Иселеници...
Иселеници...
dejan ...загледајте се добро во Македонија и инвестирајте

Илинденците ни оставија аманет за европска Македонија. Европска Македонија беше нивни сон што ние го преточуваме во реалност, нагласи министерката за надворешни работи, Илинка Митрева, на вчерашната 34. средба на иселениците во битолското село Трново.

- Но, да не заборавиме, Македонија им е на срце и на оние што не ни мислат добро. Тие се уште не можат да ја прифатат вековната вистина за нашиот идентитет, народ, јазик, Црква, име. За сите нив Илинден бил и ќе биде нашиот најсилен одговор. На таквите заложници на сеништата од минатото им порачувам: фатете чекор со вистината, зачекорете европски, зашто ние во Македонија незапирливо одиме напред - рече Митрева.

Таа им се заблагодари на иселениците за постојаната афирмација на Македонија во земјите во кои живеат, но и за нивниот непроценлив придонес во ширењето на вистината за Македонија.

- Ве повикувам, загледајте се добро во вашите родни краишта. Одмерете за што е умно да се нафатите, се разбира, не без интерес. Ќе направиме се да го олесниме тоа, заедно да сториме нешто добро за нашата Македонија - им порача Митрева на иселениците и нагласи дека односите со нив се и ќе бидат приоритет на оваа влада, која формира Сектор за иселеништво.

Тој треба да придонесе да се изгради активна, национална и државна стратегија за координиран настап на сите државни органи и институции, невладини организации и медиуми кон иселеништвото. Ваквата стратегија ќе ги обврзе сите надлежни органи и институции да изработат конкретни проекти и програми за што побогата соработка и комуникација со иселеништвото.

На собирот во Трново, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, г. Петар, одржа панихида за сите знајни и незнајни јунаци и борци за Македонија, а беше приредена и богата културно-уметничка програма со настапи на македонски друштва од Албанија, Бугарија и од Македонија.

http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2825&stID=60148

waa uuu za Mitreva
dejan Груевски # вети на дијаспората место во идната влада Ако по следните парламентарни избори тој ја составува новата македонска влада, во неа ќе има место за еден успешен нашинец што сега живее и работи во САД, вети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. На средбата со претставници на македонската дијаспора од Детроит, четиричлената делегација го информирала Груевски за актуелностите поврзани со иселениците во САД, а станало збор и за актуелните настани во Македонија. Се зборувало и за тоа како да му се помогне на Љубе Бошковски, кој се наоѓа во притвор под обвинение на Судот во Хаг.
concrete Dejan , aj ziti Boga ne bulazni....sega tecat drugi reki ...Makedonskite out..Albanskite in..... slusam nekoja fabrika od Dzepciste ( kaj Tetovo) Renova vo krugot na koja , ako dobro mi kazale, imalo i nekoi egsekucii ... go kupuva nekoj rudnik vo Mariovo,kade ke vraboti "lokalni" rabotnici koi na zalost se vo beliot svet...pa ke mora Albanci ...koi za 7 godini ke dobijat drzavjanstvo...a koi so svojot exponencialen prirast veke 2025 ke bidat apsolutno mnozinstvo vo Mariovo....ej vo ona Mariovo na kobajagi "itriot" Petre i Siljan strkot , koj sega leta vo belosvetskoto Macedonian Storks jato......kakvi nasi uspesni "nasinci" kakvi bakraci...ti rekov ednas vidi okolu tebe nekoja tenka kosooka i javi mi se za novite modificirani rozovi bobinki koi ke gi ima na pazarot veke od Septemvri:):):) A vo Tetovo veke raboti vtora takva fabrika koja duri i se konkurira so prethodnata....a NASTO se seli.......
dejan SDS se krivi za toa...kako i za mnogu drugi raboti!
concrete
quote:
Originally posted by dejan
SDS se krivi za toa...kako i za mnogu drugi raboti!
Ne mlado momce gresis, kriv sum jas..zaedno so tatko ti i majkati i mnoooogu drugi kako nas!!!!!!