Отворена спомен куќата на Конески | |
Strelec | Денеска свечено е отворена спомен-куќата во прилепското село Небрегово, каде што пред 84 години е роден Блаже Конески, основоположникот на македонската лингвистика. Блаже Конески е уредник на тритомниот Речник на македонскиот јазик, автор на Граматиката на македонскиот литературен јазик, Историјата на македонскиот јазик, поет, есеист и преведувач, бил ректор на Скопскиот универзитет, член на Македонската академија на науките и уметностите и нејзин прв претседател, член и прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Почина во Скопје, на 7 декември 1993 година. Свеченоста се одржа во рамките на одбележувањето на националниот празник Илинден и на 60 години од кодификацијата на македонската азбука и правопис. |