Преселба или бегство на капиталот од Европа!? | |
Strelec | Што е заедничко меѓу производителот на Барбика, Мател, на градежните материјали Катерпилар, Пепси Кола, Мекдоналдс и фармацевтската компанија Џонсон и Џонсон? Сите овие концерни повлекуваат милијарди од својот профит во странство и го вложуваат дома во САД. Оваа година американската влада во рамки на програмата за репатриација, фирмите кои го враќаат капиталот дома, ги награди со огромни даночни олеснувања. Џонсон и Џонсон беше првиот концерн кој ја прифати оваа примамлива понуда и веќе од почетокот на годинава во САД врати 11 милијарди долари заработени во странство. Водечки на сипсокот е најголемиот фармацевтски концерн во светот Пфајзер со ури 37 милијарди долари вратени во САД! Дејвид Коток, ветеран на Вол Стрит проценува дека само акционерските друштва во САД префрлуваат профит во износ од 500 милијарди долари: „Со ова доаѓаат и стотици милијарди долари од претпријатијата чиј мнозински капитал е во приватна сопственост, како на пример Карџил или Марс„ Оваа единствена акција во САД се нарекува и како мерка за создавање нови работни места. |