Пратениците како продавачи на тезги
Пратениците како продавачи на тезги
OooOo Срамно е за државата ако по завршувањето на мандатот пратениците завршуваат како продавачи на тезги по пазарите, вели Чедомир Краљевски од ВМРО-Народна

Dali chovekov e normalen i so koj pamet go kazha ova ne mi e jasno ...
Eve go ostatokot od tekstot ...

ОТКАКО ЦРВЕНКОВСКИ НЕ ГО ПОТПИША УКАЗОТ

Пратениците пак ќе гласаат за своите привилегии


Сите политички партии освен ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека треба повторно да го изгласаат законот за пратеници, откако претседателот на државата Бранко Црвенковски одби да го потпише. Во рок од 30 дена откако ќе го добијат известувањето од шефот на државата дека не го потпишува указот за негово стапување во сила, законот може да биде ставен на дневен ред на гласање во Собранието. Ако тој биде повторно изгласан, ќе стапи во сила и без потпис на Црвенковски.

Пратеникот од СДСМ Јанакие Витановски, кој е еден од предлагачите на законот, вели дека ќе следува координација меѓу пратеничките групи за тој да ја добие уште еднаш поддршката во парламентот.

- Текстот на законот не смееме да го менуваме оти тогаш тоа ќе биде нов закон а не истиот. Според расположението на пратениците, нема да биде проблематично да се обезбеди потребен број гласови за негово потврдување - изјави Витановски.

Во ВМРО-Народна велат дека ќе го поддржат законот ако пак биде ставен на гласање.

- Со законот пратениците не добиваат привилегии, туку статус и регулирање на правата и обврските и тогаш ќе имаат целосна слобода во изјаснувањето на политичките ставови. Ваков закон има во секоја демократска држава - вели Чедо Краљевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-Народна.

Тој вели дека е срамно за државата ако по завршувањето на мандатот пратениците завршуваат како продавачи на тезги по пазарите.

Координаторката на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева вели дека закон за пратеници е потребен, но е спорен делот на законот со кој на пратениците им се овозможува предвремено пензионирање.

- Потребно е да се направи анализа за ангажманот на пратениците оти тие се по цели денови во парламентот, а тие што живеат во внатрешноста на земјата дополнително губат време за патување. Но, не може пратениците да одат предвреме во пензија, а стотици стечајци на кои им недостигаат неколку години стаж, да не можат да бидат пензионирани. Тоа е причината за нашето противење на донесувањето на законот - смета Бонева.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Рафис Алити, вели дека ќе следат разговори во партијата и координација со другите партии пред да се гласа повторно за законот.
Strelec
quote:
Originally posted by OooOo
Срамно е за државата ако по завршувањето на мандатот пратениците завршуваат како продавачи на тезги по пазарите, вели Чедомир Краљевски од ВМРО-Народна Dali chovekov e normalen i so koj pamet go kazha ova ne mi e jasno ...
Sramno e za drzhavata pratenik vo parlament javno da gi potcenuva ILJADNICITE lugje niz cela drzhava shto zhiveat (t.e. prezhivuvaat) tokmu od prodavanje na pazari!
marko_polog Po sramno od pratenici sto davale naredbi da se ubivaat Makedonski Braniteli? Da napisese kako ne im e sram na sekoj eden pratenik, da se naredat eden do eden itn.. Se drugo e vo stilot na Dejan "zar e mozno ova"
zlotty_co_380 In Macedonia everything is possible.
Strelec
quote:
Originally posted by marko_polog
Da napisese kako ne im e sram na sekoj eden pratenik, da se naredat eden do eden itn..
A ti taka pishuvash? Ne sum te prochital do sega!:)