1944-45 Vistinata objavena javno na 30 јули 2005 | |
f9 | ...Исто така е и на Второто заседание на АСНОМ кога имате две струи - тука ви е Методија Андонов-Ченто со линија која што е национална. На заседанието Ченто му се обраќа на Светозар Вукмановиќ-Темпо со зборовите: "Што барате, ја завршивте работата и можете да си одите, оставете не сами..." Но, тука има и притисоци од странските мисии кои што ја следат ситуацијата и кои не дозволуваат да се формира независна држава Македонија. Тие бараат таа да биде во рамките на Југославија. Затоа Ченто, кога дојде од Вис, кажа дека одлуките не се прифатени доброволно, туку дека тие се наметнати. Тито велеше дека македонското прашање не треба да се поставува "акционо" и дека ќе биде поставено на меѓународната конференција. Подоцна излезе дека Тито не го оствари ветувањето и тоа прашање не се постави на ниту една конференција. А Словенците и Хрватите своите прашања околу Истра и други територии си ги решија уште во текот на војната. Значи, имаше една констелација на меѓународни сили која влијаеше врз целокупната состојба. lВо што се огледуваше таа меѓународна констелација на силите која влијаеше врз македонското прашање во тој период? - Британците беа силно заинтересирани за Грција. Тие се спротивставија на формирање на една словенска федерација , а се согласуваа само со варијанта да се формира балканска федерација со балканските држави и со Грција во нејзините рамки. Формирањето словенска федерација како што ја заговараше Тито со Бугарија, беше опасност за Британците затоа што тие знаеја дека зад тоа се крие Советскиот Сојуз. Лондон се плашеше дека ако се направи јужнословенска федерација во која ќе влезат овие словенски држави дека Грција ќе остане сама и дека во неа ќе дојде комунизмот. Околу Македонија во тој период има многу игри. Британските документи се многу јасни. Черчил во писмото до Рузвелт за јужнословенската федерација и за обединета Македонија е многу дециден велејќи: "Македонија само во рамките на федеративна Југославија..., Јужнословенска федерација само со сите балкански држави..., друго не може да дозволиме". И Рузвелт после му одговара: "Го јаваме истиот коњ", односно, позицијата во однос на Македонија била заземена. Како и да било, првото заседание на АСНОМ претставува голем чин. А нам, на историчарите, политичарите од тогашната национална линија постојано ќе ни биде тема на обработка. Тогаш се удрени темелите на македонската држава. Во Президиумот на АСНОМ на чело со Ченто се поголем број луѓе од старата група на ВМРО, од ВМРО-Обединета, кои имаа идеал за држава Македонија. Тие почнаа и така да делуваат. Британските документи се многу јасни во тој поглед. Тие кажуваат дека Македонците почнаа да се одделуваат од централата во Белград. Британците реагираа дека во Македонија се случуваат настани кои одат надвор од предвидената шема и дека Македонците работат премногу самостојно и побараа Тито да реагира. Во декември месец 1944 година Михајло Апостолски бара од британските мисии да ја напуштат Македонија. Тој изјавува: "Ние се ослободивме и нема тука што да барате". Но, шефовите на британските и американските воени мисии реагираат до нивните претпоставени во Белград. Во тој момент Тито интервенира, дури вели дека "Апостолски нема никаков авторитет во Македонија и дека тоа го прави самоволно без консултации одозгора" и се создава една замрсена ситуација. Стигнува писмото од Тито дека мисиите мора да останат во Македонија и дека е решена целата работа. lКога и како се случил преломот, како се "реши целата работа"? - Тито сепак гледа дека не може да го има под контрола процесот во Македонија. Британците бараат да се преземе нешто. Во декември 1944 година е одржано Второто заседание на АСНОМ на кое од Белград доаѓаат Едвард Кардељ, Светозар Вукмановиќ-Темпо и други. Ченто поднесува извештај за работата, а по него настапува Кардељ со излагање во кое ги осудува Македонците дека сакаат да формираат сопствена држава. А Темпо, кој претходно на заседанието на АСНОМ изјавил дека "Македонците се бореле за обединета и независна Македонија и самиот видов дека три дела желбата им е Македонија да се обедини", тогаш изјави дека во Македонија постојат сепаратистички и антикомунистички елементи кои што работат против југословенска федерација и дека со тоа треба да се прекине. На заседанието само делегати од Пиринска и Егејска Македонија го спомнаа обединувањето, така што членовите на британската воена мисија беа задоволни и во своите извештаи наведуваат дека "македонското прашање не беше спомнато" и дека "можеме да бидеме задоволни, оти се е ставено под контрола". Наредната година во Белград, на седница на ЦК КПЈ е разгледувано што да се прави со македонските сепаратисти. На седницата на која присуствуваа Тито , Кардељ, Ѓилас, е донесена одлука со сите да се расчистува поединечно. И од тој момент е почнат процес на расчистување со таа групација, со Ченто, со Панко Брашнаров, Петре Пирузе - Мајски, Венко Марковски, Михајло Апостолски, Димитар Влахов..., ја знаеме нивната судбина... Od intervjuto so Todor Chepreganov direktorot na institutot za nacionalna istorija vo Dnevnik |
Strelec | Mnogu interesno! Chitajki go ova, mi se nametnaa tri prashanja... I site se usloveni so edna situacija vo koja Makedonija bi ostanala nadvor od granicite na togash novoformiranata drzhava Jugoslavija: Prashanje br. 1: Dali samostojna Makedonija kje imashe sili da i' se sprotivstavi na azhdajata narechena Sovetski Sojuz? Odnosno, dali nemashe da ne' snajde istata sudbina kako i (na primer) Bugarija? Prashanje br. 2 (poznachajno od prvoto): Dali navistina imalo realni uslovi za obedinuvanje na trite razdeleni makedonski teritorii? Zhelba ubeden sum deka kaj mnogumina imalo, no dali imalo i realni mozhnosti za takvo neshto? I prashanje br. 3 (najznachajno od site): Dali pri toa raschistuvanje togash (i meshanjeto na megjunarodnite sili) postoela opasnost da go izgubime i ova shto sega go imame? |
mrena | Сепак,Тито претставува и човек кој направил добрина за луѓето во Македонија.Многу граѓани јавно изјавуват дека Македонија треба да се врати на Титовиот пат, зашто тогаш поубаво се живееше отколку сега. http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=20457 http://www.vest.com.mk/default.asp?id=71405&idg=4&idb=1042&rubrika=Makedonija |
f9 | Veruvam deka vlijanieto na Komunistite vo NOB e preterano vo sluchajot so Makedonija.Dovolno e da se vidi sostavot na prvata vlada ili pratenicite na Asnom pa da se zakluchi deka e vo prashanje Nacionalno-osloboditelno dvizhenje vo koe uchestvuvale od site delovi na naselenieto.Od 1948 godina drastichno se menuva oficijalnoto tolkuvanje za karakterot na NOB.Makedonija so izlez na more bi bila najvazhen geostrateshki chinitel na Balkanot.Interesno e da se napomene deka vo ovoj del na evropa najgolemi interesi imala Britanskata vlada koja gi kontrolirala site predvoeni balkanski kralstva.Ako i neshto promena vtorata sv vojna na Balkanot toa gi ukina bash tie kralstva i Britanskoto vlijanie vrz Balkanskite drzhavi.Malku e poznato i deka i Grcite i Grcija go odbivale takviot polukolonijalen status se do krajot na 2 sv.vojna koga Anglichanite se iskrcuvaat vo Atina ja napagaat Grcija i voveduvaat poltronska vlada so pomosh na Grchkite fashisti koj do togash bile na strana na Hitler.Vo istorijata na Balkanot jasno e deka vlijanieto na strateshkite sili dovelo i doveduva do chovechki katastrofi. Obedinuvanjeto na Makedonija BILO SPRECHENO od strana na Anglichanite so voena intervencija.Ne samo deka bilo mozhno tuku i bilo realno.Protiv-tezha na Angliskoto vlijanie trebalo da bidat Ruskoto vlijanie preku Jugoslavija Bugarija i Albanija.Toa izostanalo zaradi dogovorot za Trst na Tito i zapadnoto priznavanje na Jugoslavija po shto sledi informbiroto i sreknata nova 49 ta na Goli otok kade se isprakaat site onie koj shto bile za "Stalin(Samostojna Makedonija)".Na prashanjeto dali bi go izgubile i toa-bi trebalo da se zaprashame od kogo.Vo toa vreme vo Makedonija Albanskiot problem beshe minimalen-toj se pojavuva mnogu podocna kako realna zakana.Od strana na Jug duri vo 1949 godina doaga do taktichko priblizhuvanje so element koj bi ja zagrozil teritorijata na R Makedonija.Situacijata vo Bugarija beshe do toj stepen dovedena da Dimitrov nemashe efektivna kontrola vo Pirinska Makedonija.Na sever Srbija site sili i mozhnosti gi imashe onamu kade shto i bea nejzinite realni interesi-isti kako i denes.Bosna , Panonija i Kninska kraina.Realno edinstven nachin kako da se konzervira Makedonskiot zhar bil niz partisko-policiski sistem. |
Duhot na Vovata | mrena: <<Многу граѓани јавно изјавуват дека Македонија треба да се врати на Титовиот пат, зашто тогаш поубаво се живееше отколку сега.>> Sega si sosema jasen... |
Duhot na Vovata | F9: <<ituacijata vo Bugarija beshe do toj stepen dovedena da Dimitrov nemashe efektivna kontrola vo Pirinska Makedonija.>> Tuka moze li da pojasnis odkade go imas toj svedok? Ne sovpada so toa sto zma jaz. Ne kazam koj prav, ama imame kontroverznost vo taa poenta. Inako sto pisuvas e vrlo interesno i mnogo naucuvam. |
concrete | Site slicnosti se samo slucajni!!!!! Britanija so svojot vecen pottrcko USA i drugite MZ dilberi od zapad i istok, nemaat nikakva vrska so slucuvanjata, iminjata i sostojbite vo preostanatoto parce Makedonija, mnogi "inovativno" nareceno FYROM.....steta sto mnogu malku poedinci imaat integralna pretstava za rabotite so Makedonija (Makedonckite raboti), pricinite, pa od tamu i posledicite. Uste pogolema steta e sto taa prikazna nema da bide nikogas raskazana...ili ke bide togas koga nikomu nema da mu bide gajle......kako i za mnogu drugi prikazni po svetot i niz istorijata....iako za volja na vistinata dali ima poveke od nekolku od takov mastab !!!! Jas mozam samo da kazam: blazeni se tie sto neznaat....i zatoa gi razbiram site onie "tupadzii" koi ni objasnuvaat deka ne postoime, deka sme nesto drugo....tie zaslepeni od prasinata koja ja goltaat edvaj gi naziraat drvata, kako moze da se ocekuva da ja gledaat sumata, a za planinata da ja vidat, ic da ne zboruvame..... |
Pina | quote:1. Nemashe shto Makedonija da i se sprotivstavuva na "azhdajata" SSSR. Ako zboruvame za nezavisna Makedonija vo Istochniot blok, ne kako nekakva republika ili avtonomija na Bugarija, po padot na Berlinskiot dzid ke go nemashe FYROM, prashanje e dali ke imashe problem so imeto. Prashanje e dali ke se slucheshe "Albanskoto vostanie". Azimi ke beshe Azimov/ski, Redzhepi-Redzhepovski itn... Makedonija ke imashe mnogu porazviena infrastruktura, industrija, za smetka na nekoi gragjanski slobodi na primer patuvanje vo stranstvo. E sht tolku losha sudbuna ja snajde Bugarija? 2. Realni mozhnosti za takvo neshto nemashe. Trebashe da se sluchat drastichni menuvanja na drzhavnite granici na Balkanot, ke se otvoreshe Pandorina kutija, koja li po red Balkanska Vojna ke beshe? 3. Mozheshe da se izgubi mnogu poveke od ova shto sega go imame. |
mrena | Duhot na Vovata : "Sega si sosema jasen...".Која случајност Vova да ово знаш?.Одакле само излазиш,из ког то мрака? Комунизам,фашизам,а? |
vancevtodor | Duhot na Vovata pishuva:
quote:jas" nepovikan" se vklucuvam vo diskusijata, no mislam deka ovaa sto ke go napisam ke "pomogne":telegrama upatena od G.Dimitrov do J.B .Tito od 28.10.1944 vo koja veli"Najubavo Ve molam da im objasnite na makedonskite drugari deka sega ne treba da go postavuvaat prakticnoto prisoedinuvanje na Bugarska Makedonija.Prisoedinuvanjeto treba da proizleze vrz osnovana predhoden razgovor medju Jugoslavija i Bugarija,koga ke bidat odreduvani novite granici medju niv". Ako Dimitrov imal"kontrola" zosto pracal telegrama do Tito i baral toj da im objasni na "makedonskite drugari".....????? No Vova nesto shto mozebi ushte povece ke ti gi "razbistri"kontraverzite,dva nastani ;prviot,utreshniot den pred 64 godini mesto na slucuvanje Skopje ,Bitola,Strumica a e vo direktna vrska so 20 avgust 1941g i Skopje i vtoriot 27.06.1941g vo blizina na Dobranishte Razloshko,se spomenuva "nekoj" si Ivan Kozarov pobaraj vo vasite arhivi.......pa da prodolzime so diskusijata |
Duhot na Vovata | <<telegrama upatena od G.Dimitrov do J.B .Tito od 28.10.1944>> Toa e pomalku od eden mesec po 9.IX.1944 – denot na "svobodata" na komunistichka Bugarija (vo sustina denot na zarobuvaneto od SSSR). Na taa data seushte Dimitrov ne e na vlast, toku na vlast e koalicionen kabinet na Otecestveniot Front nacelo so Kimon Georgiev. Bugaria uste dve godini po toa ke bide seuste monarhija. "Referendumot" za republika se udrzuva vo 1946 godina. Na bazata na ovie fakti kakva tezina ima telegramata na G. Dimitrov? Da ti pomognam: Vo ovoj period seuste G. Dimitrov e sekretar na Komonterna. Tito seuste nema i pojma deka ke bide nezavisen socialiam. Ti sam si izjasni taa telegrama od kogo do kogo e pratena (ne licnosti, toku institucii) i sto se krie zad ljubezniot ton... Taka, po pricina G. Dimitrov vo ovoj period da e nikakov vo Bugarija od nego ne se i ocekuva da ima kakva sto drzavna kontrola vo Pirina. Negovata kontrola e bila mnogu povisoka. I ne zaboravaj, deka Dimitrov go povikaa na "lekuvane" vo SSSR (da go lekuvat od ideite za Balkanska federacija). Izlecia go i ni go vratia gotov za dermoplastika... A moeto prasanje ne e za 1944, toku za "Od strana na Jug duri vo 1949 godina doaga do taktichko priblizhuvanje so element koj bi ja zagrozil teritorijata na R Makedonija.Situacijata vo Bugarija beshe do toj stepen dovedena da Dimitrov nemashe efektivna kontrola vo Pirinska Makedonija." Razbra sega? 1944 ne e 1949. Bas vo ovoj period - razlika od nebo do zemja. |
Duhot na Vovata | Greshka. "pomalku od eden mesec" da se cita "malku poveke od mesec". I da dodadam. Goga e pishana taa telegrama -28.10.1944, Bugarija e oficialno vo vojna so Germanija, bugarskata vojska nastapuva napred niz cela Yugoslavija, i e zaedno so 3ti Ukrainski front na Crvenata Armija vtorata organizirana voena sila na teatarot na nastanite. Niz cela Bugarija ima sovetski voeni sili. Na ovoj fon, za kakva lipsa na kontrola vrz koja cast od Balkanot moze voopsto da stanuva zbor. So taa telegrama, preku Dimitrov, Moskva kazuva na Tito (zapoveda mu): "Ne pravi brzi raboti, ima programa, za seto e pomisleno, ne ni trebaat "do it yoursef" amaterstini." Toa e toa. Nikoj e nemal "cristal ball" da vidi kako ke se razvijat nastanite. Mnogu Bugari se ocekuvali Anglija da natisne Rusite da go krenat dzidot na Dunav. |
DJ_SHEMA | quote:2. Togash mozele da se otvorat tie prashanja i Makedonija da se soedini. Pratichno po zavrshuvanjeto na vtorata svetska vojna i se prepishuvaa granicite taka da mozeshe da dojde do obedineta Makedonija. No site zname zoshto nashite dedovvi ne otidoa na SOlunskiot front. |
Pina | quote:Kolku shto znam na Balkanot ridest, drzhavnite granici ne se promenija kojznae kolku. Kralstvoto SHS se promeni fo federacija na 5 narodi. Imashe neshto malku promeni kaj Istra, Trst. A ovde dolu kaj nas nemashe nekoi promeni. Koga veke zboruvame za Makedonija, vo sosednite Bugarija i Grcija nemashe nekoe dvizhenje/borba za Makedonija. Ako nastanite shto se sluchuvaa vo Grcija 1947-49 se sluchea 3-4 godini porano, mozhebi Lerin ke beshe Makedonski grad, a nema da preteram i ako go spomnam Kostur kako najmakedonski grad vo Egejskiot del. Grcite toa dobro go znaat. |
f9 | Dve vazhni raboti. I pokraj odlukata na kominternata da sekoj se bori vo granicite na drzhavite kade se,nie go imavme Bogomilskiot pohod niz cela teritorija na Makedonija.Vo delegatite na Asnom 1944 se Makedonci od site tri delovi na Makedonija. |
Duhot na Vovata | Drzavnite granici, ne samo na Balkanot, toku i niz cela Evropa bea nacrtani, mnogu porano od krajot na vojnata vo Jalta i Teheran. Na ist princip na koj golemite sili sekogas crtale granici: do tuka - na tebe, do tamo - na mene, bez nikakva (ili skoro nikakva) misla na nekakvi si tamu "narodi" i nivnite "zelbi". Razdelija Germanija za celi 45 godini - toa mora da vi izjasni kolku nekakvo "podigane na prashanija" od nekakvi obsolete balkanci ke im natezea na golemite... Stalin si napravi nacii kako Moldovskata i Belaruskata (razdelaj i vladej) i sekakvi misli deka nie lokalno sme imali nekakov glas ili shansa da menime koe sto se naivni. |