борба, собрани на своето прво заседание во манастирот „Св. Прохор Пчински„, во присаствие на делегатите от врховниот штаб на Маршал Тито, воените сојузнички мисии и на главниот Главнијот штаб на Србија, ја изразивам суверената волја на својот народ и ги донесова следните решенија: 1. Македонија се прогласи за федерална држава во нова демократска федеративна Југославија. 2. Народното собрание се конститиира во врховно, законодателно и изполнително претставителство на македонската федерална држава. 3. Се донесе декларација со која се гарантира слободата и равноправноста на секој грагјанин и грагјанка во Макеоднија, а без разлика на вера, националност и политичка припадност, право на секој грагјанин и грагјанка над 18 години да избира и да биде избран, слобода на совеста и вероисповедението, право на безплатна просвета. 4. Се формира Президиум на АСНОМ со функции на привремено народно правителство на македонската федерална држава. 5. Македонскиот јазик се вовоедува като службен јазик. 6. Илинден 2 август се прогласува за народен и духовен празник на Македонија. 7. Се формира комисија за изпитуванје војните злодедејства, направени од окупаторите и нивните слуги. 8. Се формира комисија за изработуванје законски проекти на македонската федерална држава. 9. Се избрава 40 представители на македонскиот народ за антифашисткото вече на народното ослободувајне на Југославија и неговиот Президиум. Од овиа основни исторически решенија са удрени темелите на македонската федерална држава. Това са први плодови на твојата тригодишна народно-ослободителна борба, това са првите плодове на братството и единството со другите народи на Југославија. Овија плодове представуват остваруванје на вековните идеали на нашиот народ. |
Strelec | Krenavme vostanie protiv okupatorot na 11 oktomvri i go slavime toj datum... Steknavme nezavisnost na 8 septemvri i go slavime i toj datum... Slavime ushte mnogu drugi znachajni datumi od nashata istorija No sekako nash najznachaen datum e tokmu 2 avgust... Pa neka ni e vechen! Chestit praznik na site Makedonci, vo celiot svet! |
dada Sani | E ovoj topik mnogu mi se dopagja[^] Cestitki[:X] |
ink-patriot | I wont to ask you,why in the end of the 3 names are "v" or "ov"? What is the nationality of this people? "........ Претседаљтела на Републиката: Никола Карев Владата на Крушевската република: Премиер: Вангел Дину(и министер за Правда) мин. за финансии? Теохар Нетков мин. за внатрешни работи: Христо Ќуркчиев мин. за здравје: Никола Бајлу мин за храна и производство: Димитар Секулов мин. за набавки: Георги Чаче ...." |
dejan | They're Macedonian's ink, hope that answered you're question. |
ink-patriot | But "v"and"ov"are only in bulgarian famali.You can see that. Please show me another europs famili whith "v"and "ov" in the end. "Kolev,Kamenov,Vasilev,Indjov,Petrov,Ivanov,Jekov,Georgiev,Todorov,Kokotanekov,Mitev,Mihailov,Kostov,Mihailov,Popov....." and more another! |
Strelec | Prvo prashanje: Dali toa znachi deka polovina Rusija e naselena so Bugari? p.s. Kje sleduvaat verojatno i drugi prashanja podocna! |
mrena | Very good,Fighter,very good! Inky-boy,what a logic!N.Karev - bulgarian?Blah,blah.... So... Nikita Hrushthov - bulgarian,oh yeah,Dostoevski - ?,Crvenkovski - ? Saxkoburgotski -? Lenin,Vladimir Ilich,Мирослав Илић,Ален Исламовић/Divlje Jagode/? The name/also family name/ of the man is not important.The national sense is in the heart and soul,don't you agree?The anser,of course,is YES!Ask Vovata,if you wish. Do you ever heard about Banitsa/Vievi/ - a proud village in Eagean Macedonia - http://www.banitsa.com/families.html . The son of one of those family - Ted Nitchov,say : I am a proud macedonian!Not a bulgarian,so... any last words? PUNO........ |
concrete | I jas...neznam sto drugo da kazam : Chestit praznik Ilinden na site Makedonci i Makedonki, vo celiot svet, kaj i da se!!!! Zadutre da najdat vreme da pogledaat kon 41 50 N, 22 00 E, i da i posakaat se najdobro!!!! |
Duhot na Vovata | <<The national sense is in the heart and soul,don't you agree?>> Agree, absolutely. That's the only thing that truely matters. |
Thief | Нека ни е за многу години Илинден! Колку и лично да имам лоши спомени за овој ден, државата ни е темелена врз 2 август и тој датум треба да е еден од најсветлите во нашта историја. За многу години нека ни е! |
f9 | Na 2 AVGUST: 338 Pred Gosp.Isus Hristos Bitkata vo Heroneja 1903 Ilindenskoto Vostanie 1944 Prv.Zasedanie na ASNOM 1991 Nazevisna R. Makedonija CHESTITI PRAZNUVANJA!!! |
Tik Tak | NEKA NI E CISTIT I VECEN ILINDEN,ZA MNOGU GODINI NEKA NIE[:)] Se nerviram sto nabrgo doagja 13-ti avgust,ama toa vo druga prlika... cestito!! |
wolf_pack | Chestito 102 godini od Ilindnskoto Vostanie Makedonijo[:)] |
sisi | Da sme zivi,zdravi i vekoviti,da ne ima,da ne bide,da opstojuvame i da postoime sega i sekogas!!! Da zivee Makedonija! |
katia | со документ е обjавено востанието во Македониja и Одринско, во оригинал Браќа, Најсетне многуочекуваниот ден за пресметка со нашиот вечен душманин дојде. Крвта на на нашите невино загинати браќа од турската тиранија вика високо за одмазда. Погазената чест на нашите мајки и сестри го сака своето возобновување! Доста е толку маки, доста е толку срам! Илјада пати подобро смрт, отколку срамен и скотски живот. Определениот ден, во којшто народот од цела Македонија и Одринско ќе треба да излезе јавно со оружје в рака против душманите, е 20-ти јули. Следете ги браќа, вашите водачи тој ден и соберете се под знамето на слободата. Бидете упорни, браќа, во борбата. Нашиот спас е само со упорна и долготрајна борба. Нека Бог го благослови нашето праведно дело и денот на востанието. Долу Турција! Долу тиранот! Смрт на душманите! Да живее народот! Да живее слободата! Ура! Ве милува братски: Штабот |
DJ_SHEMA | 102-ta Годишнина на Илинден После скоро петстотини години Османлиско робство, во периодот околу 1870тата година Македонскиот народ почна активно да работи кон остварувањето на сопствената слобода. Како резултат на овие активности почна да се раѓа и националното чувство за повторно здобивање на сопствена држава – слободна Македонија за сите Македонци. Група македонски интелектуалци на чело со Гоце Делчев ја организираа дејноста на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација. Гоце, кој претставуваше татко на оваа модерна Македонската револуција ги водеше со неговата моќна визија за слобода, рамноправност и независност. Гоце Делчев, драги мои Македонци, е нашиот Џорџ Вашингтон. И се случи на еден од најголемите денови во Македонската историја. На 2ри Август илјдада деветстотини и трета, Македонскиот народ го крена Илинденското востание против Отоманската Империја. Со овие борби востаниците ослободија дел од Македската земја и ја создадоа славната Крушевска Република, прва на Балканот. Но за жал слободата не траеше долго. Засилениот турски аскер ги совлада македонските револуционери и повторно завладеа над Македонија. Стотици Македонци загиинаа за време на Илинденското Востание борејќи се за сувереност и независнот на Македонија под слоганот “Слобода или Смрт”. Мои драги Македонци, ние никогаш ни за момент не смееме да дозволиме да заборавиме за што се бореа нашите претци. Нашата земја беше грабана, парчена, малтретирана, асимилирана, силувана, тероризирана, но нашите дедовци ја кренаа високо својата глава и рекоа ДОСТА БЕШЕ! И конечно, на 8ми Септември 1991 ја добивме својата долго чекана независност. Но за жал сеуште има Македонци во Бугарија, Грција, Албанија, Србија, дури и во самата Македонија кои и ден денеска се дискриминирани и асимилирани. А имаме уште и милиони Македонци ширум светот што ја сочинуваат Македонската Дијаспора. На овој свет ден, секоја година се собираме со најблиските да ја прославиме годишнината на Илинденското Востание. Ги повикуваме сите Македонци ширум светот да не ја заборават трагедијата која го следела Македонскиот народ. Ние сепак мораме да продолжиме да се бориме за она што нашите прадедовци се бореа – слобода, рамноправност и независност. Овие славни револиционери со свои раце го сменија патот на модерната Македонската историја и наша обврска е да ги чествуваме и следиме нивните идеали . Ние НИКОГАШ, НИКОГАШ, несмеме да скршнеме од тој пат. Да ни е жива и здрава нашата драга Македонија!!! Obedinetata Makedonska Dijaspora (OMD) e me|unarodna organizacija ~ija misija e da gi zastapuva interesite i potrebite na Makedoncite i makedonskite zaednici vo svetot. So sedi{te vo Va{ington, OMD ima pretstavni{tva niz celiot svet, me|u koi i vo Wujork, Los Anxeles, Toronto, London, Kanbera, Sidnej, Melburn, Skopje, i Bitola. Kontakt: United Macedonian Diaspora P.O. Box 19028 Washington, D.C. 20036 United States Phone: (202) 294-3400 E-mail: [email protected] |
Duhot na Vovata | Cestito i od mene! http://img6.exs.cx/img6/9371/obqvqvanenavystanieto.jpg |
katia | така го славиме ние Илинден во Пиринско http://www.struma.bg/cgi-bin/index.cgi?page=home&article=0 |
Strelec | Одбележана годишнината од АСНОМ во Пелинце „Прохор Пчински“ со редовна илинденска богослужба, но без државна македонска делегација, Пелинце со говор и честитка од Премиерот, тешкото на „Мирче Ацев“ и чорба грав за граѓаните. Така беше прославена 61-та годишнина од вториот македонски Илинден - заседанието на АСНОМ. „Прохор Пчински“ поради познатите црковно-државни несогласувања остана празен, од Владата останаа на својот став - никој не отиде таму да положи цвеќе во манастирот каде се удрени темелите на современата македонска држава. Во манастирот врањскиот владика на СПЦ Пахомије со ракија ги пречека новинарите, но и со забрана да се снима внатре во црквата. Неколку километри оттаму во Пелинце се славеше. „АСНОМ е историска поврзаност на македонскиот народ, на македонска држава, но и на Македонската црква. Во АСНОМ свое место за возобновување најде и Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква“, изјави Владо Бучковски, премиер. „Таа денес се наоѓа пред нови искушенија и сите напади за оспорување на правото на автокефален статус на Македонската православна црква, продолжителка на Охридската архиепископија, се од политички и нецрковен карактер“, рече Бучковски. Според Премиерот, итаме кон Европа, со што го следиме сонот на некогашните илинденци кои имале желба за заеднички живот. „Не смее да се заборави ниту 2001 година. Тоа е периодот во кој имаше размислувања дека ќе се доживее судбината на Првиот Илинден - 10 дена Крушевска Република, 10 години самостојна Македонија“, вели Владо Бучковски. „Војната, која тогаш ни затропа на вратата, се закануваше да го урне сето она што изминатите децении генерации и генерации го градеа. Успешноста на разрешувањето на конфликтот, потпишувањето на Рамковниот договор, се уште еден доказ колку сите граѓани од Македонија несебично си ја сакаат својата држава“, додаде Бучковски. Бучковски тврди дека полека ни се средува и подобрува економијата. По неговиот говор граѓаните побрзаа да пробаат од војничкиот грав. Тоа и посетата на музејот во Пелинце им беше доволно за празникот. „Прохор Пчински“ и историјата останаа далеку, 5 километри на север. |
Inkognito | Chestito i od mene, i za mnogu godini neka ni e! |